Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Компанијата за информатичка технологија "Хјулит Пакард" (ХП) вчера отвори канцеларија во Скопје.
- Ова е потврда дека во Македонија постои информатички потенцијал. "Хјулит Пакард" ќе почне соработка за развој на софтверски решенија со информатичките компании во земјава, кои потоа ќе може како македонски производ да се применуваат во системите на нашата компанија - рече Стефан Плавјански, директор на ХП за Македонија и Косово.
Според Франц Шерц, директор на ХП за југоисточна Европа, присуството на компанијата во Македонија ќе придонесе да се подобри инвестициската клима и ќе спречи да се одлеваат мозоци надвор од земјава.
Руди Козак, менаџер за Европскиот растечки пазар, соопшти дека ХП на македонскиот пазар досега остварила најголем профит од продажба на компјутери, а во иднина целна група ќе бидат претприемачите и јавниот сектор. ХП очекува до 2008 во Македонија да заработи седум милиони долари.