Царина Транспорт Шпедиција

Член од
31 август 2018
Мислења
13
Поени од реакции
35
Здраво
На сите на кои им е потребен совет и информации за цени , прописи ,ограничувања при увоз за сите добра . Прашањата може да ги поставите тука.
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Мене ми е потребно сево ова и имам многу прашања за многу разни производи ме интересира процедура и цени
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291

Oва се Најк патики, со Мики Маус.

Ако јас ги увезувам директно од централата на Најк, не од лево десно, дали наша царина има право да ми побара примерок од договорот помеѓу Дизни и Најк, со кој е регулирано користењето на Мики Маус кај производите на Најк?
 
Член од
31 август 2018
Мислења
13
Поени од реакции
35
Како прво ти увезуваш патики со брендот Најк а не Дизни. Ако веке има застапник за Најк во МК тогаш може да се соочиш со тужба за кршење на дистрибутивни договори со таа компанија. Но тоа овде нема да ти се случи бидејќи за производи за широка потрошувачка како што се патиките нема да имаш проблеми. Иначе таков договор царина не ги интересира, битна им е цената да е реална. Давачки за патики се 25% царина и 18% ДДВ на тоа се додава и основицата од транспортот.
пример за патики од 100 еур и транспорт за нив 50еур ке платиш следно: 150x1.25x1.18=221.25-150= 71.25 eur
Па сега ти види дали ти одговара.
 
Член од
30 септември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0

Oва се Најк патики, со Мики Маус.

Ако јас ги увезувам директно од централата на Најк, не од лево десно, дали наша царина има право да ми побара примерок од договорот помеѓу Дизни и Најк, со кој е регулирано користењето на Мики Маус кај производите на Најк?
Да, има право. Дизни е трејдмарк.

Gesendet von meinem SM-A505F mit Tapatalk
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Колку би била царина и данок да нарачам преку интернет апарат за физикална терапија?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Колку би била царина и данок да нарачам преку интернет апарат за физикална терапија?
Данок ти е или 18% или 5% (повластена стапка), на вкупниот износ (цената за производот + транспорт)
Царина ти е од 0 до 15% (за најголем број производи), во зависност од повеќе работи.

Зависи од каде е производот, ако е од земја со која МКД има склучено договор за слободна трговија, нема царина (ЕУ,Србија, Турција), нема царина, но ако има документ за потекло на робата.
Продавачот треба да издаде документ за потекло на производот, бидејќи може да е од Србија, ама ако не е таму произведен, т.е. нема потекло на робата, тогаш царина ќе имаш секако, а износот колкав е, ќе си провериш во според тарифниот код. Прашај го продавачот под кој тарифен код ќе го прави извозот, па ти тој код ќе си го побараш и во табелата ќе видиш колкава царина следи. Може да е 0, а може и 15%.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Производот ќе е од Кина, и затоа прашав дали ќе е 5% или 18% ДДВ-то, исто и за царината поточно ми треба информација како би го царинеле, дали 5% или 15%, го гледав екселот ама искрено не се снајдов во која категорија да го ставам апаратот? Не знам дали е во медицински помагала или пак е во апарати за убавина или нешто трето, четврто...
Треба подетално да се информирам зашто 5%ддв и 5% царина е 10% плус, а 18% ддв и 15 % царина е веќе 33% плус, ако продктот со транспорт би бил 1200евра, 120 и 400 евра менува.
 
Затоа прашај го продавачот, под кој тарифен код ќе го декларира за извоз.
Врз основа на тој код, ќе си бараш во табелата и ќе видиш.
 
Член од
22 мај 2016
Мислења
53
Поени од реакции
60
Здраво дечки. Планирам да купам одредена производна линија. Најдов половна во Бугарија (вредност 9000€ ако е битно) и дечкото што ја продава не брка ништо околу транспорт, така да би требал јас да го организирам тоа.
Има ли некој искуство како би се извршил транспортот од бг до мк на прилично гломазна машинерија, значи тешко товарно возило ке биде потребно имено камион?
Колку би коштал ваков подвиг?
И дали ова би се царинело, и ако да, како иде таа работа?

Sent from my Redmi Note 8 using Tapatalk
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Затоа прашај го продавачот, под кој тарифен код ќе го декларира за извоз.
Врз основа на тој код, ќе си бараш во табелата и ќе видиш.
Најдобро сам да си види овде кај нас.
Не е обавезно извозникот да пише тарифен бр.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
743
Поени од реакции
920
Dali moze da kupam kola nova od salon vo stranstvo?

Koi se davqckite? Dali tamu bez ddv ke ja zeam, a tuka go plakjam ili?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Здраво дечки. Планирам да купам одредена производна линија. Најдов половна во Бугарија (вредност 9000€ ако е битно) и дечкото што ја продава не брка ништо околу транспорт, така да би требал јас да го организирам тоа.
Има ли некој искуство како би се извршил транспортот од бг до мк на прилично гломазна машинерија, значи тешко товарно возило ке биде потребно имено камион?
Колку би коштал ваков подвиг?
И дали ова би се царинело, и ако да, како иде таа работа?

Sent from my Redmi Note 8 using Tapatalk
За транспорт треба да видиш прво димензии колкави се на машината. Ако се до 2.5 метри во ширина, тогаш обичен транспорт ќе ти треба, без дозволи, а со тоа и пониска цена за транспорт. Тежината ако е до 24тони нема проблем. Ама за секој случај и за да нема недоразбирање со транспортерот, мораш да имаш точни димензии на машината (должина, ширина, висина колку зафаќа и колкава е бруто тежината).

За царина дали ќе треба да платиш, тоа со шпедитерот, ако немаш некој со кого досега си работел, побарај си, бидејќи информации треба да им доставиш за да ти кажат дали ќе треба да платиш царина и колку.
Од искуство Викторија шпед (ја би со овие), Фершпед, Боми10, Мултишпед ти се доста професионални, а и транспорт можат да ти понудат.

Најдобро сам да си види овде кај нас.
Не е обавезно извозникот да пише тарифен бр.
Извозникот не пишува во фактурата тарифен број, ама шпедитерот кој му ги врши извозните процедури мора да напише што роба е, под кој тарифен број е, вредноста на робата, дал има ЕУР1 (потекло на робата) или нема.

Сам освен на шпедитерот да му објасниш што како, па он ако успее да погоди тарифен број.
Автоматски споено мислење:

Dali moze da kupam kola nova od salon vo stranstvo?

Koi se davqckite? Dali tamu bez ddv ke ja zeam, a tuka go plakjam ili?
Секако можеш. Најдобро прашај шпедитер, врска ддв.
По логика моја :icon_mrgr:, бидејќи ја изнесуваш одма од нивната држава, без ддв ќе ти биде. И да треба да го платиш, сигурно ќе ти кажат, достави документ/доказ дека си прешол граница, па ќе ти вратат ддв-то.
После при влез во МКД ќе си платиш ддв + сите други пропратни давачки.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас со Боми 10 работам Ок се дечките(девојчињата :D )!
Околу машината од Бугарија, најпрво сите работи треба да се разјаснат, од димензии до тарифен број. После за транспорт од таму е лесно, има превозници едно чудо!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom