1. Земи поголем стаклен аквариум или кафез од жица. Ставете
клацкалка,
тунел или
тркало со што ќе му овозможите на хрчакот да биде активен. Хрчаците посебно го сакаат тркалото.
2. Чувајте само еден хрчак во кафезот, бидејќи не се многу дружељубиви животинчиња.
3. Исполнете го кафезот со
струготини/пилевина што ќе го грее хрчакот. Тој ќе си одбере еден агол од кафезот што ќе му биде “тоалет“.
4. Давајте му за јадење мешана храна. Заедно со онаа што ја има во секој "Pet Shop" дадете му овошје, зеленчук, варено јајце или парче кашкавал ( само да не е со премногу оштар и јак вкус ).
5. Не бидете во заблуда дека хрчакот не смее да пие вода. Ставете му чинивче со вода и менувајте ја барем секој втор ден.
6. Чистете го кафезот секоја недела. Отстранете ја сета плевина и темелно исчистете, бидејќи урината на хрчакот е со многу непријатна миризба.
7. Внимавајте на здравјето на хрчакот и со време детектирајте ги болестите од кои може да заболи овој вид, вклучувајќи дијареа, видливи тумори, преладеност итн.
8. Хрчаците не се тип на животни кои се приврзуваат, покажуваат љубов и се внимателни со својот “стопан“, па може да се случи и поприлично силно да ве каснат ако сакате да си играте со нив. Не се многу чувствителни животни, живеат препуштајќи се на инстинктот.