Хуман човек... или будала?

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Инспирирана од 2 ситуации во кои се најдов, решив да отворам тема да видам што мислат повеќето.

Вака, првата беше пред 2-3 месеци, се возев во автобус, што беше многу полн, значи сите седишта беа зафатени и плус имаше доста луѓе што стојат. И на една станица се качува една бабичка, се ослободува место, седнува. И после неколку минути, ја гледам почна да плаче. Ми стана жал, и просто не можев да се изначудам зашто толку луѓе во автобусот, само ја гледаат и никој не и приоѓа да ја праша дали е добра, да не и е нешто... Зашто ако не е нешто важно и сериозно, нели, не би плачела така јавно, меѓу луѓе. Причекав да се ослободи местото до неа, и седнав до неа. Само ја прашав дали е добра, и ми кажа дека имала внука што е многу болна, и тешко дека ќе се излечи. Не знам дали тогаш го дознала тоа,или како испаднало, не ја распрашував. Бидејќи ми е непознат човек, ми беше непријатно да ја распрашувам и да навалувам да ми каже. Важно ми беше пред се да не седи сама ако и е тешко, и барем со некој да сподели што ја мачи.

Втората ситуација, се деси пред 2 дена. Одев накај автобуска да чекам автобус за накај дома, и на клупата на автобуската седеше една ептен стара бабичка. Дотерана и се, ама доста стара. Седнав до неа, чисто да си ги протегнам нозете. И ме праша нешто, почнавме општ разговор. Ама изгледаше како да не е во ред, малце ко да нема многу ориентација за време, ми рече дека ја чека ќерка и да дојде кај неа од друг град, дека се слушнала со син и и он и рекол дека ќе дојде ќерка и. Ја прашав кога ќе дојде, ми рече не знам, не се сеќавам. Рече дека живее во блиска зграда до автобуската. Седев со неа, додека не ми дојде автобусот, ама ми беше многу жал, зашто не знаев кога ќе дојде ќерка и, а она беше толку изгубена, седеше и им приоѓаше на луѓе, се возбудуваше на секоја кола што ќе застане, мислејќи дека е ќерка и. Бидејќи не ме разбираше убаво што и зборувам и што ја прашувам, се доведов до недоумица, дали навистина чека некого, дали сега треба да дојде, дали живее тука, зошто е излезена сама и дотерана ако живее во близина? Сакав да ја прашам каде точно живее, да и помогнам да отиде до дома. Ама несреќа, ми дојде автобус што го чекав 15 минути. И ете, решив да се качам во автобусот, и не и помогнав.

Кога дојдов дома, чисто споделив со моите за бабичката, и ме дочекаа со нешто сосема спротивно што очекував: дека не е моја работа да им помагам, дека којзнае каде ќе ме однесат, дека на бабичката во автобусот не сум требала да ја прашувам, зашто од една страна можеби сум можела да и помогнам, ама од друга, можела да ме обрука пред сите луѓе во автобусот со едноставно кажување дека не е моја работа зашто она плаче. Ми рекоа дека и они не би пришле, како и сите останати луѓе во автобусот, и да се запрашам дали меѓу 50 луѓе што биле присутни, сите се глупави а само јас сум паметна што сум пришла? Стварно не можам да ги разберам, зашто јас се обидов само да помогнам, и ете во моја ситуација не згрешив. Едноставно кога ќе помогнам на некој растам.

Ме интересира, што мислите вие? Дали во таква ситуација треба да се пријде и да се помогне, барем со едноставно прашање дали ви е добро, или треба да се седи на страна за во некој случај да не се деси да ви речат дека не е ваша работа?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Fallen кога тебе ти е тешко и имаш мака или пак плачеш сакаш некој да те праша како ти е и дали ти треба помош или сакаш сите да се прават на удрени?

Кога прв пат слушнав дека во Америка ако на некого му се слоши на улица и падне во несвест жив човек не застанува за помош страшно се зачудив и сметав дека е крајно себично и нехумано, сметаш ли дека и кај нас треба така да дојде?

Јасно ако можам ќе помогнам секогаш и секаде исто како што ценам кога и мене некој ми понудил помош кога ми требала а не сум ја побарал.

Мислам ти одговорив на твоето прашање :).
 
М

Мартин`

Гостин
Прави како што мислиш ти, батали што мислат и прават другите они за нив ти за тебе..
Според мене си постапил правилно, посебно кога се работи за постари луѓе на кои секоја помош е добредојдена и се најчесто осамени (y)
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Откако почнаа луѓето да го почитуваат тоа ,,НЕ Е МОЈА РАБОТА,, се некако на удолница иде работата. А верувај некогаш иако не изгледа така Е НАША РАБОТА, зошто не можеш да знаеш, можеби ти си тој кој е предодреден во таа ситуација да му помогне на некого. И помагањето (нормално, доколку некако можеш да помогнеш) воопшто не е лоша работа, напротив. Така да, исправно си направил/а.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јас уште од мал сум воспитан на кого можам да помогнам,да му помогнам.Па така слично би постапил и јас.
За мене можам да кажам дека сум хумана будала.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Само пет поста и одма почнавте со генерализации, хуманиот човек не е будала. Ако така викате сами за себе, ондак лесно може да го лоцирате проблемот.
Порано признавам и јас спаѓав во оние што молчеле и сериозно мислев дека туѓиот живот не е моја работа, едноставно така е како што е. Ама кога сфатив дека е тоа линија на помал отпор ми се измени мислењето. Па така не се воздржувам да се замешам во туѓа приказна, ако човек ми дозволи. Најчесто луѓето сакаат да ги ислушаш и со тоа немам проблем. Имам проблем кога тоа кукање е оговарање на сопствен брат, сестра, мајка, татко. Со такви луѓе не контактирам или сечам разговор без ни малку грижа на совест.
Мразам кога се исмејуваат со питачи, кога ги маршираат од пред очи, кога шутираат сирот човек, кога гледаат како некој млати дете, тепа животно и што ти јас знам. И се бунам. Може некој пат ќе наидам на волеј на некоја будалетинка, ама засега не проаѓам лошо.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Постов ми беше инспирација да се регистрирам...камо среќа да имаше повеќе луѓе што размислуваат како тебе во смисла да му се помогне на непознат (со очигледни исклучоци како цигани што бараат 10 ден а додуше сакаат да те ограбат и ситуации кои изгледаат на опасни). Можеби треба да им го дадеш на твоите да го видат видеово http://www.youtube.com/watch?v=LfeXxkbgCVE&feature=related
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Постов ми беше инспирација да се регистрирам...камо среќа да имаше повеќе луѓе што размислуваат како тебе во смисла да му се помогне на непознат (со очигледни исклучоци како цигани што бараат 10 ден а додуше сакаат да те ограбат и ситуации кои изгледаат на опасни). Можеби треба да им го дадеш на твоите да го видат видеово http://www.youtube.com/watch?v=LfeXxkbgCVE&feature=related
Видеото е баш поучно и да ти кажам искрено ми дојдеа солзи на очите, сепак тоа е вистината на нашето секојдневие.:(

Fallen, браво за тебе! Сега се уверив дека ВИСТИНСКИТЕ луѓе уште не се изумрени и дека сеуште постојат хуманисти. Јас би постапила исто како тебе, понекогаш некој човек се моли и се би дал за една мала трошка внимание ама тоа е... :unsure:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во темава ќе тргнам од себе си. Кога сум нервозна или кога плачам несакам никој да видам пред себе. Тогаш не разговарам со никого и најмалку ми требаат нечии прашања особено од непознати.
Но девојче твојот пристап е одличен,ти прашуваш само дали е добра. Навистина ме остави без зборови, јас никогаш не би тргнала кон некој што не го познавам да го прашам дали е добар. Ти симнувам капа.
 
S

smexy

Гостин
Абе немаше ваква тема?
Нешо како Дали вреди да се биде добар?
 
M

Mussolini

Гостин
Во темава ќе тргнам од себе си. Кога сум нервозна или кога плачам несакам никој да видам пред себе. Тогаш не разговарам со никого и најмалку ми требаат нечии прашања особено од непознати.
Но девојче твојот пристап е одличен,ти прашуваш само дали е добра. Навистина ме остави без зборови, јас никогаш не би тргнала кон некој што не го познавам да го прашам дали е добар. Ти симнувам капа.
сакаш да кажеш ако ти беше на местото на типката на која ја питаа дали е добро, дрско ке изреагираше? прашањето е поставено врз база на тоа шо е болдирано...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
сигурен сум дека секој кој ќе направи било какво хумано дело ќе почуствува нешто убаво во него.....бидете хумани,правете добрини,но претпазливо !!
 
F

FilipMacedon

Гостин
Најтрагично е што ако направиш различно(без разлика добро,лошо) од другите,ке те гледаат како ненормален...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
сакаш да кажеш ако ти беше на местото на типката на која ја питаа дали е добро, дрско ке изреагираше? прашањето е поставено врз база на тоа шо е болдирано...
Пристапот е одличен,сигурно ќе извлечела само насмевка на моето лице,покрај солзите.Никој не би одолеал на таков пристап,не те прашуваат ништо лошо,само дали си добра,само тоа ти треба во моментот.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Луѓе, фала за поддршката. Него, у контекст на темата, глејте поише да одговарате у смисла, што мислите, дали е подобро да се помогне на некој во таква ситуација, или да се остане на страна за да не испаднеш будала... И под помагање, секако не се подразбира само мојот 'метод', да се праша некој дали е добар, него и нешто повеќе, било што. Дали би ја однеле таа бабичката што ја спомнав, збунетата на автобуска, до дома? Или, не мора да се ограничуваме само на овие два примери, еве и трет, ако видите некој да ограбуваат или нападнат на улица, дали ќе се вклучите да му помогнете или ќе стоите од страна како и повеќето и ќе направите 'ринг' за учесниците? Ме интересира дали размислувате како мене, или во случајов, како моите - сметате дека со помагање се изложувате на ризик од исмевање?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom