Цена нафта, цена железо, цена струја, однос долар-евро

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сум берзански експерт,но би можела да искоментирам глобални и локални состојби во сферата на металите :smir:
Во 2009 година имаше голема пад на металите на светските берзи.Најпозната и најзначајна берза за метали во светски рамки е Лондонската берза.Причината за пад е колапсот на финансикиот сектор во светски рамки.Тоа веќе е познато.Кон крајот на 2008 година започна пад на металите и феролегурите.Никелот падна од 50 000 долари за тон на 12 000 во 2009.Затоа Фени индустри,Митал Стил и Скопски легури ги затворија погоните и ги пратија на принуден одмор работниците,бидеќи цената беше пониска од суровините.Во 2009 цената на никелот падна и под 10 000 по тон,што значеше дефинитвно клуч на погоните кај нас.
Од август 2009 кога се допре дното на кризата и Америка најави заздравување,а по неа и Европските земји,започна да заздравува и берзата на металите.Така цената на никелот до крајот на 2009 год издигна до 17 000 долари по тон,што ги активираше нашите металурзи да ги отворат погоните.Моментално цената на никелот достига околу 21 000.Од прва рака информации за никелот (фени) е дека производството е во полна пареа и се вратени сите работници на рабоа.Извозот им е околу 2400 тони месечно,со најава за зголемување.Што значи оваа индустрија не се очекува да паѓа повеќе и цените на акциите би требало константно да растат,бидејќи темпото на раст е бавен (полека заздравува)
Еве и графички опис како се движат цените на никелот:


http://www.lme.com/nickel_graphs.asp

Исто ова е линк каде може да ги следите цените на сите метали,вклучувајќи го и челикот.Имате моментални и графички прикази,толку добро е издробено :)
Од овој сајт може да се прочита и сотојбата на челикот,за нашата индустрија немам информации како оди,но според овие показатели време е да се отворат погоните.

Цената на златото е во постојан пораст изминативе три години.Односно кога почна да ги снемува парите од пазарот,на ред дојде трансфер на злато.Затоа ММФ продава злато,бидејќи цената е над 1100 долари,а во 2007 за споредба беше 660.Што значи има дабл раст.Берзата на злато може да ја гледате овде,ем графички претставена,ем да не јадам брек за џабе :) (кој незнае да чита графици,нека праша слободно)
http://www.kitco.com/scripts/hist_charts/monthly_graphs.plx
Ова значи дека врвот е достигнат и се очекува да паѓа кога ќе се прикажат првите добивки во приватниот сектор.Така да ако некој има акции од фирма која се занимава со благородни метали време е да ги претвори во пари.

Нафата и како се движи таа ми е зацртано во глава дека е политичка врста и никогаш не сум можела да и најдам крај со крај.Една војна,еден напад,едно цунами или друга природна катастрофа и лета во воздух.

Доларот во однос на еврото време е да почне да расте.Мислам дека го допре дното минатата година,а ситуацијата во Грција им оди во прилог.
Односот кој го интересира на валутите може да го гледа на овој сајт:
http://www.x-rates.com/d/EUR/USD/hist2010.html
Од друга страна европската економија не е силна за да го задржи на тој курс еврото,а пазарот на девизен курс ќе почне да го притиска еврото.Шпекулативните бомби кој се пуштаат моментално,како Грција и Португалија ќе го кутнат еврото се со таа намена.Од друга страна ниту американската економија не е застаната на нозе за да доживее раст.Сеуште им заздравува финансискиот сектор,а вбризганите пари без покритие...
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар падна за 20 %.Каде е сега Регулаторната комисија за енергетика и веднаш да ги намали цените.Каде се сега лешинарите кои ги слушавне на секои 2 дена кога барелот поскапуваше.Затоа ве молам вас новинарите да инсистирате на детална спецификација за движење на цената на барелот со нашата цена на горивата.Само за споредба еве извадок од страната на регулаторна-цената на нафта на 04.01.2010 е 75,067 за барел а цена на горивото БС 95 е 64 ден...на 10.05.2010 барелот е 83,846 а цената на бензинот БС 95 е 70,5 за литар.
И неписмен може да види дека државата не цеди колку може.Сега овие лешинари ќутат па кога за 3 недели цената на барелот ке скокне на 85 ке речат..поради растот на цената од 70 на 85 горивото поскапува за ???Ние само си ќутиме како луди,а овие на власт само не лажат и крадат ,поминуваат од фотеља во фотеља, со нафтата прават како сакаат a овој народ и понатака ќути.
И стално имаат оправдување,неверојатно.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар падна за 20 %.Каде е сега Регулаторната комисија за енергетика и веднаш да ги намали цените.Каде се сега лешинарите кои ги слушавне на секои 2 дена кога барелот поскапуваше.Затоа ве молам вас новинарите да инсистирате на детална спецификација за движење на цената на барелот со нашата цена на горивата.Само за споредба еве извадок од страната на регулаторна-цената на нафта на 04.01.2010 е 75,067 за барел а цена на горивото БС 95 е 64 ден...на 10.05.2010 барелот е 83,846 а цената на бензинот БС 95 е 70,5 за литар.
И неписмен може да види дека државата не цеди колку може.Сега овие лешинари ќутат па кога за 3 недели цената на барелот ке скокне на 85 ке речат..поради растот на цената од 70 на 85 горивото поскапува за ???Ние само си ќутиме како луди,а овие на власт само не лажат и крадат ,поминуваат од фотеља во фотеља, со нафтата прават како сакаат a овој народ и понатака ќути.
И стално имаат оправдување,неверојатно.
Секој втор вторник на полноќ спрема среда (на секои 15 дена) ако е потребно се корегира цената на нафтените деривати. И не е само цената на суровата нафта пресудно во пресметката (формулата). Пример паднала цената на светските берзи за 20% ама трошоците за транспорт, акциза, рафинирањето-создавањето деривати како и влијанието на домашните даноци како ДДВ останале горе доле исти и оневозможуваат корекцијата на цената што ја објавува регулаторната комисија да биде исто така 20%.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
сакаш да кажеш...:како паѓа цената на суровата нафта, така растат трошоците за транспорт, акциза, рафинирањето-создавањето деривати како и влијанието на домашните даноци како ДДВ останале горе доле исти .........па на крај ..на пумпа ЦЕНАТА ИСТА???:)....регулаторов е како Menasco International ДА ГО ПРАЕЛ....
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
сакаш да кажеш...:како паѓа цената на суровата нафта, така растат трошоците за транспорт, акциза, рафинирањето-создавањето деривати како и влијанието на домашните даноци како ДДВ останале горе доле исти .........па на крај ..на пумпа ЦЕНАТА ИСТА???:)....регулаторов е како Menasco International ДА ГО ПРАЕЛ....
Не кажав дека растат него остануваат скоро исти (освен ако не е огромно паѓање или пораст на цената на суровата нафта) трошоците за транспорт. ПР за 10 000 литри нафта транспортни трошкови се да кажеме 15 000 ден без разлика дали е цената 70-80 или 50 долари по барел исто ти се фаќа, слицно е и со другите трошкови затоа никогаш не очекувајте дека ако цената на светските берзи по барел нафта падне дека треба за ист процент да падне и малопродажната цена на дериватите. исто така бидејќи цената се менува секојдневно е договорено еднас на две недели да се формира цената бидејќи е глупаво и нерационално секој ден на пумпа да имас различна цена, слично е и со цената на струјата и со парното. Се надевам дека сега е јасно. Поздрав


*******Сите инвестираат во злато



Инвестициите во злато годинава ќе се зголемат за 60 отсто во однос на лани

Инвестициите во злато годинава ќе се зголемат за 60 отсто во однос на претходната година, сметаат експертите од швајцарската компанија „ЛГТ капитал менаџмент“, кои прогнозираат натамошен пораст на цената на златото. Според процените на аналитичарите, цената на златото за еден месец ќе го достигне својот историски максимум кога беше 1.250 долари за една унца. Експертите очекуваат дека во наредните три месеци цената на златото ќе достигне 1.300 долари за една унца, а за една година дека ќе достигне 1.450 долари за една унца. Продажбата на златото на Меѓународниот монетарен фонд би можела да го стопира пазарот, особено во летниот период кога се намалува побарувачката на златен накит, сметаат аналитичарите. Одборот на директори на ММФ во септември минатата година одлучи да продаде 403,3 тони злато. На крајот од годината 212 тони откупија Индија, Мауританија и Шри Ланка. ММФ продава злато на отворен пазар, така што во февруари е продадено 5,6 тони, а со мартовската продажба на фондот му преостана да продаде уште 162,2 тони. Благодарение на продажбата на делот на златните резерви, нето-приходот на ММФ во минатата финансиска година, која заврши на 30 април, е зголемен на 5,7 милијарди долари од 204 милиони во претходната година. И експертите на „Голдман сакс“ проценија дека ќе има пораст на цената на златото и тоа ќе биде 1.335 долари за една унца. Аналитичарите на „Џеј Пи Морган Чејз“ најавија дека на крајот од јуни цената на златото ќе достигне 1.250 долари за една унца, а експертите на „Кредит свис груп“ сметаат дека на крајот од третиот квартал златото ќе чини меѓу 1.250 и 1.350 долари за една унца. Во трговијата на Лондонската берза, во четвртокот цената на златото во текот на денот беше 1.185 долари за една унца. На крајот од тргувањето, цената падна за 2,6 отсто, што е рекорден пад од четврти февруари. (Од агенциите)

/I]




--- надополнето ---

Би сакал повеќе да дискутираме за ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО кое руши рекорди и изнесува веќе над 1210 долари за унца па ајде да споделиме мислење за натамошниот тек на цената дали мислите дека ќе продолжи да расте или ќе падне како што паднаа акциите во 2008 год. ММФ веќе најави продажби на злато (во тони злато зборам). Дали цената на златото ќе пукне како меур од сапуница како што беше случај со цената на недвижностите на пример (со нив започна и рецесијата ако се сеќавате се започна со хипотекарната криза па финансика на крај економска-рецесија) Или злато си е злато а???? Има една многу добра американска поговорка He who has the gold make the rules
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Нафта, железо, струја ++++
Долар ---------------------------------- (близу 0)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Нафта, железо, струја ++++
Долар ---------------------------------- (близу 0)
minatata nedela amerikancite vpumpaa poveke od 600 milijardi FIKTIVNI dolari vo sistemot....treba mnogu napreden inzinjering za balonot da ne pukne.., a majkata priroda veli deka sepak mora da pukne....
grcija e sitnica so svojot dolg, prema ovoj koj e so kosmicki razmeri , ama NEVIDLIV...t.e. nikoj, sega za sega ne saka da go vidi:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да,Америка испечати пари и јавно ги вбризга во економијата.Се надевам пресметана им е борбата со инфлацијата оти ќе налета повторно ураган.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не е проблемот тоа што вбризгаја туку зошто вбризгаја. Изговорот е за да помогнат на економијата а уствари нема никаква врска. Просто нема луѓе што би и позајмиле на владата на САД и ако видите дефицитот на владата за наредните 6 месеци е баш близу 600 мил. Значи поради висока задолженост нема кредитори на чичко сем и ФЕД ги печати тие пари. Работата е што ќе се развија едно опасно сценарио: прво ќе почнат инвеститори/фондови да бегаат од обрзниците на САД, после тоа постепено ќе почнат и централните банки да се сомневаат и на крајот масовна паника со распродажба на доларот. Сценарио од 80тите.. 2/3 од вредноста да изгуби сега е благо кажано оти ситуација е далеку пострашна во однос на бројките и долгоот..

Интересно уште повеќе ... дека америка ќе има намален кредитен рејтинг облогот е 2.8$ плаќаш за да добијаш 7.2$ во случај на намалување... На Intrade.com.. јас ќе го купувам ова оти 28% дека ќе го намалат рејтингот е мн малце при толкав долг и такви off-the-charts монетарни агрегати...
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
gledame deka zlatoto cenata ke odi nagore
a zelezovo?? dali moze da se investira i vo zelezo kako vo zlato
mislite li deka cenata ke se kacuva nagore na zelezoto???
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
gledame deka zlatoto cenata ke odi nagore
a zelezovo?? dali moze da se investira i vo zelezo kako vo zlato
mislite li deka cenata ke se kacuva nagore na zelezoto???
Железо, Бакар, Злато, Грашок, Жито, пченка, нафта, коноп, челик, злато, сребро, платина итн итн сите стоки ќе растат вртоглаво на цена оти главните пазари се деноминирани во долари а долари има премногу. т.е инфлација на светско ниво ќе има, посебно кога кина ќе ја апрецира валутата (ќе почни да ја извезува инфлацијата што сега ја има- од стимулуси на бернаке).
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Крахот на еврото ќе ја загрози ЕУ

30 ноември 2010 - Грција, Ирска, Португалија, Шпанија - дали еврото ќе остане стабилно или Европската унија ќе ја загуби заедничката валута - веројатноста повторно да се вратат марката, франкот или лирата е мала, но експертите сепак се загрижени.

Враќањето на националните валути би било кобно, пред се за Германија, наведе магазинот „Шпигел“ во своето онлајн издание.

Германските марки постојат во многу голема количина и по девет години од воведувањето на еврото и тоа според проценките има 13 милијарди марки - под сламарици, по фиоки или во стари паричници.

Според испитувањето на јавното мнение, речиси половина граѓани на Германија сакаат да се врати марката. Имено, за многу Германци марката беше симбол на економска сигурност, солидарност и просперитет.

Ако еврото навистина се укине - што би се случило?

Според мислењето на Данијеле Шварцер од Фондацијата на науки и политика, можни се две сценарија.

Прва варијанта: Германија и другите стабилни земји како што се Австрија или Холандија ќе воведат „цврсто евро“. Таа идеја веќе ја спомнуваа некои германски менаџери, на пример Ханс Олаф Хенкел.

Според негово мислење, треба да се формираат два „евро-блока“ - северен кој не знае за инфлација и кој навикнал на буџетска дисциплина и „јужен блок“ кој ако сака може да го девалвира своето евро.

Втора варијанта: Германија навистина ја воведува марката. Во Европа повеќе нема заедничка валута и секоја земја може повторно да води монетарна политика како сака. Но, дали тоа навистина е пожелно?

Подготовките за воведување на нови валути би биле долготрајни и скапи. Би било потребно да се испечати голема количина на нови пари и да се исковаат нови монети, замената би била проследена со големи логистички проблеми.

Сето тоа беше случај и при воведувањето на еврото, но подготовките траеја три години - во случај на крах на еврото не би имало толкаво време на располагање, истакна „Шпигел“, а пренесе германското државно радио „Дојче веле“.

Економските последици би биле катастрофални, предупредува економистот Петер Бофингер. Пред се би бил загрозен извозот - за инвеститорите марката би била сигурна, што би довело до раст на нејзината вредност, а тоа германската стока во светот ќе ја направи исклучително скапа.

Доколку дојде до значителен пад на извозот би бил неизбежен и значителен раст на невработеноста во земјата.

Поразот на еврото би било победа на доларот - доларот ќе стане незаменлива валута во сите меѓународни зделки. Европа би загубила влијание во споредба со Кина и САД. Освен тоа, може да дојде до тензии меѓу членките на евро зоната, така во крајна линија би била загрозена ЕУ.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема шанси за ваков крах,освен ако не смислиле самоубиство на цела Европа.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Нема шанси за ваков крах,освен ако не смислиле самоубиство на цела Европа.
Ја незнам зошто уопште се имаат изглупирано со воведување на заедничка валута...па нели почетната цел на ЕУ беше безцаринска трговска размена...или апетитите им пораснаа па мораа да си го задоволоат и тоа перверзно чуство-контролирање на заедничка валута??!
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Нема шанси за ваков крах,освен ако не смислиле самоубиство на цела Европа.
Шанси ? Тоа се мери...
И претходно спомнаа кои се шансите еврото да се распадни или една држава да го напушти?
Договори за било која држава да го напушти еврото на intrade.com се тргуваат за 20%-11,30%-12,40%-14

Значи 40% шанса дека барем една држава ќе го напушти еврото до 2014.
Ова кажува лошо за иднинанта на еврото..
Ако до вчера златото беше 1300 долари за унца денес е 1000 евра а златанта треска зема се поголем замав..

Ова е практично крајот на фиат валутите и безмислениот систем на конкуретни девалуации.

Германците разбираат што е инфлација и ќе имаат стабилна валута - што ќе се случи со еврото не знајме.
1. Нема решение на Ирска
- Ирска има огормен долг од пропаднатите банки - т.е од социјализацијата на кредитот. Пакетот од 85 мил. евра не само што не е доволен туку не менува ништо суштинско - каматата е само малку пониска, рочноста малку повисока - теретот за секој Ирец и фактот дека размерот на долгот го прави неотплатлив нема да го решат проблемот туку само ќе го одложат. Целата работа е што сите прететрувања за врмее на порастот на кредитот што се напраени сега мора да се ликивидираат. Ама можиш да го претопкуваш лошиот долг од агенција на агенција ама лошиот долг секогаш ќе биде ликвидиран. Во друга смисла ако го префрлиш лошиот долг на владата ќе и ја скршиш кичмата на владата. Трендот е јасен за еврото. Наредна е Шпанија каде што разликата во принос на обврзниците веќе се зголемува во однос на Германија. Значи short selling на обврзниците ќе продолжи накај Италија и натака. Еврото ќе паѓа како што впрочем ќе паѓа скоро секоја валута.
2. Шпанија, Протугалија, и Италија се печени
Тука има една мала финеса- доларот е на многу пострмна патека за надолу.Ако доларот почне за скоро да паѓа побрзо од еврото - во една смисла можеме да очекуваме еврото да зајакни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom