Цагер, (поклопување на стрелките)

Дали често "фаќате" цагер

  • Да, често ми се случува

    Гласови: 98 76,0%
  • Не, или воопшто ретко

    Гласови: 31 24,0%

  • Вкупно гласачи
    129

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Темава ќе биде за сите цагери - поклопувања на стрелките, дали мислите дека има нешто зад тоа и толкување на истото. Мистиката и силата на цагерот, глувото доба, полноќ и слично како она што најмногу се кажува за цагерите. Подолу постов е почнат за 11:11 но темава постои и за другите поклопувања (дигитални или аналогни како сакате). - Апокалипто

Нумеролозите веруваат дека забележувањето на цагерот 11:11 е многу повеќе од чиста случајност.

Некои автори веруваат дека забележувањето на овој цагер е благопријатен знак кој не води кон подобро, позитивна конекција со духовниот свет и со мистериите на универзумот, знак на присуство на духови (чувари). Верувањето за мистичната моќ на 11:11 е усвоено од верниците на Њу Ејџ филозофијата. Всушност, ова се смета за будење на потсвеста со стремеж да се открие непознатото и надприродното, контактирање со духовниот свет. Некои во 11:11 си замислуваат желба, баш исто како кога гледаат ѕвезда како паѓа. (fail) :)

Случајно еден ден на фејсбук пишав 11:11 на статус ради често забележување и ми пишаа многу луѓе дека го имаат забележано феноменот, па се заинтересирав повеќе. Има многу сајтови и многу објаснувања.

Дали вие сте запознаени со овој феномен ако може така да се нарече, дали често го забележувате ова и кои се вашите размислувања?

* Велат, среќниот човек воопшто и не гледа колку е часот. Јас многу често го забележувам овој цагер, можно е ради некои мистични ствари, можеби оти често гледам кое време е.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Си ми е*ал мајката. Денес го фатив, завчера, и едно 10-15 пати во последно време. Во последно време ме сере среќа. Ќе почнам да верувам во глупостиве, а нејќам. И сега додека не откријам се поврзано со тоа, нема да престанам. Фала ти Кискино што ми даде уште една ситница на која ќе си го трошам малкуто скапоцено време. :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хах... го фатив и на мобилен и во кола ...разликата им е некаде 2 минути (пуста мрза да ги направам да покажуваат исто) епа сега штом било на добро... се надевам дека ќе искрсне нешто ...онака предизвикано од добрите сили на духовниот свет кој во тој момент дејствувале на мене... значи чекаме.

Среќен човек не гледал на саат? Демек саатот е само за несреќни души на кои им треба да гледаат уште колку ќе страдаат тој ден, или па да се надеваат дека ќе начекаат 11:11 за да им се насмевната добрите сили... инчрестинг ебаго... оф сега гледам дека сум го промашил 12:12 :( него што е со 13:13 дабл баксуз?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Koга ќе фатам цагер знам дека ме мисли некоја. :wub:
Поспецифично околу 11 незнам не сум слушнал а и не верувам во неговата моќ.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Некое појаснување што се случува во 11:11 за нас, обичните среќни смртници кои што сме незапознаени со појавите како "цагер"?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Еве што вика стрико гугл ако го прашаме 11:11 (нај интересните резултати, не оние кај шо се објаснува со кои процеси на електрониката во часовниците се дошло до двете 11ки):

http://www.1111spiritguardians.com/ (ова баш говори за тие... духовните сили)

ии нешто со коинциденции, кругови во жито и сл

п.с ииј колку фино било да има тема за бројки а да не е во мистерии :vozbud:

п.п.с ќе ја вратам со форхенд ако ми ја упатите
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Дали вие сте запознаени со овој феномен ако може така да се нарече, дали често го забележувате ова и кои се вашите размислувања?
Колку шанси има да се појават сите комбинации 11:12 11;13, 15:05...на часовникот, толку процентуално и оваа 11:11. Веројатноста да ги забележиш е подеднаква, но токму заради необичноста на комбинацијата 11:11 го паметиш, а на пример 11:15 го забораваш...или ради сугестија.
.
.

Или ова го пишувам од мака што ова што го вели Нудл не се дешава кај мене така често
Денес го фатив, завчера, и едно 10-15 пати во последно време. Во последно време ме сере среќа.
да ме потпосере среќа малку и мене. Од завист и чиста љубомора :)

незапознаени со појавите како "цагер"?
Инаку цагер е друга работа-верување, најверојатно (не најверојатно, него има) има логично објаснување за кое овде не му е место, отом потом :wink:
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
А добро сеа цагер нели беше кога ќе се склопат сказалките на саатот,а прв пат слушам за цагер на дигитален саат:)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
wow прв пат слушам за овоа мада никогаш немам фанато а и да фанам не приметувам .......А шо е мокта на 00:00 ваљда дека треба да одеш да си легнеш....или?????
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Мене ми се случува 12:12 да го начекам.А 11:11 не сум го начекала, барем не ми текнува во моментов. :wink:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
I loathe the superstitious.
Го среќавам 11:11, но покрај него се погодуваат и други. Сепак овој е најчест.
Кога ќе се случи тоа, потсвесно помислувам на она дека `некој те мисли`, но ниту се обидувам да мислам кој е тоа, ниту пак верувам дека е така.
Не сум суеверна и мислам дека е чиста случајност.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
A 11:11 на дигитален часовник?
Значи ова е нешто на „новата ера“ т.е. појавата на дигитални дисплеи.

A 13:13?
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
A 11:11 на дигитален часовник?
Значи ова е нешто на „новата ера“ т.е. појавата на дигитални дисплеи.

A 13:13?
Еве.

Инаку, читав дека на времето биле само 1,111 луѓе што го гледале ова секојдневнo, значи секако ранобудци биле :icon_lol:
И се вели дека 11:11 исто ко и бројката 23 го среќаваме во различни форми (весник, книги, фискални сметки...) а не само на часовникот.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Јас многу ретко, скоро ич.
Иначе срање у боја и јас мислам така.Сеа за едни бројки ми дошло или не знам што.:uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom