Целијакија

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Кажано со нестручни зборови, целијакијата е болест што ги прави луѓето нетолерантни на глутен. Ако некој со целијакија изеде нешто што го содржи протеинот глутен (на пример, леб), телото создава антитела кои ја напаѓаат внатрешната обвивка на тенкото црево. Проблемот е што телото мисли дека глутенот е страно тело што му штети на организмот и кога го напаѓа ги оштетува и клетките на тенкото црево. Оштетената површина на тенкото црево не може да ја дигестира храната правилно, и тоа предизвикува недостаток на енергија, витамини и минерали. Најчести симптоми се замор, анемија, дијареа, чести гасови, болки во стомакот...
За да се смират симптомите мора веднаш да се престане со јадење на се што содржи глутен, тоа значи се што се прави од пченично брашно (леб, пици, торти, слатки :place: ). Не постои лек за оваа болест. Безглутенската диета е доживотна. Симптомите ги снемува но за жал штетата што е направена на тенкото црево тешко заздравува.
МОРА строго да се придржувате кон диетата затоа што штетата која се прави од повремено поткаснување на недозволена храна е иста како и ако цело време јадете глутен. Многу луѓе што немаат симптоми не го сфаќаат ова сериозно и имаат лоши последеци подоцна во животот.

Целијакија добиваат само луѓето кои имаат генетска предиспозиција за оваа болест, т.е. ако го имаат генот. Но и да го имате генот не мора да значи дека ќе заболите. Ако имате член на фамилија од прв степен (мајка ,татко, брат или сестра) кои што имаат целијакија тогаш имате шанса 1 од 22 и вие да заболите некогаш во текот на животот.

Проблемот е тоа што често се случува оваа опасна болест да нема НИКАКВИ симптоми. Глутенот бавно го оштетува цревото, меѓутоа здравиот дел од цревото ги апсорбира хранливите состојки и заболението нема проблеми. Ако не се открие на време може да настане целосно оштетување на тенкото црево и смрт.

МОРА строго да се придржувате кон диетата затоа што штетата која се прави од повремено поткаснување на недозволена храна е иста како и ако цело време јадете глутен. Многу луѓе што немаат симптоми не го сфаќаат ова сериозно и имаат лоши последеци подоцна во животот.

Дали има некој што ја има оваа болест и кои се вашите искуства?
 
Последно уредено:
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Мој близок ја има, откриена на 27 години во странство........стручнаците доктори кај нас кои се партиски вработуваат, цел живот не успеаја да најдат што е проблемот со честите болки во стомак, подуен стомак итн....сега јаде само храна без глутен....специјален леб, специјална тестирана храна.....си живее нормално сега се навикна.....Како надополнување на ова, докториве кај нас на мој близок му рекоа дека има алергија кога беше на болница за да се испита поради чешање на кожата и ситни брунчиња......ми идеше да идам таму и да ги запалам...замислете докторката му рекла, не се секирај алергија е и му дала некои капсули................коза необразована глупава....па и баба ми тоа ке го каже бре....ниту упот на човекот да му даде, да се испита детално причината за алергијата.....цццц....но работата е да го мавнеме пациентот да не досаѓа ке идеме да си пиеме кафе со колешките на тераса.....пи*ката материна ваша
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Сестра ми на 3-4 години почна да повраќа се што ќе изеде, буквално се. Цревата и беа толку иритирани што организмот се и одбиваше. Месец дена ја маткаа овде во Битола ниеден доктор не знаеше што и е... 15 кила се напрај, мојте мислеа дека ќе умри... Ја однесовме во Скопје и таму по 2-3 недели и дијагностицираја целијакија... Одтогаш јаде специјален леб од безглутенско брашно кое е многу скапо.... Ко беше помала беше послушна ама сега последниве 2-3 години многу забушава и јади шо сака...

Јас дури сега дознав дека било генетски и дека го имам генот, малку се подисплашив па планирам после испитиве да дојдам Скопје и да се тестирам...
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Уф целијакија е опака работа и Новак Ѓоковиќ боледува од целијакија само нешто ме интересира ,освен глутен што не смее да јаде дали и зоб исто спаѓа како глутен ???
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Уф целијакија е опака работа и Новак Ѓоковиќ боледува од целијакија само нешто ме интересира ,освен глутен што не смее да јаде дали и зоб исто спаѓа како глутен ???
Да, и јас имам слушнато за Ѓоковиќ.

Има некои житарки кои не содржат глутен како зоб на пример. Меѓутоа процесираните житарки шо се продаваат по маркетите се произведуваат во фабриките заедно со сите други житарки, така шо содржат траги од глутен. Кај луѓето со изразени симптоми дури и мала трага од глутен може да им предизвика лоша реакција.
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Една другарка ја има оваа болест, и тоа со изразени симптоми. Навистина може да биде лоша работа, значи треба секојдневно внимавање на тоа што се јаде од секој аспект. Алал им вера, но верувам се е навика...
Само кај нас во Македонија е уште позезнато ако боледуваш од целијакија, оти повеќето луѓе немаат ниту слушнато за истото, а и нема многу продавници/маркети за здрава храна, а не па за храна без глутен.
Како и да е, во последно време гледам дека има некои мали подобрувања - се отвораат се повеќе и повеќе продавници за здрава исхрана, и тоа не треба да биде тренд, треба да стане секојдневие. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.691
Поени од реакции
12.083
Во Автокоманда имаше една продавница специјализирана за безглутенска храна. Дали уште постои не знам. Имаше брашно, колачи, макарони така нешто. И сопственикот имаше доста познавања од оваа болест. Ако некому треба негде доаѓа карши шумарски.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Ја немам читано, меѓутоа од коментарите, Ѓоковиќ во својата книга „Сервирај за победа“ раскажува за својот проблем со нетоларанцијата на глутен и диетите што ги применувал.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.937
Поени од реакции
35.330
Џокович мислам дека јаде и мед кој се произведува само во Монако , кој ја намалува иритацијата на цревата од глутен. Мислам дека и тоа е една од главните причини што се пресели во Монако , плус чув многу скап бил тој мед , по 500 евра за тегла.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Џокович мислам дека јаде и мед кој се произведува само во Монако , кој ја намалува иритацијата на цревата од глутен. Мислам дека и тоа е една од главните причини што се пресели во Монако , плус чув многу скап бил тој мед , по 500 евра за тегла.
Не е од Монако, тоа е специјална пчела од Австралија. А Монако, реално ради престиж :)
 
Член од
9 април 2014
Мислења
1
Поени од реакции
2
Една другарка ја има оваа болест, и тоа со изразени симптоми. Навистина може да биде лоша работа, значи треба секојдневно внимавање на тоа што се јаде од секој аспект. Алал им вера, но верувам се е навика...
Само кај нас во Македонија е уште позезнато ако боледуваш од целијакија, оти повеќето луѓе немаат ниту слушнато за истото, а и нема многу продавници/маркети за здрава храна, а не па за храна без глутен.
Како и да е, во последно време гледам дека има некои мали подобрувања - се отвораат се повеќе и повеќе продавници за здрава исхрана, и тоа не треба да биде тренд, треба да стане секојдневие. :)
[DOUBLEPOST=1397074094][/DOUBLEPOST]Здраво, неможев постот што е подолу да го избришам бидејќи ме зафркава форумов. Јас сум дијагностициран со целијакија уште на 2 годинки, инаку сум студент на Општа медицина. Имам идеа да креирам организација од лица кои што имаат целијакија се со цел да им помогнам во начинот на живот со моето долготрајно искуство и информации. Доколку твојата другарка е заинтересирана да дознае нешто повеќе може слободно да ме контактира на ФБ ( Проданов Томислав ). Мило ми е што некој ја отворил оваа тема на дискусија иако не сум лице кое што се движи низ форумиве од причина што сум преокупиран со факултетот. Поздрав :)
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.223
Болеста ми е дијагностицирана во Април 2016.
Почетокот е многу тежок додека да се навикнеш на безглутенската исхрана а во Македонија изборот е многу мал.
Една од главните причини зошто сакам да си одам од државата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom