ЦБД масло (CBD oil) од коноп (hemp)

Дали би препорачале некој да користи ЦБД масло (CBD oil)

  • Да

    Гласови: 12 100,0%
  • Не

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    12
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
Како што можеби сте наслушнале за овој продукт, ЦБД маслото станува доста популарно во Европа а полека и кај нас. Конопот, како различно растение од медицинската марихуана, содржи помал процент на ТХЦ (THC) и поголем процент на ЦБД. Прашање на време е кога во Македонија ќе бидат лесно достапни овие продукти, иако според законот во Македонија е дозволено користење на ЦБД масла кои содржат многу мал процент на ТХЦ или содржат 0% ТХЦ.

ЦБД маслата помагаат во борбата против ракот (НЕ ЛЕЧАТ) и имаат други корисни влијанија како марихуаната, без притоа да имаат негативен ефект врз мозокот. Ве молам за поопширана дискусија околу ЦБД маслата, колку се достапни во Македонија и нивната побарувачка во Македонија.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.421
Поени од реакции
7.763
Freyherr
Каноил

Мислам има уште некои што се продаваат по аптеки.
Го пробав каноил и го користев да речеме 2 пати на ден по 3 капки (некогаш и еднаш дневно). Според производителот треба да се користи 2х5 капки под јазик.

За епилепсија незнам да ти кажам, го користев да речам ради смирувачките компоненти, нема некое хардкор дејство, да речам како б комплекс во тој поглед. Има брдо примери каде што ептен помага против епилепсија и тоа е документирано и нотирано.

На многу места читав дека и уље богато со ТХЦ во одредени случаеви помага при епилептични напади, но ова зависи од пациент до пациент, и ради нелегалноста на растението нема некои заклучоци во поглед на врската меѓу ТХЦ масло-епилепсија. Плус, фактот што голем процент заболени од епилепсија се деца (барем оние пациенти што се третираат со ЦБД уље), и заради психоактивните својства се избегнува уље богато со ТХЦ кај најранливата и најистражената категорија на пациенти - деца, бидејќи, како што знаеш има големи сајд ефекти - high.

Од друга страна, има многу литература по интернет за тоа како се прави ТХЦ масло, само што кај нас све е 20 години назад, барем за обичните граѓани. Законот е многу катастрофален и оди во прилог на капиталистите а не на пациентите. Нешто што МОРА да се смени и среди.

Процесот на правење масло е скроз едноставен и со тек на време (веројатно) станува рутина. И на крај пак се сведува на фактот што цветот е нелегален, незнаеш што добиваш и незнаеш каков ќе биде крајниот продукт. Иако, реално овака од рекреативни кругови, налетувало доста солидно гане кое верувам дека би можело да биде сосема доволно за правење на солидно масло. Ама кај нас знаеме како е, ајде што е нелегално све околу марихуаната, нема никакви медицински истражувања, ниту пак тревата на црно што се наоѓа е генерално океј, иако просекот денес е доста подобар од пред 5 години. А да се одгледува сам е преголем напор, ризик и не баш така лесно, иако и за тоа има билион клипови, инструкции и тн на интернет.
 
Последно уредено:
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Прв пат земавме, за татко ми, со една капсула под јазик за 21ч се разбуди од кома, за следната капсула веќе беше буден, имаше прогресивен рак на бели дробови. Ни го пуштија дома за да не почине во болница. 1м го држевме супер, му поминуваа болките и сам бараше да му дадеме. Додека чекавме да стигне пак помина недела дена, склоп на околности, почна некое внатрешно крварење пак падна во кома, пак после 1 капсула се разбуди. Третата доза не ја дочека, почина. Со време зимајте бидејќи знам дека татко ми му го продолживме животот за 2ипол месеци со оваа магија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom