Хрчаци

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Сибирски е,плус уште ќе расте ако е млад. А за изметот незнам,давај му овошје и зеленчук повеќе.
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
До сите што чуваат/ќе чуваат хрчаци ,

МОРА ДА ИМААТ ПОИЛКА ЗА ВОДА. ТОА ДЕКА НЕ ПИЕЛЕ ИЛИ НЕ ИМ ТРЕБАЛО СЕ _ЧИСТИ_ГЛУПОСТИ_.
Незнам како може да има толку не компетентни продавачи кои дури и би му сугерирале на потенцијалниот нов сопственик дека водата не им биле неопходна ако давале зелени ствари.​
Па добро бе луѓе размислете која им е основна храна? каква е таа храна? Фино лепо земете една од најмалите поилки за глодари ( оние како превртени шишенца со цевче метално и куглица на крајот и гледајте демек како вашето милениче не пиело вода....)​
 
Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
Ako poznavate nekoj sto cuva beli gluvcina i eventualno podaruva ili prodava edna zenka ( za domasno milenice ne za hrana :D )bi bila mn srekna :D
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
13
Поени од реакции
4
До сите што чуваат/ќе чуваат хрчаци ,

МОРА ДА ИМААТ ПОИЛКА ЗА ВОДА. ТОА ДЕКА НЕ ПИЕЛЕ ИЛИ НЕ ИМ ТРЕБАЛО СЕ _ЧИСТИ_ГЛУПОСТИ_.
Незнам како може да има толку не компетентни продавачи кои дури и би му сугерирале на потенцијалниот нов сопственик дека водата не им биле неопходна ако давале зелени ствари.​
Па добро бе луѓе размислете која им е основна храна? каква е таа храна? Фино лепо земете една од најмалите поилки за глодари ( оние како превртени шишенца со цевче метално и куглица на крајот и гледајте демек како вашето милениче не пиело вода....)​

Поздрав и извини што ти упаѓам во постов али морам да те прашам нешто ако знаеш да ми одговориш - ти благодарам
- Имам хрчаци два (женско и машко), пред месец и пол женката ми роди 8 хрчачиња од кои само 5 преживеаа и се во супер состојба. Пред 4 дена заприметивме дека Буцка-женката пак е трудна(малку и се познаваше на неа- не ко претходниот пат) и еве сабајлево пак роди 5 ама мртви... цел ден само лежи, не диши добро, се нема ич поместено, не јаде, не пие вода.
Што да направиме за да и биде подобро( дали сето тоа и е од породувањето или има некоја болест). Ве молам одговорете ми
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
Здраво, бидејќи има родено мртви и тоа сите , најверојатно станува збор за некоја компликација при бременоста/породувањето. Не верувам дека имаш некој голем избор што да направиш ти самиот. Или пак било кој.

Во принцип не би требало да чуваш машко и женско хрчаче заедно бидејќи тие ќе се парат при секоја дадена прилика а бременост по бременост не е баш и во прилог за женската како што гледаш. Најчесто е изнемоштувачки по организмот и знае да води до компликации како што еве имаш приметено. Затоа се остава подолг период помеѓу парењето. Најдобро е да ги чуваш одвоено или пак да речеме две женски.

Можеш да пробаш да ја излажеш со нејзината омилена храна или пак некоја зелена работа која што знаеш дека ја сака. Стави и блиску до нејзе и посматрај дали би реагирала/јадела итн .... но во главно тоа е тоа.

Назад на темава, најдобриот и корисен совет би бил да отидеш до ветеринар и да прашаш таму ( незнам од каде си но во глобала кај нас ветеринариве освен за добиток и крупна живина не ги бива за ништо , секоја чест за оние малкуте што се исклучоци). Не верувам дека би сменило многу и не сакам да звучам песимистички но ситуацијата звучи како за крај на твојата Буцка. Белки да сум грешка и да не е така. Почекај до утре и извести не што биднало

Поздрав
 
Ти благодарам за одговорот,
Буцка од ко се породи првиот пат машкото го ставивме во друг терариум и од тогаш не го пуштавме кај неа.. после 1 месец од ко почнаа малите да одат, јадат, Буцка е пуштивме 2-3 пати кај Мики - машкото, онака на 5-10 минути ама изгледа за тоа време тие направиле нешто.
Само да ве известам дека повеќе е нема Буцка :( само што ни умре (не дава никакви знаци за живот) :( а многу се приврзавме кон неа, многу беше интересна....
Едно од малите што ги роди 99% личи на неа па ќе ни дојде како нејзина замена.
Поздрав до тебе и уште еднаш ти благодарам за одговорот
 
М

Мартин`

Гостин
Многу нежни се хрчаците таман ќе се приврзеш за него што се вика ќе му стане нешто.. имав јас порано 2-3 месеца максимум живееше и толку.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
67
Поени од реакции
6
пред неколку часа го допрев хрчакот не реаѓираше.....па мислам дека се замрзнил...го стоплив но сеуште нема никакви знаци...што да правам сега ?
 
B

BrunoFresh

Гостин
пред неколку часа го допрев хрчакот не реаѓираше.....па мислам дека се замрзнил...го стоплив но сеуште нема никакви знаци...што да правам сега ?
Не сакам да те разочарам но хрчаците умираат на тој начин, макар и да се во позиција на спијање. Се здрвуваат кога ќе умрат. Башка џабе ти е топлење сеа доколку не си го стоплил предтходно и си го чувал на ладно место.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
пред неколку часа го допрев хрчакот не реаѓираше.....па мислам дека се замрзнил...го стоплив но сеуште нема никакви знаци...што да правам сега ?
Внеси го во топла соба да биде на топло, ако претходната ноќ/ден бил на ладно, можно е да е во хибернација, ќе поровериш дали дише,ептен малку се познава треба внимателно да гледаш, ако после некое време сеуште не се разбуди или покажува знаци на живот најверојатно е мртов, мада можно е само да е во фаза на хибернација, т.е да изгледа како мртво а всушност е живо.Јас кога чував хрчки едното беше вкочането откако температурата во собата беше паднала и сабајлето моите ми викаа мрвтво е ова она, јас едно саат -два го држев во раце и го топлев со рацете и после тоа се оправи и го ставив во топла соба и таму си го чував потоа, живееше година ипол, две.
 
Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.188
Поени од реакции
2.101
Дали мирисаат ? Сакам да земам едно ама незнам во што да го чувам тоа кафезот многу скап ми изгледа...? Имате некое импровизирано решение ? :D
 
B

BrunoFresh

Гостин
Дали мирисаат ? Сакам да земам едно ама незнам во што да го чувам тоа кафезот многу скап ми изгледа...? Имате некое импровизирано решение ? :D
Да си симниш апликација на телефон. Ни ќе плаќаш пари, ни ќе ти мириса ни ништо.
Глупави прашања поставуваш, секое животно е дел од природата. И тие како луѓето мирисаат, живи суштества се. Доколку си заинтересиран да чуваш хрчак неможиш со 50 денари да си поминиш. Во зависност од големината на хрчакот, таков и кафез треба да земиш, а колку поголем толку поскап. Башка размисли малце, и тебе да те стават во цевка кај што неможиш да мрдаш само имаш место главата да ја свртиш, и тебе ќе ти биди заебан животот и мизерен. Башка размислувај дека трба да даваш пари за пилевина и храна. 1 месечно пилевина, 2-3 пати месечно од храната. Башка други работи ако сакаш да декорираш кафезот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom