Хроно Исхрана

Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Тие "смешни" биорезонантни апаратчиња и технологии мене ме имаат спасено од ужасни алергии за кои класичната медицина и начин на размислување кои ги величиш само ми ја влошија состојбата и ми рекоа дека "не може да се излечат".
Немам намера, време и не е ни местото во темата да дискутираме за ефикасноста на биорезонантната технологија, а и немам причина само поради тоа да фрлам камења по легитимна ординација која работи по сите правила, и тие како и многу други ординации сакаат да заработат некој денар плус покрај легитимната медицина со овие апарати кои немаат ефект.

Очигледно ти си таа која треба повеќе да прочиташ за нив:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bioresonance_therapy
Wikipedia напиша:
Биорезонантната терапија е псеудонаучен медицински концепт, според кој е предложено дека електромагнетни бранови може да се користат за да се дијагностицираат и лекуваат разни болести.
Според Quackwatch оваа терапија е комплетно бесмислена, а механизмот на дејство е невозможен.
Да, тоа е еден и најчесто употребуван начин да ослабеш, но науката моментално се занимава со начини да влијае врз начинот на кој функционира организмот, ги топи/складира внесените масти и ред други работи, што е всушност сосема различен пристап кон проблемот, што не значи дека не е ефективен.
Да, но дали резултатите се разликуваат доволно од тие обични начини за да оправдаат прегледи од 100 евра? Јас би рекол не. И обична диета, броење на калориите и учење за храната ќе придонесе до слабеење, одржување на тежината и обликување на телото.

Начинов на исхрана дефинитивно има резултат, за прв пат мајка ми се подложи на ова пред година дена во Белград кога во Скопје уште не беше отворено и од тогаш мајка ми има ослабено 20кг. Не ми се верува дека некој може да каже дека е „пичкин дим“ кога пред секој преглед се прави детална лабораторија со 15тина параметри што понатака креираат што и како може да се јаде и се исклучува можноста од гојазност ради тироидната жлезда. Башка не е како диетите што ги држиш одреден период па кога ќе прекинеш да ги држиш ги враќаш изгубените кила. Ова ти е посебна исхрана што откако ќе го завршиш рестриктивниот период продлжуваш по принципите и не ги враќаш изгубените килограми, а во практика јадеш се што сакаш.
Има резултати затоа што се темели на идејата дека треба да помине време после јадењето пред да јадеш нешто друго, не е голема филозофија, и чекај малку, па тоа значи дека со чекањето се намалува времето достапно за јадење, а со тоа и можноста се внесат премногу калории. Таа идеја не вреди 100 евра по преглед.
Тие 15 параметри лабораторија коштаат 200 денари за преглед, и тешко дека тоа имплементирање на тие резултати во диетата вреди за тие пари.

Овде наплаќаат за чувството на сеопфатност, демек комплетно испитување, чувството за препуштање на ситуацијата во сигурни раце. А целата постапка всушност е параван за обични испитувања кои се достапни само за фракција од цената.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
@840223
Чисто информативно јави се по лабораториите да прашаш колку коштаат овие параметри, просечно ќе добиеш цена од 3000 денари, не глуми мангуп без никакво знаење, еве ти кој параметри се потребни и побарај по интернет цени од лабораторииве:
-седиментација, комплетна крвна слика со серумско железо
-гликемија, уреа, креатинин, мочна киселина и преглед на урина
-липиден статус(вкупен холестерол,HDL,LDL,триглицериди) -ензимски статус(AST,ALT,GGT) билирубин вкупен и директен и тироиден статус(FT4,TSH)
-одредување на витамин Д и хомоцистеин по индикација на лекар специјалист

Јас лично добив просек од 3000 само за лабораторијата

И ликнови од wikipedia не, тие линкови може кој сака да ги уредува во секое време. Thanks :Кезец:
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Немам намера, време и не е ни местото во темата да дискутираме за ефикасноста на биорезонантната технологија, а и немам причина само поради тоа да фрлам камења по легитимна ординација која работи по сите правила, и тие како и многу други ординации сакаат да заработат некој денар плус покрај легитимната медицина со овие апарати кои немаат ефект.
Заклучоков дека овие технологии немаат ефект ти е базиран очигледно на рекла казала муабети, јас од лично искуство тврдам дека имаат и тоа огромен ефект. :)
Исто така, како што можеш да забележиш, никаде не фрлам со камења по легитимни ординации - едноставно не се ограничувам на нив, оставам простор и за други алтернативни методи.
Очигледно ти си таа која треба повеќе да прочиташ за нив:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bioresonance_therapy
Ако веќе се фаќаме за википедија погледни ја историјата и ќе увидиш зошто го пишува тоа што го пишува, исто како и за секоја друга контроверзна тема:
http://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Bioresonance_therapy&action=history
Не може една статија на википедија, која како што наведе членот над мене, може да биде ажурирана од секој, да ме разубеди дека терапииве немаат врска кога мене овие терапии ме спасија.

Fun fact, додека одев на овие терапии се запознав со луѓе кои благодарение на таа класична медицина со кортикостероиди (конкретно зборам за мојата дијагноза) сега ќе си имаат цел живот проблеми со срце. И сега сакаш да кажеш дека тие луѓе се ненормални што бараат алтернативни методи за лечење?

За остатокот од твојот пост не коментирам зошто, како што наведов, не сум доволно запознаена со диетиве и чудава. Јас се фатив за твојот коментар дека биорезонантните терапии се лага.

P.S. Еве ти научни трудови што се далеку порелевантен извор од статија на Википедија.
http://www.reson8.uk.com/Downloads/GeneralAllergy.pdf
http://www.jpchapuis.net/TextesInfo/HerrmannGalleEUJIM3-2011.pdf
http://www.bicom.se/Artiklar/are there evidence based studies.pdf
Не за џабе на факултети не дозволуваат да цитираш статии од Википедија. :)
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
@840223
Чисто информативно јави се по лабораториите да прашаш колку коштаат овие параметри, просечно ќе добиеш цена од 3000 денари, не глуми мангуп без никакво знаење, еве ти кој параметри се потребни и побарај по интернет цени од лабораторииве:
-седиментација, комплетна крвна слика со серумско железо
-гликемија, уреа, креатинин, мочна киселина и преглед на урина
-липиден статус(вкупен холестерол,HDL,LDL,триглицериди) -ензимски статус(AST,ALT,GGT) билирубин вкупен и директен и тироиден статус(FT4,TSH)
-одредување на витамин Д и хомоцистеин по индикација на лекар специјалист

Јас лично добив просек од 3000 само за лабораторијата

И ликнови од wikipedia не, тие линкови може кој сака да ги уредува во секое време. Thanks :Кезец:
Иако сите овие анализи (освен витамин Д) се дел од основниот пакет на лабораториски услуги покриен од ФЗОМ чија партиципација кошта (и во приватни лаборатории) околу 185 денари, и се сомневам дека го направиле витамин д тестот (зашто нели немало потреба според специјалист), ама ете, и да го направиле, и самиот кажуваш дека преку сила, максимално цената е 3000 денари на приватно за цел пакет, другите 3000 се премногу за да ти каже да не јадеш еден час после јадење и безвредни анализи со биорезонантни апаратчиња.
Заклучоков дека овие технологии немаат ефект ти е базиран очигледно на рекла казала муабети, јас од лично искуство тврдам дека имаат и тоа огромен ефект. :)
Исто така, како што можеш да забележиш, никаде не фрлам со камења по легитимни ординации - едноставно не се ограничувам на нив, оставам простор и за други алтернативни методи.

Ако веќе се фаќаме за википедија погледни ја историјата и ќе увидиш зошто го пишува тоа што го пишува, исто како и за секоја друга контроверзна тема:
http://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Bioresonance_therapy&action=history
Не може една статија на википедија, која како што наведе членот над мене, може да биде ажурирана од секој, да ме разубеди дека терапииве немаат врска кога мене овие терапии ме спасија.

Fun fact, додека одев на овие терапии се запознав со луѓе кои благодарение на таа класична медицина со кортикостероиди (конкретно зборам за мојата дијагноза) сега ќе си имаат цел живот проблеми со срце. И сега сакаш да кажеш дека тие луѓе се ненормални што бараат алтернативни методи за лечење?

За остатокот од твојот пост не коментирам зошто, како што наведов, не сум доволно запознаена со диетиве и чудава. Јас се фатив за твојот коментар дека биорезонантните терапии се лага.

P.S. Еве ти научни трудови што се далеку порелевантен извор од статија на Википедија.
http://www.reson8.uk.com/Downloads/GeneralAllergy.pdf
http://www.jpchapuis.net/TextesInfo/HerrmannGalleEUJIM3-2011.pdf
http://www.bicom.se/Artiklar/are there evidence based studies.pdf
Не за џабе на факултети не дозволуваат да цитираш статии од Википедија. :)
Е баш овие линкови кои ми ги даде се нерелевантни, тоа сите се страни на производители и продавачи на такви апарати, а немам време ни да започнувам за текстовите кои ги даде, во најмала рака се смешни.
На пример за линкот со опсервационата студија, ако тоа е германски производител кој произведува толку ефикасни апарати за лечење алергии (болката на денешната медицина) зошто тоа мора да го потврдува со некоја треторазредна студија и тоа не клиничка со сите правила на рандомизација и заслепување, туку со опсервациона во некоја безимена кинеска болница, а не во некоја германска клиника.
Затоа што тие апарати се безвредни.

И во постарите мислења гледам дека се разбираш во информатика и компјутерски технологии, можеби имаш слаби познавања од медицина и биологија, ама смешно е да веруваш во овие тврдења, нема никаков резон за овие апарати да делуваат.

Има и објаснувања за наводните позитивни ефекти на лечењето со овие кај тебе и кај другите пациенти, едноставно луѓе сме, ни делува сугестијата, ама не е ни место, ни време сега за тоа.
 
Последно уредено:

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Иако сите овие анализи (освен витамин Д) се дел од основниот пакет на лабораториски услуги покриен од ФЗОМ чија партиципација кошта (и во приватни лаборатории) околу 185 денари, и се сомневам дека го направиле витамин д тестот (зашто нели немало потреба според специјалист), ама ете, и да го направиле, и самиот кажуваш дека преку сила, максимално цената е 3000 денари на приватно за цел пакет, другите 3000 се премногу за да ти каже да не јадеш еден час после јадење и безвредни анализи со биорезонантни апаратчиња.

Е баш овие линкови кои ми ги даде се нерелевантни, тоа сите се страни на производители и продавачи на такви апарати, а немам време ни да започнувам за текстовите кои ги даде, во најмала рака се смешни.
На пример за линкот со опсервационата студија, ако тоа е германски производител кој произведува толку ефикасни апарати за лечење алергии (болката на денешната медицина) зошто тоа мора да го потврдува со некоја треторазредна студија и тоа не клиничка со сите правила на рандомизација и заслепување, туку со опсервациона во некоја безимена кинеска болница, а не во некоја германска клиника.
Затоа што тие апарати се безвредни.

И во постарите мислења гледам дека се разбираш во информатика и компјутерски технологии, можеби имаш слаби познавања од медицина и биологија, ама смешно е да веруваш во овие тврдења, нема никаков резон за овие апарати да делуваат.

Има и објаснувања за наводните позитивни ефекти на лечењето со овие кај тебе и кај другите пациенти, едноставно луѓе сме, ни делува сугестијата, ама не е ни место, ни време сега за тоа.
Абе си влегол то во масимо дути да им кажеш дека материјалот за кошулите им кошта 100 денари и дека треба 100 денари да ги продаваат?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Абе си влегол то во масимо дути да им кажеш дека материјалот за кошулите им кошта 100 денари и дека треба 100 денари да ги продаваат?
Не ти е на место коментарот и заради тоа мислам дека целта на целата тема ти е само реклама.
Ама го потврдува она што го реков, со тие пари ти го плаќаш спакуваното, тоа е само параван, лажна сигурност во целиот пакет. Ако имате пари за фрлање, повелете. Јас кога се работи за моето здравје сакам искреност, ако денес ме лажи со апаратчиња кои се неделотворни, утре ќе ми продава витамини и минерали, задутре може ќе препорача и непотребна операција или слично.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Не ти е на место коментарот и заради тоа мислам дека целта на целата тема ти е само реклама.
Ама го потврдува она што го реков, со тие пари ти го плаќаш спакуваното, тоа е само параван, лажна сигурност во целиот пакет. Ако имате пари за фрлање, повелете. Јас кога се работи за моето здравје сакам искреност, ако денес ме лажи со апаратчиња кои се неделотворни, утре ќе ми продава витамини и минерали, задутре може ќе препорача и непотребна операција или слично.
Ок, не ми одговори на горенаведеното прашање од твои причини, секој труд е valued и кај имаш ти право да кажеш колку кошта, да не сакаш и на тебе да ти платат што доаѓаш?
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Во ноември за прв пат во Македонија започна со работа единствениот програм за хроно исхрана.
Во суштина со овој начин на исхрана се успорува стареењето и на здрав начин се постигнува одредена цел т.е. се креира индивидуална режим на исхрана за слабеење,дебелеење,накачување мускулна маса, диета за трудници, дијабетичари и др. Интересната работа околу овој режим е научниот и индивидуален пристап при што ефектите се трајни (нема враќање на изгубените кила). Режимиот на овој начин на исхрана не се заснова на броење калории, туку на три основни принципи:
-создавање на алкална средина во организмот (да не се закиселува организмот)
-правилен временски распоред на дневните оброци
-конзумирање на храна со низок глуциден индекс

Создавањето на режимот најпрво се состои од многу интересна сегментална анализа во која што се мерат мастите, протеините, мускулната маса, отоци, вода во организмот, замастеност околу органите со апаратот InBody 720. После мерењето следува разговор со нутриционист каде што се креира режимот. На крај има уште едно мерење каде што се одредува индивидуално пациентот на која храна е нетолерантен, т.е. од која храна е „заситен“ организмот и не ја искористува убаво целата нутриционистичка вредност.
Секако, има одредени лабораториски резултати кој треба да се донесат за разговорот со лекарот кој може да се направат во ординацијата со некој попуст од 20тина %, може лабораторијата да се направи и на друго место само не знам точно кој параметри се потребни, тоа може да се праша на фејсбук страната на ординацијата.
Вака изгледа извештајот од сегменталното мерење на телото

На крај се добива одреден fitness score кој со секоја наредна контрола треба да се подобрува :)
Админот слободно нека ја премести темата ако е во здравје, ваљда ја згрешив подтемата :D
Имам направено на нешто слично надвор од земјава уште пред година и пол, но гратис ми го направија како презентација кога бев на предавање за бодибилдинг. Инаку ок е како податок, али реално исхраната која мене ми беше препорачана не ми се разликуваше премногу од тоа што го практикував и го имав самиот. Ок е како пристап за да дознаете стартно што ви фали во телото, а за тоа колку се реални и прецизни несакам да навлегувам бидејќи тоа може само со тестирања од соодветни служби да се провери доколку постојат кај нас такви :) Ако сте спортист или ако се осеќате дека немате доволно енергија сигурно грешите некаде во исхраната освен ако не се одредени проблеми со органи така да кој имате вишок пари пробајте го, освен пари не губите ништо друго
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Е баш овие линкови кои ми ги даде се нерелевантни, тоа сите се страни на производители и продавачи на такви апарати, а немам време ни да започнувам за текстовите кои ги даде, во најмала рака се смешни.
На пример за линкот со опсервационата студија, ако тоа е германски производител кој произведува толку ефикасни апарати за лечење алергии (болката на денешната медицина) зошто тоа мора да го потврдува со некоја треторазредна студија и тоа не клиничка со сите правила на рандомизација и заслепување, туку со опсервациона во некоја безимена кинеска болница, а не во некоја германска клиника.
Затоа што тие апарати се безвредни.
Очигледно само првиот труд си го отворил, другите две студии се во Германија. :)
За заслепување ај, ама како заклучи дека нема рандомизација? Шансата е дека субјектите се пријавиле доброволно да учествуваат во студиите во потрага по лек кој не им го нуди класичната медицина. Не се ова аргументи дека студиите се неподдржани.
И во постарите мислења гледам дека се разбираш во информатика и компјутерски технологии, можеби имаш слаби познавања од медицина и биологија, ама смешно е да веруваш во овие тврдења, нема никаков резон за овие апарати да делуваат.

Има и објаснувања за наводните позитивни ефекти на лечењето со овие кај тебе и кај другите пациенти, едноставно луѓе сме, ни делува сугестијата, ама не е ни место, ни време сега за тоа.
Да, не се разбирам нешто многу многу во медицина, но да тврдиш дека алергии се лечат на база на сугестија...? Не станува збор за главоболки па да ги лечиш со лажни аспирини. Станува збор за нарушувања со кои класичната медицина не може да се справи, така да мислам дека не е соодветно на сугестија да ги препишуваш резултатите.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
@Eva Molotow , @840223 мислам дека беше доволно разговор на таа тема овде, ако сакате да ја дискутирате ефикасноста на тие апарати слободно отворете нова тема. Да продолжиме со дискусијата за тоа за што е отворена темава.
@Dr.House од какви лица е составен тимот таму? Кој ја дава диетата? За што е специјалист тоа лице? Од што се состои дневното мени на диетата која ја имаат препорачано на мајка ти на пример?
 
Ординацијата конкретно е за интерна медицина(кардиологија,гастро,тироидеа и сл.) а за време на прегледот се зборува со нутриционистот и со главниот кардиолог. За дневно мени можам само да кажам за рестриктивниот режим отприлика како изгледа. Во зависност од степенот на гојазност пациентот се подложува на рестриктивниот режим 1-2-3 месеци. За време на тој режим пациентот не смее да ги прекркши правилата што му се изнесени(пр. не смее да пие алкохол, не смее да џвака мастики, не смее да јаде помеѓу оброци и др.). Точно не знам што како се јаде освен дека се става акцент на месо и на салата во комбинација(без компири) и дека не треба да се јаде овошје во овој рестриктивен период.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
На вакви испитувања одат луѓе што поим немаат од здрава исхрана и за нив секако ќе биде од помош некој да им посочи што и како да се хранат за да ослабат (и да си платат за услугата).

За сите останати што веќе имаат основни познавања за правилна исхрана вакви тестови не се од помош ама па и не се наменети за нив. На почетник секој совет му е добредојден како и контролата и мотивацијата што ќе ја добие при постапката.

Чим ги стумулира луѓето да живеат поздраво ок е.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Examples of chrono breakfast items include yogurt, cheese, milk and cereal or toast with butter.

Од кратко гуглање. Толку од оваа "диета" Исто така тестирале за недостаток на минерали, хммм баш ме интересира како тестираат за недостаток на магнезиум, лол.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom