Хрчаци

DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
1. Земи поголем стаклен аквариум или кафез од жица. Ставете клацкалка, тунел или тркало со што ќе му овозможите на хрчакот да биде активен. Хрчаците посебно го сакаат тркалото.

2. Чувајте само еден хрчак во кафезот, бидејќи не се многу дружељубиви животинчиња.

3. Исполнете го кафезот со струготини/пилевина што ќе го грее хрчакот. Тој ќе си одбере еден агол од кафезот што ќе му биде “тоалет“.

4. Давајте му за јадење мешана храна. Заедно со онаа што ја има во секој "Pet Shop" дадете му овошје, зеленчук, варено јајце или парче кашкавал ( само да не е со премногу оштар и јак вкус ).

5. Не бидете во заблуда дека хрчакот не смее да пие вода. Ставете му чинивче со вода и менувајте ја барем секој втор ден.

6. Чистете го кафезот секоја недела. Отстранете ја сета плевина и темелно исчистете, бидејќи урината на хрчакот е со многу непријатна миризба.

7. Внимавајте на здравјето на хрчакот и со време детектирајте ги болестите од кои може да заболи овој вид, вклучувајќи дијареа, видливи тумори, преладеност итн.

8. Хрчаците не се тип на животни кои се приврзуваат, покажуваат љубов и се внимателни со својот “стопан“, па може да се случи и поприлично силно да ве каснат ако сакате да си играте со нив. Не се многу чувствителни животни, живеат препуштајќи се на инстинктот.
Јас имам проблем со мојов.неможам во раце да го фатам мн.гризе.Едвај сега некако се качува на куќата и ме грицка по раката па после се качува.А незнам што раса е.Кога го земав ми изгледаше како обичен глушец:nesvest:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Има едни видови хрчаци што се напротив многу дружељубиви и паѓаат во депресија доколку нема уште еден хрчак со нив во аквариумот, не ми текнува како се викаа. Особено треба да се внимава ако се земе таков тип хрчак затоа што не сакаат да се мешаат со некои други видови бидејќи може да се степаат и тоа да доведе до смрт. Информирајте се убаво таму каде што ќе го купите затоа што неретко и продавачите не знаат каков тип е хрчакот.
 
DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
Јас го собрав од еден другар:nesvest:
 
А

Аниии

Гостин
Цел живот чувам хрчаци и сите ми умираа многу брзо па се откажав:tapp:

КАКО МОЖЕ БЕ ВОДА ДА НЕ МУ СЕ ДАВА... АЈ ТИ НЕМОЈ ДА ПИЕШ ВОДА ДА ВИДАМ ДАЛИ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ...:tapp:
Мене едниот хрчак ми умре пошо му дадов вода...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Do sega nemam cuvano hrcak a mnogu sakam da cuvam takvo slatko sustestvo, mnogu se mili.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Хрчаците СМЕАТ да јадат:

  • Банана
  • Боровинки
  • Брусница
  • Грозје (без семки)
  • Диња
  • Јаболко (без семки)
  • Јагоди (во помала количина)
  • Калинки
  • Канталупа (не би знаел што е ова)
  • Листови од малина (од помош при дијареа)
  • Лисцес
  • Малина
  • Манго
  • Праска (без семка)
  • Слива (без семка)
  • Цреши

  • Аспарагус
  • Блитва
  • Брокула
  • Воден костен
  • Грашок
  • Детелина
  • Ендивија
  • Зелен грав
  • Зелена салата (марула)
  • Зелка (во поретки случаи)
  • Карфиол
  • Кељ
  • Костен
  • Краставица
  • Листови од глуварче
  • Морков
  • Никулци од грашок
  • Пченка
  • Радиќ
  • Репка
  • Салата поточница
  • Сладок компир
  • Спанаќ
  • Тиква
  • Тиквици
  • Целер
  • Цикорија

  • Јајце
  • Јогурт со ниска масленост
  • Леб (натопен во млеко од соја или безмаслено млеко)
  • Мелено јагнешко месо (претходно добро да се измие со топла вода)
  • Пилешко
  • Риба (без кожа и коски)
  • Сирење со ниска масленост
  • Скакулци
  • Тофу-сирење
  • Храна за кучиња (без лук и кромид)
  • Црви
  • Штурци

  • Алфалфа
  • Варена тестенина
  • Елда
  • Житарки (без шеќер)
  • Зобена каша
  • Кафеав ориз
  • Кикиритки (НЕСОЛЕНИ!)
  • Леќа
  • Лешници (бадеми непрепорачливи)
  • Прехранбен квасец
  • Пуканки (несолени и без путер)
  • Пченични семки
  • Семе од лен
  • Семки од соја (пржени и без сол)
  • Семки од тиква (НЕСОЛЕНИ!)
  • Сирење
  • Сув двопек
  • Сусам
  • Храна за деца (без шеќер, лук и кромид)
 
Ficc

Black & White
Член од
18 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
263
Јас планирам да купам хрчак, но не сум доволно информиран.
Дали треба да се бања ? Каква храна специфично треба ? Има ли некои посебни раси така по дружељубиви, да побарам кога ќе одам да купам.
Другар ми рече дека ставал тоалет хартија под пилевината, дали е тоа добро ?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314

Не треба да се бања, самите се чистат. За храна, има специјална во пет шоповите и можеш ти да му додаваш разновидна секој ден, но никако за со моркови и зелки да го храниш, бидејќи многу ќе смрди урината и ги нема потребните витамини и минерали.
Тоалет хартија не ти препорачувам, пошто ќе ја упие миризбата и многу ќе смрди, па ќе треба секој ден да чистиш. :)

И нема посебни раси што покажуваат повеќе емоции. Сите хрчачиња живеат од инстинкт и не покажуваат љубов. Само можеш да ги трчаш со рацете, една пред друга да ги менуваш цело време. Мене тоа ми беше забавно порано. :pos:

И да, би ти препорачала морско прасе кога веќе зимаш глодар. Принципот на чување е скоро ист и повеќе се приврзуваат од хрчаците. :)
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
И да, би ти препорачала морско прасе кога беќе зимаш глодар. Принципот на чување е скоро ист и повеќе се приврзуваат од хрчаците. :)
Дур сме за морскиве прасиња. Едно низ дома се мотат по аквариумон, ал да му земам друшка од спротивен пол за интимни средби, ал не?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дур сме за морскиве прасиња. Едно низ дома се мотат по аквариумон, ал да му земам друшка од спротивен пол за интимни средби, ал не?
Не е нужно. Можеш да му земеш за да не се осеќа осамено ако не сте дома и нема кој да го дружи, ал во случај да имаш малите каде да ги чуваш/дадеш/итн. Пошто не верувам дека би сакал цела армија да чуваш. :D
И не е пожелно цело време да бидат заедно, пошто напорно ќе биде за женката да е трудна цело време и да ги дои малите.:)
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Не е нужно. Можеш да му земеш за да не се осеќа осамено ако не сте дома и нема кој да го дружи, ал во случај да имаш малите каде да ги чуваш/дадеш/итн. Пошто не верувам дека би сакал цела армија да чуваш. :D
Колку мали од еден пороѓај излегвет? Дал се чувет заедно со мајката ил не? Услови за чување, храна дур не пораснет... Дај поткажи нешо, баш би сакал армија. :D
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Колку мали од еден пороѓај излегвет? Дал се чувет заедно со мајката ил не? Услови за чување, храна дур не пораснет... Дај поткажи нешо, баш би сакал армија. :D
Од 10 до 15. И нормално дека се чуваат со мајката, пошто цицаат. Не се потребни посебни услови, само таткото не смее да е со нив пошто ќе сака да ги апне. За храна... си имаат во млекото се` што им треба.:)
И одбегнувај овошје и зеленчук да и даваш дур ги дои.

И не толку битна информација, пошто самите ќе почнат да си јадат... Веќе после 1вата недела ќе можат со нормална исхрана да почнат. И пожелно е витамин Ц да им давате.

И тоа би било тоа.:)
 
Ficc

Black & White
Член од
18 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
263
Не треба да се бања, самите се чистат. За храна, има специјална во пет шоповите и можеш ти да му додаваш разновидна секој ден, но никако за со моркови и зелки да го храниш, бидејќи многу ќе смрди урината и ги нема потребните витамини и минерали.
Тоалет хартија не ти препорачувам, пошто ќе ја упие миризбата и многу ќе смрди, па ќе треба секој ден да чистиш. :)

И нема посебни раси што покажуваат повеќе емоции. Сите хрчачиња живеат од инстинкт и не покажуваат љубов. Само можеш да ги трчаш со рацете, една пред друга да ги менуваш цело време. Мене тоа ми беше забавно порано. :pos:

И да, би ти препорачала морско прасе кога беќе зимаш глодар. Принципот на чување е скоро ист и повеќе се приврзуваат од хрчаците. :)
Ај ако можеш пиши ми ги разликите помеѓу морското прасе и хрчакот ( и цената ). Сигурно ли е тоа дека секој хрчак/морско прасе си одредува "тоалет", и ако го хранам со витанимска храна или храна од пет шоповите дали урината ќе мириса толку лошо ?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ај ако можеш пиши ми ги разликите помеѓу морското прасе и хрчакот ( и цената ). Сигурно ли е тоа дека секој хрчак/морско прасе си одредува "тоалет", и ако го хранам со витанимска храна или храна од пет шоповите дали урината ќе мириса толку лошо ?
Си одредува, да. Најчесто во еден ќош од аквариумот си вршат нужда, пошто морските прасиња посебно се чисти животни. Се приметува тоа и откако ќе се породи, веднаш ги лиже сите мали и чисти и самата им спрема да им биде удобно.:)
Урината ќе мириса ако претеруваш со зеленчук, а посебно со зелка.
За цената треба да се распрашам, но не верувам дека има некоја голема разлика.

А разликата во однесувањето е тоа што ти пишав. Хрчаците се само од инстинкт, а прасето може да осети љубов, сака гњавење, сака да му посветуваш внимание и според мене е помило животинче за чување.:)
 
Ficc

Black & White
Член од
18 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
263
Фала многу за одговорите, после школо одам во Pet Shop има тука блиску. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom