Не најдов тема за дрва па да прашам тука ако може
Во двор имам дрво брза, околу 7м високо
Ме интересира дали би се исушило ако го пресечам т.е да го скратам малку, премногу е високо ми смета
Прво зависи што подразбираш под:"ако го пресечам т.е да го скратам малку"?
Скоро секое дрво издржува "кроење", често и агресивно, каде се отстранува 30-40% од крошната. Ама се тоа зависи и од многу фактори!
Прво се крои на есен! (Бидејќи е листопадно, обавезно ова!), второ, треба и да знаеш ама и да можеш(не е зафрканција 7м дрво!).
Сам никако не би ти препорачал!
До сега сум имал искуство во неколку наврати: Баш како и во твојот случај имав липа која стана преголема! Среќа па татко ми има пријател кој работи како секач во шумското, па "професионално" ја среди!
Ова позитивно!
Ама втор случај, има(вме) чемпреси на улица кои пречеа на жиците. Дојдоа од ЕВН со тоа продолжените пили од 2000€ и ги искасапија на чисто! Не пркнаа и се исушија после тоа!
Затоа и ти го пишувам ова!
Треба човек да разбира.