Хроно Исхрана

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Во ноември за прв пат во Македонија започна со работа единствениот програм за хроно исхрана.
Во суштина со овој начин на исхрана се успорува стареењето и на здрав начин се постигнува одредена цел т.е. се креира индивидуална режим на исхрана за слабеење,дебелеење,накачување мускулна маса, диета за трудници, дијабетичари и др. Интересната работа околу овој режим е научниот и индивидуален пристап при што ефектите се трајни (нема враќање на изгубените кила). Режимиот на овој начин на исхрана не се заснова на броење калории, туку на три основни принципи:
-создавање на алкална средина во организмот (да не се закиселува организмот)
-правилен временски распоред на дневните оброци
-конзумирање на храна со низок глуциден индекс

Создавањето на режимот најпрво се состои од многу интересна сегментална анализа во која што се мерат мастите, протеините, мускулната маса, отоци, вода во организмот, замастеност околу органите со апаратот InBody 720. После мерењето следува разговор со нутриционист каде што се креира режимот. На крај има уште едно мерење каде што се одредува индивидуално пациентот на која храна е нетолерантен, т.е. од која храна е „заситен“ организмот и не ја искористува убаво целата нутриционистичка вредност.
Секако, има одредени лабораториски резултати кој треба да се донесат за разговорот со лекарот кој може да се направат во ординацијата со некој попуст од 20тина %, може лабораторијата да се направи и на друго место само не знам точно кој параметри се потребни, тоа може да се праша на фејсбук страната на ординацијата.
Вака изгледа извештајот од сегменталното мерење на телото

На крај се добива одреден fitness score кој со секоја наредна контрола треба да се подобрува :)
Админот слободно нека ја премести темата ако е во здравје, ваљда ја згрешив подтемата :D
 
Последно уредено:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Еве ја темата во здравје.

Која е цената за добивање на тој fitness score?
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Еве ја темата во здравје.

Која е цената за добивање на тој fitness score?
Има број за контакт на страната, знам дека само мерење на InBody кошта 1500(јас се мерев пред 1 недела), а прегледот не знам точно, мајка ми беше пред месец ипол.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.618
Ако не се бројат калории,тогаш како пример мене ќе ми направат режим за исхрана,кога сум активен 6 дена во неделата,некогаш и 7,и дневна потреба ми е 3400 калории за да се одржувам на таа килажа што сум ?
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Ако не се бројат калории,тогаш како пример мене ќе ми направат режим за исхрана,кога сум активен 6 дена во неделата,некогаш и 7,и дневна потреба ми е 3400 калории за да се одржувам на таа килажа што сум ?
Тоа што горе пишува не се заснова на броење не значи дека не се спомнува метаболизам и калории. Essentially за слабеење ти треба мал дефицит од калории ж, за дебелеење суфицит, а за останување на иста килажа соодветен внес што го добиваш на InBody-то. Нутриционистот ти ја дава правилната комбинација во кое време треба да се конзумира и како.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
И јас се мерев, бољи да не се мерев :S

Шала на страна опремата и односот им е профи.

Мислам дека цел преглед е околу 6000 денари, али проверете си пак.

Добро е што ти кажуваат кои витамини и минерали ти фалат, на која храна си толерантен а на која не.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
И јас се мерев, бољи да не се мерев :S

Шала на страна опремата и односот им е профи.

Мислам дека цел преглед е околу 6000 денари, али проверете си пак.

Добро е што ти кажуваат кои витамини и минерали ти фалат, на која храна си толерантен а на која не.
Што значи опремата и односот им е профи ама боље да не се мерев? :D
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Опремата им е нова, односот им е супер, а јас сум дебел, и без мерење го знев тоа :)
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Ваквите анализи се џабе фрлени пари. Прво, освен ако не сте некој професионален атлетичар кој заработува милиони, па редовно следење на детална состојба на телото е неопходна за перформансите, тогаш и воопшто немате потреба од такви анализи. А и плус оваа „ординација“ не ни ви нуди некои такви детални анализи, апаратите за сало им се просечни во најмала рака, а овие биорезонантните со игли им се смешка кои немаат никаква фукција.

Состојбата може лесно да се процени со обично мерење на тежина и мерки на телото, а процентот на сало и мускули може да се процени со обични уреди чии резултати се исто толку валидни за еден обичен човек.

А диетата е само уште една од низата на модерни fad диети.
 
Види секој си е entitled на свое мислење, јас го пишувам ова дека од сите тие "диети" мајка ми највеќе имала од ова резултати. Режимот се заснова на резултатот од мерењето, а ако не си едуциран за таа хроно исхрана, читни малку, немој паушално мислење да формираш на полу знаења.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
уваат кои витамини и минерали ти фалат, на која храна си толерантен а на која не.
А со кои анализи доаѓаат до тие резултати? Прават лабораториски анализи, или со тие смешните биорезистентни апаратчиња?

Затоа што ако на вистински начин доаѓаат до тие резултати, со тестови на крвта, имунолошки тестови, со биопсија, тоа ќе беше многу поскапо отколку тие 6000 денари. Ама не, тие доаѓаат до тие резултатите со помош на тие апаратчиња кои немаат никаква релевантност и таквите тестови не вредат ни 100 денари.[DOUBLEPOST=1418909641][/DOUBLEPOST]
Види секој си е entitled на свое мислење, јас го пишувам ова дека од сите тие "диети" мајка ми највеќе имала од ова резултати. Режимот се заснова на резултатот од мерењето, а ако не си едуциран за таа хроно исхрана, читни малку, немој паушално мислење да формираш на полу знаења.
Едуциран лекар или нутриционист за само мал дел од таа сума која се спомнува ќе може да ти направи груб план како да се храниш и што да внесуваш и избегнуваш за да ослабиш.
Таканаречена хроно диета нема во медицината, тоа е само фенси израз за fad диета.

Се знае, факт е дека ако целта е слабеење се оди со рестрикција на внесени калории, тоа се постигнува со држење до план за храна или ригорозно броење на калории. Сите други диети со менаџирање на други фактори и правила се засноваат врз тоа.
 
Последно уредено:

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Е токму ова е проблемот со балканскиот менталитет. :) сите се доктори, сите знаат најдобро, сите ги отфрлаат сите алтернативни методи зошто нели, "перење мозок" биле...

Јас искрено не сум воопшто информирана за исхранава, мерењава и што и да е што се цел на темава... ама морам да искоментирам против вакви ограничени коментари.
А со кои анализи доаѓаат до тие резултати? Прават лабораториски анализи, или со тие смешните биорезистентни апаратчиња?
Тие "смешни" биорезонантни апаратчиња и технологии мене ме имаат спасено од ужасни алергии за кои класичната медицина и начин на размислување кои ги величиш само ми ја влошија состојбата и ми рекоа дека "не може да се излечат".
Затоа што ако на вистински начин доаѓаат до тие резултати, со тестови на крвта, имунолошки тестови, со биопсија, тоа ќе беше многу поскапо отколку тие 6000 денари. Ама не, тие доаѓаат до тие резултатите со помош на тие апаратчиња кои немаат никаква релевантност и таквите тестови не вредат ни 100 денари.
Тука пак ќе ја потенцирам твојата ограниченост и осудување на технологии со кои очигледно ти не си воопшто запознаен. Да, овие методи ти кои ги наброја се валидни и можеби ја постигнуваат истата цел, но дали некогаш си размислил дека можеби постојат некои понови, попрецизни и поевтини методи за постигнување на истото?
Ова е исто како да тврдиш дека електрични возила се глупост. "се знае како се вози бе! На гориво за кое ќе платиш 5000 за цел резервоар! А не на струја која не вреди ни 300 денари."
Се знае, факт е дека ако целта е слабеење се оди со рестрикција на внесени калории, тоа се постигнува со држење до план за храна или ригорозно броење на калории. Сите други диети со менаџирање на други фактори и правила се засноваат врз тоа.
Да, тоа е еден и најчесто употребуван начин да ослабеш, но науката моментално се занимава со начини да влијае врз начинот на кој функционира организмот, ги топи/складира внесените масти и ред други работи, што е всушност сосема различен пристап кон проблемот, што не значи дека не е ефективен.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Прават и анализа на крв и мокрача и со тие биорезонантните апаратчиња те тестираат.

Не е ветер и магла ова дефинитивно, но јас несакам да се придржувам до режимот на исхрана кој тие ми го предложија. Лична одлука.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Не е работата дека е ветер и магла, ок си е. Работата е што главната причина за неправилна исхрана, и дебелина не е до тоа што луѓето незнаат како да јадат, него до тоа што и колку сакаат да јадат, нивната мотивација за активности и здрав живот. Све ова е непотребно ако имаш контрола над себе....
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Начинов на исхрана дефинитивно има резултат, за прв пат мајка ми се подложи на ова пред година дена во Белград кога во Скопје уште не беше отворено и од тогаш мајка ми има ослабено 20кг. Не ми се верува дека некој може да каже дека е „пичкин дим“ кога пред секој преглед се прави детална лабораторија со 15тина параметри што понатака креираат што и како може да се јаде и се исклучува можноста од гојазност ради тироидната жлезда. Башка не е како диетите што ги држиш одреден период па кога ќе прекинеш да ги држиш ги враќаш изгубените кила. Ова ти е посебна исхрана што откако ќе го завршиш рестриктивниот период продлжуваш по принципите и не ги враќаш изгубените килограми, а во практика јадеш се што сакаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom