Дечки едно прашање. Имам 2 хрчачиња машко и женско. До пред недела дена беа одделени бидејќи женската беше трудна, израсна 6 малечки и ги раздадов па ај викам нека си праат "друштво" ќе ги спојам пак, машково го ставив кај женското, и едно време беа мирни си играа ама таа игра беше 2 - 3 дена, после тоа не ми изгледаше за игра. Машково почна да ја гризе, и тоа асално, и вчера гледам ја одрал на грбот и тоа убаво, при што веќе имаше и крв од грбчето на женската. Прашањето ми е и следново, што да се прави, има ли некој вакво (или слично) искуство? Eве од вчера навака ниту се гризат нит ништо ама често се дешава машково да земе да ја лиже кај раната, и појма неам зошто го прави тоа.