H
Harry Callahan
Гостин
Немале историски проблеми Хрватите со Македонците , но исто како Македонците и Србите и било кој друг народ си е друг народ и нација , поинакви од Хрватскиот народ . Тоа сакав да го кажам . Нема да дозволат Хрватите луксуз да создадат нови малцинства на своја територија . Крваво ги стекнаа тие овие преубави територии што сега ги држат и нема да направат глупости во иднина . Ти и било кој можете како папагали пред Хрватите да повторувате ние сме Македонци , ќе бидеме лојални граѓани на Хрватска само дајте ни државјансто и слично , но Хрватите секогаш во глава ќе ги имаат настаните поврзани од 90-те години на 20 век . Некогаш и во Истра имаше доста многу Италијанци кои со тек на времето некои се смешаа со други народи во Истра , но огромен дел си замина од Истра . Погоди доколку денеска Истра хипотетички беше со мнозинско Италијанско население што ќе беше ? Претпоставувам Истра ќе имаше автономија бидејќи Италија ке ја притиснеше Хрватска за автономија , и постојано ќе имаше тензии околу таквата Истра . Како што има на пример тивки во сенка тензии со територии на кои живеат Унгарци во Романија , или Шкотска . Едноставно едно е теорија полна со приказни од тип на мултиетнички општества и бајки во кои тече мед и млеко и совршени општества , а друга е реалноста и практиката во која има општества со тензии или на раб од конфликти . Хрватска по крајот на Втората светска војна кажа дека не е наследник на НДХ , но има партии и разни субјекти во Хрватска кои ја базираат идеологијата на некои елементи од НДХ и усташтвото , и таквите субјекти секогаш ќе долеваат масло на огнот и ќе кажат во јавноста пред да дадете на некого државјанство сетете се како си поминавме со малцинство во 90-те години на 20 век . И погоди како ова ќе биде примено во хрватската јавност ? Си држат Хрватите до свое , и нема лесно да прават на никого отстапки за државјанство . Само ако имаат интерес некој ќе даваат државјанство . И да остави ти тоа пола Дубровник бил полн со Македонци , тие луѓе ако некогаш биле Македонци , биле - значи минато време .Што историски проблеми имале со Македонците !??!?!? Пола Дубровник е Македонци една глупост немам чуено да се десила. Башка Хрватите со Српското малцинство највеке имаат мака.