Христо Чернопеев

Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
233
Chernopeev.jpg

Од април 1900 година е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел, како и на четите на двајца други војводи Марко Лерински и Михаил Попето, е создавање на селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирче Икономов, Никола Дечев и други идни истакнатите дејци на ТМОРО.

Во февруари 1901 година четата на Чернопеев води голема 14-часовна борба во селото Бајалци во која загинува Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Во март Чернопеев заедно со Туше Делииванов пристигнува во Софија.
Христо Чернопеев, заедно со Крсто Асенов и Јане Сандански учествува во аферата мис Стон во Пирин во 1901 година.

Во 1903 година Чернопеев се однесува со резерви кон одлуките на Солунскиот конгрес за кревање на востание. На 24 март 1903 година четата на Чернопеев влегува во Македонија и во април води неколку борби во струмичко и горноџумајско. Потоа се вратил во Бугарија за муниција и оружје и во август повторно влегува во Македонија со 250 лица по избувнувањето на Илинденското востание. Четата му се разделува на три дела. Едната на чело со Петар Самарџиев замина за Тиквеш, а друг дел, на чело со Никола Жеков - за Радовишко. Чернопеев води неколку борби со отомански сили во септември на крајот на востанието, по што се враќа во Бугарија.

По востанието е војвода на чета во Кукушко, каде обучува идни војводи на Организацијата.
Во октомври 1905 година е делегат од Струмичкиот револуционерен округ на Рилскиот конгрес.
По Младотурската револуција во 1908 година се легализира. Во април 1909 година четите на Чернопеев и Сандански учествуваат во походот на младотурците во Цариград против контрареволуционерите. Во 1909 година станува еден од основачите на Народната федеративна партија и влегува во нејзиното раководство. Сепак, во декември 1909 година, струмичките дејци ја напуштаат партијата и Чернопеев заедно со Константин Самарџиев Џемото и поранешните врховистите Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов, стануваат нелегални, го обиколуваат Струмичко за да ја обноват организaциската мрежа во округот.[3] При тоа, Чернопеев пишувал остри писма до Сандански обвинувајќи го за попустливост и соработка со младотурците.
Во почетокот на 1910 година Чернопеев заминал за Бугарија и привремено бил интерниран во Дерманци на инсистирање на османските власти, но наскоро Чернопеев со своите истомисленици повторно се сретнал во Софија.

Во 1910 година Чернопеев ја основал Бугарската народна македонско-одрински револуционерна организација заедно со Апостол Петков и Тане Николов. Во 1910 година влегол во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров и Апостол Петков.

Во 1911 година, откако БНМОРО и ВМРО (Автономистичка) се обединиле, Чернопеев со Тодор Александров и Петар Чаулев е избран за член на ЦК, како резервен член влегол Александар Протогеров од поранешниот ВМОК.

о избувнувањето на Балканските војни, Чернопеев е на чело на Втората посебна партизанска чета на Македонско-одринското ополчение и учествувал во борбите за Банско, Мехомија и Кавала заедно со Јонко Вапцаров, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов.
Подоцна служел во 3 чета на 4 Битолски дружина. Награден е со орден За храброст ІІІ степен. Зел учество во насилното покрстување на помаците во Драмско и Неврокопско во текот на зимата 1912 година.

За време на Втора балканска војна, заедно со четата ги помага активностите на XXVII Чепински и XVIII Стремски полк во борбите во село Конче, Радовишко. До крајот на војната останува на располагање на командата на II бугарска армија. Поради воените своите заслуги кон Бугарија е промовиран во прва офицерска титула поручник.
Станал народен пратеник, но во 1915 година го напуштил парламентот и како резервен капетан оди на фронт. За време на Првата светска војна бил командант на I чета на VI полк на 11 дивизија.

Загинал на 6 ноември 1915 година во судир со француските сили во близина на село Криволак. Погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.
По воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија во 1945 година гробното место му било избришано.

 

Attachments

Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
233
Дај подетално
Лрез октомври - ноември 1915 година се водат борбите кај Криволак и Прилеп.
На 19 октомври 1915 г., вторник, 11-та пешадиска Македонска дивизија, заедно с 7-ма пешадиска Рилска дивизија и части на 2-р пешадиска тракиска дивизија
атакуват позицијте на 56-та и 157-ма френски пехотни дивизии и ср'бски 2-ри и 14-ти пехотни полкове при Криволак.

На 6 ноември 1915 година, сабота, 6-ти пешадиски Македонски полк, заедно со 24-ти Црноморски полк водат борби со делови на 157-ца француска пешадиска дивизија и освојуваат Кирез Тепе и Кошарка, заедно со височина Кота 750.

Христо Чернопеев загинува при заземањето на височина Кота 750, како командант на I чета на 6тИ Македонски полк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom