Цена за полагање А категорија?

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од BackY, 6 март 2018.

  1. BackY

    BackY

    Член од:
    7 октомври 2010
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки,

    Би сакал да ве прашам колку би ми коштало комплетно полагање на возачка категорија А?
    За сега имам само Б, ако тоа има некоја улога.
     
  2. wiksa

    wiksa

    Член од:
    11 април 2012
    Мислења:
    2.422
    Допаѓања:
    2.236
    Prvo moras da imas 24 godini za da zemes cela A kategorija, inace ke moras da zimas nekoja od podkategoriite. Jas polagav vo oktomvri za A kategorija i celo polaganje me fati nekade okolu 18000 denari. Mislam deka bese 15000 denari casovi + 1200 lekarsko + 2300 poligon i gradska
    Jas polagav vo Shkorpion i sum dosta zadovolen od pristapot nivni i obukata sto ja dobiv. Samo da znaes za polaganje na A kategorija moras da vozis i da polagas so motor nad 600 kubika
     
  3. Ron0n

    Ron0n The Mercedes Guy

    Член од:
    16 август 2009
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    153
    Ако ме држи добро сеќавање, некаде околу 320-330 евра излегува грубата математика. Тестови нема да полагаш, бидејќи веќе имаш Б категорија.

    А категорија можеш да полагаш со наполнети 18 години. Бидејќи веќе имаш Б - условот го исполнуваш. Во А категорија спаѓаат сите мотори над 125 кубика. Најчесто со 200 - 250 кубика ендуровци се полага по авто школите т.е некој по смирени мотори. Сигурно нема да ти дадат GSXR од 120 коња да возиш како почетник.

    Подкатегориите одат вака:
    • М поткатегорија - мотори до 50 кубика. Се зема на 14 години. Се полагаат само тестови. Ти издаваат валидна биометриска возачка дозвола, не некаква си потврда или некое безвредно ливче како што мислат многу од луѓето.
    • А1 поткатегорија - мотори до 125 кубика. Се зема на 16 години. Се полагаат тестови, полигон, градска
    • А категорија - мотори над 125 кибика. Се зема на 18 години. Се полага се комплет. Доколку возачот претходно полагал за А1 категорија, тогаш таа автоматски преминува во полна А категорија на 18 години и не е потребно никакво дополнително полагање.
     
    На Black Hok му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BackY

    BackY

    Член од:
    7 октомври 2010
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Super. Fala vi info decki.
    Kolku od prilika trae se? Od skorpion mi kazaa deka okolku 8dena od nivna strana, ali ne znam kolku se cena za termin za gradsko polaganje?
     
  5. wiksa

    wiksa

    Член од:
    11 април 2012
    Мислења:
    2.422
    Допаѓања:
    2.236
    Од минатата година има измени и како и во европските дрзави додадена е А2 категорија, така што сега се полага А1 до 125кубика, А2 до 500 кубика и А категорија над 600 кубика. Доколку сака да ја земе А категорија мора да вози часови и да полага со мотор над 600 кубика, во шкорпион ќе му дадат да вози некое сузуки 650 кубика не се секавам на моделот.
    Ако добро се секавам исто мораше да има и над 24 години ако сака да полага директно за А.
     
  6. Ron0n

    Ron0n The Mercedes Guy

    Член од:
    16 август 2009
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    153
    Пардон! Не сум добро упатен за измениве.
     
  7. BackY

    BackY

    Член од:
    7 октомври 2010
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Za godinite ne e prob. A dali ima golema razlika vozenje na nad 600, i pod? Znam malku e potesko, ali sto bi mozelo poveke detali i informacii, bi mi pomognale.
    Dali komisijata e striktna, i dali te pagaat za "gluposti"?
     
  8. wiksa

    wiksa

    Член од:
    11 април 2012
    Мислења:
    2.422
    Допаѓања:
    2.236
    Па сеа за почетници има голема разлика (а јас прв пат се качив на мотор како возач во автошкола), немав големо претходно искуство ни како патник само.
    Кажи им во шкорпион дека си почетник и немаш гајле, прво 2-3 часа ќе возиш на 250кубика мотор што после тоа значително ќе ти олесни кога ќе земеш поголем.

    А комисијата е посебна прича што не треба да те засега во моментов. И да за мотор се возат 16 мото часа или 8 дена како сакаш.
     
  9. BackY

    BackY

    Член од:
    7 октомври 2010
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Super. Kontaktirav so niv, i oni istoto mi go kazaa. Da ti kazam pravo im se plasam na komisijata malku da ne me padnat za glupost bidejki momentalno ziveam u Germanija, i imam izbrojani denovi lol... Za B kategorija nemav nikakov problem, so 0 negativno pominav.. I vozenje motor imam iskustvo 4-5godini, no ne golemi. Kako i dae, veruvam deka ke se naviknam brzo i na pogolemite.
     

Сподели преку: