Цената на среќата на Балканот – 45 илјади долари годишно

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936

Дали парите навистина можат да купат среќа? Истражувачите на универзитетот „Purdue“ во САД велат дека да. Но работите не се црно-бели. Цената на среќата е различна во цел свет и треба да се постигне рамнотежа, бидејќи преголема заработка исто така има „несакани ефекти“, пишува „ВВС Mundo“.

Во анкетата на „Gallup World Poll“, предводена од Ендрју Џеб, учествувале над 1,7 милиони лица од 164 земји. Истражувачите утврдиле дека 95.000 долари годишно е просечниот глобален приход потребен за „задоволителен живот“.

Но Џеб и неговиот тим откриле дека откако го достигне прагот на богатство, потребно за постигнување на среќа, последователното зголемување на приходите води до пониски нивоа на задоволство од животот и помалку среќа.

Научниците сметаат дека спротивниот ефект е предизвикан од одредена анксиозност во врска со социјалниот статус, кој се активира по задоволување на потребите. Тогаш луѓето можат да почнат да прават социјални споредби што ќе доведат до намалување на среќата.

„Податоците покажуваат дека постојат ограничувања за тоа колку пари влијаат врз нашата среќа. Во одреден момент луѓето се прашуваат зошто работите им излегуваат толку добро и како стојат во споредба со другите“, вели Џеб.

„Големите приходи често се придружени со повеќе барања за слободно време, висока позиција на работното место и одговорности, а тоа може да ги ограничи можностите за позитивни доживувања – на пример, рекреативни активности“, додава истражувачот.

Тимот на Универзитетот откри дека целите на „финансиската среќа“ се разликуваат во различни региони во светот. Најбогатите региони, исто така, имаат повисоки прагови. Во Западна Европа и Скандинавија, проценката на задоволителен живот бара приходи од 100.000 долари годишно, а во Северна Америка 105.000 долари.

Но највисоката „цена“ на среќата се наоѓа во Океанија (Австралија и Нов Зеланд), како и на Блискиот Исток, каде што бројките достигнуваат соодветно 125.000 и 115.000 долари.

На луѓето од Источна Европа и на Балканот им требаат 45.000 долари годишно за да бидат среќни, додека во Латинска Америка и Карибите, задоволството од животот бара годишен приход од 35.000 долари.

Истражувачите исто така откриле дека среќата варира според образованието и полот, а глобално, идеалниот просечен приход за жените е 100.000 долари, а за мажите 90.000 долари.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Абе Штефус-Рефус само на пари мислиш ебаго ... :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397

Иам читано различни суми али во глобала се движи од 80к - 100к. Мислам дека има логика во тие истражувања.

Како и се останато во животот и парите си имаат плато каде имање повеќе не значи многу.

Мислам дека тоа важи за повеќето работи во животот. На пример една, две, три , пет па и десет коли може да ти бидат интересни ако си љубител на автомобили и може да ти причинуваат задоволство ама и за тоа си има граница така да ако имаш 20+ автомобили ниту ќе можеш ниту ќе сакаш да ги користиш сите па дури и може само стрес да ти ствараат.

П.С Доста битна работа е и како ги заработуваш тие пари. Човек што заработува 50к долари со 1 ден во неделата е далеку побогат од некој што заработува 150к ама работи 12+ часа седум дена во неделата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Абе Штефус-Рефус само на пари мислиш ебаго ... :)
Не дека ми значат парите...забавно ми е, навлечен сум. Инаку сум пропилично скромна фаца ако ме започнаеш...
 
16 април 2014
Мислења
7.069
Поени од реакции
11.046
Реално во државава со 45 000$ годишно се живее ЦАРСКИ,а не задоволително.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Ова со перцепцијата за кои примања те прават средна или богата класа е малце дискутабилно. Бидејќи не е исто ако се перцепираш само како индвидуа со примања од преку 60 илјади или ако четиричлено семејство има вкупни примања преку 60 илјади.
 
Анкета е...според мене не постојат класи. И не се идентификувам со ниедна. Мислам дека е измислена игра и политичка пропаганда.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Анкета е...според мене не постојат класи. И не се идентификувам со ниедна. Мислам дека е измислена игра и политичка пропаганда.
Знам дека е анкета, ама пак не кажано кога е правена анкетата дали прашањето е, колку би требале да бидат вашите месечни примања за да сте средна класа или па колку пари му треба на едно семејство за да се смести во средна класа.

Инаку во однос на постоењто на класите делумно се сложувам со тебе, бидејќи во голема мера зависи и индивидуалната перцепција а и од навиките на луѓето. Но некои општи поимања за таа средна класа всушност се и тие истите што се спомнати во анкетата. Да имаш доволно средства за сите режиски трошоци, вклуќувајќи и храна и да ти останат пари за работи кои што не се во делот неопходни. Кога остануваат повеќе средства за тие не неопходни работи, повеќе пари се вратат во економијата. Не за џабе можеби лаички ама се смета дека земја со јака средна класа е и обично јака економија
 
Kajgana Shop

На врв Bottom