Царството јас - без егоизам

  • Креатор на темата ada
  • Време на започнување

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Секојпат кога ќе се спомене јас, сакање на себе и слично, некако првата асоцијација е егоизам, нарцисоидност итн. Барем на мене ми беше.
Но, ајде да погледнеме на "јас" моментот од поинаков агол...

Се што мислиме, доживуваме, гледаме, слушаме...сето тоа го перцепираме само и исклучиво преку себе, преку нашите уверувања и сознанија за тоа какви се луѓето, нештата, причинско-последичните релации... какво е сето она што го знаеме и познаваме во целина.

Оттаму, и одговорноста за се што ни се случува и се што доживуваме е само и исклучиво наша. Ние, нашите мисли, нашите ставови, сето она што го поиствотеуваме со "јас" го градат нашиот живот.
Не другите, не нивните мани, слабости, доблести, не околината...само и единствено ние самите.

Кога сме гневни на друг, ние сме всушност гневни на себе.
Кога повредуваме друг, ние се повредуваме себе.
Кога сметаме дека сме нечија жртва, ние сме жртва на самите себе.
Кога сме незадоволни од околностите на нашиот живот, ние сме незадоволни, пак, од самите себе.

Убедувањата дека сме лоши, неуспешни, дека сме осудени на игнорирање, отфрлање, промашени лични односи, пропаднати љубовни врски и сл., се уверувања кои влечат луѓе и околности во нашиот живот за да ни го потврдат истото.

Нашата скриена омраза кон себе и сите други негативни чувства кои ги гаиме за себе, бараат начин да се потврдат.
Така, човек кој е потсвесно убеден дека не заслужува да биде прифатен, постојано ќе се среќава со луѓе и ситуации во кои ќе биде отфрлен. И тука не се другите криви. Одговорноста е во личноста која смета дека не заслужува прифаќање. Другите се само инструмент на животот кој му го потврдува тоа уверување.

Поради тоа, сметам дека клучот лежи во прифаќањето и љубовта кон самиот себе.
Се додека не ни стане удобно со самите себе, се додека не се прифатиме и засакаме самите себе, во животот ќе се привлекуваме "неудобности".

Никој отстрана не може да ни ја одземе или даде среќата, љубовта, мирот, задоволството. Тоа го можеме само самите ние со нашите мисли и уверувања. А, се околу нас е потврда на истото.

Затоа, не е егоизам да се сакаш себе си. Не е егоизам да се прифатиш себе си со сите недостатоци и доблести.
Тоа е всушност неопходно за да ги сакаш и прифатиш другите.
Нема добар човек, кој се мрази себе си. Секој добар, среќен, полн со љубов и разбирање човек, почнал прво со љубов и разбирање кон она што му е најблиско и кое најдобро го знае...со самиот себе си.
Затоа што: Она што е внатре, тоа е и надвор.

Онда, се слагате со ова, не се слагате, имате нешто да додате, да искритикувате...Што ви е драго, повелете, тука сме:smir:
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
абе се убаво шо пиша ама кај мене скоро цел живот немаше јас, се беше вртење околу задоволување на туги потреби и желби, но пред некое време си влегов во етапата ЈАС ЈАС ЈАС и право да кажам супер било бе е сега за царството чеклај да помине малку време да видам шо како:toe:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Понекогаш свесни за неможноста самите себе си да си понудиме повеќе љубов, затоа што го знаеме капацитетот на нашите сетила и нивниот координатор, свесно си наоѓаме оправдување кон самите себе за нељубењето на самите нас. Па така разочарувањето го насочуваме кон надворешноста, актвно барајќи жртва која ќе ја окривиме за таа наша невозвратена самосебеснаљубов. Така веројатно функционираме и од страв самите да си покажеме љубов, плашејќи се дека ќе ни се повтори истата судбина, како кога некому постојано се обидуваме да му докажеме дека го љубиме, но никако тој/таа да биде задоволна од нашата искрена трудољубивост.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Кога сме гневни на друг, ние сме всушност гневни на себе.
Кога повредуваме друг, ние се повредуваме себе.
Кога сметаме дека сме нечија жртва, ние сме жртва на самите себе.
Кога сме незадоволни од околностите на нашиот живот, ние сме незадоволни, пак, од самите себе.
Апсолутно се согласувам со овој дел од постот од причина што секаквите атрибути (поради кои ние завршуваме гневни/повредени/незадоволни/жртви) што ги препишуваме на некоја личност/настан,се наши идеали за таа личност/настан.
Наши сопствени визии и перцепции..
Така што се што перецпираме како идеално,кога ќе дознаеме дека не е такво не повредува.
А зашто сме премногу слепи,ја обвинуваме личноста која сме ја идеализирале.

Добро, се согласувам со целиот пост само што поголемиот дел од општеството ова го гледа како нарцизоизам.
Тоа и го осудува. Но сепак, јас би рекла дека потребата да се биде во центарот на сечие внимание, притоа да се нагласува сопственото јас е нарцисоизам.
Да се сакаш себеси е сосема во ред. Ако сам не се сакаш, ако сам не си угодуваш, ако сам не знаеш да си направиш да ти биде убаво и угодно во секоја ситуација и со секоја личност... никој нема да го направи тоа место тебе.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Кога повредуваме друг, ние се повредуваме себе.
Кога сметаме дека сме нечија жртва, ние сме жртва на самите себе.
Ова е точно, никогаш не треба да правиме нешто што мислиме дека ќе ги повреди другите бидејќи голема е веројатноста единствената личност која ќе биде повредена да сме самите ние:smir:
Поради тоа, сметам дека клучот лежи во прифаќањето и љубовта кон самиот себе.
Се додека не ни стане удобно со самите себе, се додека не се прифатиме и засакаме самите себе, во животот ќе се привлекуваме "неудобности".
Ова исто е точно само како еве на пр. некој човек што останал инвалид поради некои околности (сега зборувам за несреќни случаи) да се прифати самиот себеси кога претходно бил нормален човек:toe:
Никој отстрана не може да ни ја одземе или даде среќата, љубовта, мирот, задоволството. Тоа го можеме само самите ние со нашите мисли и уверувања. А, се околу нас е потврда на истото.
Ова е исто state of mind само што некои личности што немаат причина за да бидат несреќни самите си создаваат во својот мозок негативни мисли, за разлика од тој несреќниот случај што го опишав погоре, кај што имаме вистинска причина за нерасположение.
Нашата скриена омраза кон себе и сите други негативни чувства кои ги гаиме за себе, бараат начин да се потврдат.
За ова сум читала некаде мислам дека во Вест имаше во психолошкото ќоше една колумничка за омраза према самиот себеси многу гадна состојба:nesvest:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Одлична тема и вовед Ада. Токму така, се додека ја гледаме грешката самите ќе бидеме грешка, и се додека судиме самите ќе се судиме. За да биде човек вистински полн со љубов треба да ја сфати својата суштина која е иста како кај секој човек и секое друго живо суштество. Кога со своето вистинско јас ќе го погледнеме вистинското јас на другиот (себеси :)) ќе можеме на вистински начин да направиме се да ја исправиме грешката кај него, без омраза, без гнев, не мразејќи го нималку грешникот туку напротив. Тоа е вистинскиот светот во сите нас што плаче и чека да се роди. Но сите чекаме прво светот да се смени па после ние, секому се чини опасно прв да ја отфрли волчјата кожа. Потребен е херој. Ма не... не само еден.
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Затоа, не е егоизам да се сакаш себе си. Не е егоизам да се прифатиш себе си со сите недостатоци и доблести.
Да, не е... Не е егоизам да веруваш во себе, со еден збор речено... Сепак да го доловиш она јас во себе, се издвојуваш од целината, така да луѓето гледаат на тебе како егоист. Може, тоа го прават оти не може да си ја објаснат појавата... Не се чести луѓето кои успеале да го пронајдат своето ЈАС а уште поретки се оние кои успеале да владеат со истото тоа ЈАС.

На еден начин, исто така те подржувам кога велиш дека на тој начин ќе ги сфатиш и прифатиш другите околу тебе... Бидејќи ЈАС има многу особини, од кои, дел се крие кај другите луѓе...

А инаку, Она што е внатре е и однадвор.... Некако ме буни... :smir:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Одлична тема и вовед Ада. Токму така, се додека ја гледаме грешката самите ќе бидеме грешка, и се додека судиме самите ќе се судиме. За да биде човек вистински полн со љубов треба да ја сфати својата суштина која е иста како кај секој човек и секое друго живо суштество. Кога со своето вистинско јас ќе го погледнеме вистинското јас на другиот (себеси :)) ќе можеме на вистински начин да направиме се да ја исправиме грешката кај него, без омраза, без гнев, не мразејќи го нималку грешникот туку напротив. Тоа е вистинскиот светот во сите нас што плаче и чека да се роди. Но сите чекаме прво светот да се смени па после ние, секому се чини опасно прв да ја отфрли волчјата кожа. Потребен е херој. Ма не... не само еден.
A, кога ќе се прифатиме себе, кога ќе се согледаме себе, кога ќе се обвиеме себе со љубов, се околу нас ќе стане прифатливо и полно со љубов.
Тогаш ни луѓето, ни околностите нема да ги делиме на лоши, грешни, злобни и сл...Едноставно ќе ги прифатиме онакви какви што се.
И тоа прифаќање, таа љубов, се "заразни"...Затоа што на вистинска љубов, може да се возврати само со љубов. И ништо друго љубовта не привлекува.Прави се околу нас да се поттикне на духовен раст, без притоа да го контролираме или манипулираме.
Затоа што позади се, и над се, сите сме огледала еден на друг...сите сме едно :)
А инаку, Она што е внатре е и однадвор.... Некако ме буни... :smir:
Во смисол, ако внатре во себе имаш љубов и разбирање, и се околу тебе, се она "надвор", ќе се "прилагоди" на тоа.
Нешто што доскоро те правело гневен или те повредувало, нема повеќе да лути и повредува, затоа што ќе го препознаеш истото во себе и ќе го прифатиш.

Ти спомена дека, на еден начин секој човек е огледало на другот. И навистина, се што не нервира и повредува кај другиот е, по правило, она што не сме го прифатиле кај самите себе или што ни смета кај самите нас.

Човек кој се плаши да се избори за себе, кој не се смета доволно добар и способен за тоа, ќе се врзува со авторитативни и наметливи луѓе и преку нив ќе ја изживува потребата за авторитет, а истовремено ќе смета дека тие го гушат и не му даваат да се искаже, па ќе се полни со завист и гнев кон нив. И имаме затворен круг на незадоволство.

Но, ако истиот тој, сфати дека вреди и дека самиот е способен и доволно добар за да ги изнесе своите ставови и потреби, ќе сфати и дека не му е крив некој кој е посамуверен,или понаметлив, ниту дека истиот го гуши и спречува, тука дека одговорноста е во него самиот, односно неговото немање на самодовеба.

Кога пак, ќе стекне доволно љубов и прифаќање за себе, тогаш се ќе се промени. Тогаш нема да се крие позади други, нема да чека од други, нема да се врзува со наметливи/нарцисоидни луѓе, нема да се повлекува и чека другите да ги препознаат неговите идеи, желби, потреби, туку самиот ќе ги изнесе/искаже. И плодовите на тој нов начин на гледање на нештата брзо ќе почне да ги ужива. Другите ќе го почитуваат, ќе го слушнат, и сл.
А, реално никој друг, ништо надвор, не се "сменило". Се смениле само неговите внатрешни увреувања.

Но сепак, јас би рекла дека потребата да се биде во центарот на сечие внимание, притоа да се нагласува сопственото јас е нарцисоизам.
Претераната и компулзивна потреба за внимание, претераното наметнување на себе Е нарцисоизам, а истиот е повторно немање љубов и не прифаќање на себе.

Нарцисодината личност го компензира тој недостаток, преку тоа што се надева дека надворешните потврди и внимание ќе и ја дадат љубовта и чувството на вредност кои самата, длабоко во себе, не верува дека ги поседува.
Она што мисли дека го нема во себе, го бара/наметнува/изнудува од другите. И незадоволството е загарантирано, затоа што истото, надвор никогаш нема да го најде.

Така е и со сите други, било екстровертни, било интровертни есктремни, неуротични начини на однесување. И агресивецот, и жртвата, и нарцисоидниот, и оној претерано срамежливиот...сите тие бараат нешто што им недостасува во ним самите. А, доволно е да погледнат во себе. Сето богатство веќе постои. Само треба љубов и прифаќање :)
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Сакањето сам себе,во една нормална,здрава доза,го сметам за сосема нормална појава,својствена за секој човек.Најголем дел од сите наши амбиции и заложби се сведуваат токму на таа љубов.На крајот на краиштата без есенцијална доза на љубов према самите себе,не би имало ни причина наутро да станиме од кревет.

Сметам дека дури ни љубовта кон самите себе не се движи праволиниски цел живот,дека не е апсолутно константна и независна од се што ни се случува.Не велам дека е нормално за најмала грешка да се мразиме,туку дека кај секого постојат околности под кои таквата љубов е посилна и околности кога е послаба.Дури ни љубовта кон себе не е 100% безусловна.

Сепак,кога човек е свесен дека ја поседува таа љубов помалку или повеќе,тоа би му помогнало да надмине се и да победи се.Мислам дека е основен двигател и дека не може да потполно да исчезне кај никого,туку дека можеби понекогаш секој е помалку свесен дека сепак постои.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Царството јас има и еден дел кој навистина останува заборавен поради таа бледа, излитена особина, егоизмот.
Кога ќе подразмислам што се’ се крие под ова јас, сфаќам дека всушност тоа е се’ она што ме прави човек.
Кога ќе го проанализирам тоа јас, го гледам моето минато - нешто за кое сум виновен само самиот ЈАС, ја гледам мојата сегашност - повторно ја правам и ја обликувам лично ЈАС, и на крај, верувам во својата иднина - уште еднаш давајќи си на знаење дека иднината е она што сум ЈАС.
Сите работи кои поминале, сето она кое сум го постигнал, се дел од она што ме гради мене како посебна индивидуа. Со еден збор, го градат моето ЈАС.
Сепак, личното ЈАС иако е наше не секогаш е предвилдиво. Иако сме ние тие кои го градиме и оформуваме, сепак тоа е суштинското во секој од нас. Тоа е она кои не’ прави она што сме. И како може да постои човек кој се’ ова кое го набројав ќе биде неспособен да го сака и прифати?
Како може да има човек кој не ја прифаќа својата суштина и своето постоење?
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Цел живот ни е спознавање на самите себе си, на тоа што сме.
Си ги дефинираш старстите па ги задоволуваш, си ги запознаваш стравовите па ги победуваш. Па целта на животот е во тоа, и не е е хедонизам туку е неверојатно исполнување.
Ама не е убаво да сме полни со себе си. Да си ги негуваме егоцентричноста алчноста и се друго со изговор дека тоа сме ние, па слатки сме биле такви, не фалеле луѓето итн. Па човек без суперего е тотален неуспех.
Така се си има граница, ама луѓето некогаш не разликуваат што е запознавање на себе си а што е егоизам.
 
R

RAYTHEON23

кој те лаже така!!!!!

не се сложувам јасно ми е дека без егоизам не може,НО КАДЕ е АЛТРУИЗМОТ??????

егоизмот се зразува во економскиот живот или поточно таму и е корисен,надвор од таму е алчност грабање,себичност.....
добро за кој како:toe:
 
С

Сатори

Гостин
Како млад карактер кој што сеуште се гради, во средината во која што сум пораснала и сум била воспитана, секогаш сум се придржувала до лозунгот „За да ги задоволиш другите, мораш да се задоволиш себеси“.Затоа и го разбирам и оправдувам она што луѓето го негуваат како его се додека им дозволува од себе да ја извадат креативноста и силата, позитивната страна од паричката.Зошто човек без его никогаш не би имал доволно верба во себе, зошто и за да се потпреме на себеси треба да имаме нешто што го цениме кај себе.

Нормално дека сите надворешни ситуации, околности и услови се создадени од нашата внатрешност, состојбата во која што се наоѓа нашиот ум е производ на сите надворешни фактори кои што сами сме ги привлекле.Затоа што кога се менуваме самите, тогаш можеме се да смениме.
Иако перцепцијата е онаа која што во суштина се менува, односот е зависен од неа исто како реакцијата на акцијата.

Мисловните вибрации ја создаваат менталната слика, а нешто помоќно од нашето јас во нејзиниот центар, нема.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
126
Поени од реакции
3
Човек кој се плаши да се избори за себе, кој не се смета доволно добар и способен за тоа, ќе се врзува со авторитативни и наметливи луѓе и преку нив ќе ја изживува потребата за авторитет, а истовремено ќе смета дека тие го гушат и не му даваат да се искаже, па ќе се полни со завист и гнев кон нив. И имаме затворен круг на незадоволство.

Но, ако истиот тој, сфати дека вреди и дека самиот е способен и доволно добар за да ги изнесе своите ставови и потреби, ќе сфати и дека не му е крив некој кој е посамуверен,или понаметлив, ниту дека истиот го гуши и спречува, тука дека одговорноста е во него самиот, односно неговото немање на самодовеба.

Кога пак, ќе стекне доволно љубов и прифаќање за себе, тогаш се ќе се промени. Тогаш нема да се крие позади други, нема да чека од други, нема да се врзува со наметливи/нарцисоидни луѓе, нема да се повлекува и чека другите да ги препознаат неговите идеи, желби, потреби, туку самиот ќе ги изнесе/искаже. И плодовите на тој нов начин на гледање на нештата брзо ќе почне да ги ужива. Другите ќе го почитуваат, ќе го слушнат, и сл.
А, реално никој друг, ништо надвор, не се "сменило". Се смениле само неговите внатрешни увреувања.

Претераната и компулзивна потреба за внимание, претераното наметнување на себе Е нарцисоизам, а истиот е повторно немање љубов и не прифаќање на себе.

Нарцисодината личност го компензира тој недостаток, преку тоа што се надева дека надворешните потврди и внимание ќе и ја дадат љубовта и чувството на вредност кои самата, длабоко во себе, не верува дека ги поседува.
Она што мисли дека го нема во себе, го бара/наметнува/изнудува од другите. И незадоволството е загарантирано, затоа што истото, надвор никогаш нема да го најде.

Така е и со сите други, било екстровертни, било интровертни есктремни, неуротични начини на однесување. И агресивецот, и жртвата, и нарцисоидниот, и оној претерано срамежливиот...сите тие бараат нешто што им недостасува во ним самите. А, доволно е да погледнат во себе. Сето богатство веќе постои. Само треба љубов и прифаќање :)

Da samo nam je ljubav potrebna zivmi sve taka ispagja kako i da go vrtish, rozovo ko od Barbi i Ken ama taka e .

Cek da pisam po temata nesto u pozadina ide "boli stara ljubav kad se snjime budim kao da sam sama ... " inspirativna pesna.

Sto znam nema carobna formula za narcisoidnosta i se ova stoi i drzi celata tema cek da procitam uste ednas

Одлична тема и вовед Ада. Токму така, се додека ја гледаме грешката самите ќе бидеме грешка, и се додека судиме самите ќе се судиме. За да биде човек вистински полн со љубов треба да ја сфати својата суштина која е иста како кај секој човек и секое друго живо суштество. Кога со своето вистинско јас ќе го погледнеме вистинското јас на другиот (себеси :)) ќе можеме на вистински начин да направиме се да ја исправиме грешката кај него, без омраза, без гнев, не мразејќи го нималку грешникот туку напротив. Тоа е вистинскиот светот во сите нас што плаче и чека да се роди. Но сите чекаме прво светот да се смени па после ние, секому се чини опасно прв да ја отфрли волчјата кожа. Потребен е херој. Ма не... не само еден.
Ti ko od kniga da prepisuesh zivmi sve... ama zivotot e prekompleksen za da moze ova da proraboti u praksa na globalna dimenzija. Teska tema
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Се согласувам целосно со секој пишан збор во текстов и тоа е така.
Животот е премногу едноставен, а ние сме премногу интелектуално недоразвиени (во смисла на стагнирани или спречени во развивањето) така што не знаеме да ги искористими доблестите кои ни ги нуди космосот и како резултат на тоа самите си ги предизвикуваме комплицирањата на нештата наместо да уживаме во истите. Но добро, најверојатно некој такви не сака и не насочува кон тоа меѓутоа тоа е друга тема.

Секојпат кога ќе се спомене јас, сакање на себе и слично, некако првата асоцијација е егоизам, нарцисоидност итн.
И тука наидуваме на проблем затоа што не е ни егоизам ни нарцисоидност љубовта кон себеси, своето тело и ум. Она што го чувствуваш самиот кон себе- тоа е блаженство. Како можеме да ги сакаме другите ако не се сакаме себеси? Што ќе им подадеме на другите кога немаме ни за себе?

Нарцисоидност/егоизам не е кога се сакаш и почитуваш себеси туку кога постојано истото им го набиваш под нос на другите околу тебе и тогаш си противречиш на самиот себе зашто излегува дека сепак не се сакаш себе. Зошто? -Затоа што со сопствената изјава ги нервираш другите околу тебе и поради тоа тие не те сакаат, а штом тие не те сакаат не ги сакаш ни ти (зашто љубовта е заемна), а штом не можеш да ги сакаш ни ти значи недоволно се сакаш себеси. Немаш доволно за себе па не можеш да поделиш ни на другите. Цел живот си во "Економска криза"- за жал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom