Уште една хуманитарна игричка, само што сега со секој точен одговор донирате брашно.
Од она што можев да прочитам за овие две игри и организацијата која стои позади нив мислам дека вреди да им се посвети внимание и да се потроши некое кило од бандвитот.
Впрочем, организацијата заработува на тој начин што преку Google Adwords наплаќаат по 25 центи на секој 1000 посети на нивната страна од фирмите кои сакаат да се рекламираат на freeflour.com
Организацијата се стреми кон изградба на фарми во делови на Африка со цел да се едуцира населението и да си помогне себеси така што би се намалил бројот на гладни во тој регион.
Кој сака повеќе да прочита, еве линк до страната на организацијата.
Eдит: Од вчера има некој проблем страната ,па се надевам дека во најбрзо време ќе ја средат а до тогаш ќе донираме ориз.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.