Хрватски острови

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Има веќе отворени теми за три хрватски острови, кои имаат по 2-3 мислења во нив и истите не се активни, најверојатно поради тоа што хрватските острови не се многу посетени од страна на македонските туристи, со што решив да отворам една тема во која може да се напишат репортажи и впечатоци за сите ваши посетени хрватски острови. Идејата ми е да има катче каде што секој би можел да си пише за островот кој го посетил, макар било на одмор од 7 дена или на тура со брод од 3 часа, макар било цел остров или само плажа на него, па сите да можат од истите тие постови на членови да добијат инспирација за одмор за некое наредно лето. А и исто така ако некој посетил остров за кој нема тема, пример Корчула, и сака да сподели впечатоци, да може тука, да не мора да отвори нова тема само за тој остров, која би имала скромни две мислења.

Па да почнам од себе, јас досега ги имам посетено островите Мљет и Вис. Па би пишал впечатоци и неколку корисни работи за нив.

Мљет (Mljet)

Станува збор за остров на кој можете да стигнете најлесно со траект преку Дубровник. Мљет е еден од најјужните острови во Хрватска и дел од островот е и национален парк. Траектот од Дубровник оди до местата Собра, Помена и Полаче, но ако сте со кола, мислам само до Собра се пушта траект за коли, до Полаче и Помена исклучиво за пешаци. Иако и за ова треба да се информирате, бидејќи јас го имам посетено островот пред 7 години, па може да се смениле некои работи.

Е сега убавиот дел. Доколку сакате мирен одмор, со природа, без многу луѓе, без бука, ова е рај за вас. Дел од островот е национален парк, а во него има две езера со солена вода, се нарекуваат "Мало" и "Велико језеро" и водата во нив е доста потопла од водата во обично море. Особено во малото езеро, каде што на моменти имаш впечаток како да си во некоја парна бања. Коли на островот се ретки, луѓето си возат точаци, имаш избор од милион мали местенца доволни да си поставиш пешкир и да си имаш своја приватна плажа без никој да те вознемирува цел ден. Секако ако ви се здосадат езерата и мирната плажа, имате и многу други интересни места. Како на пример "Одисејова шпиља", едно прекрасно место каде што се бањате под карпи и можете да излезете со пливање под карпите пак на копно, место кое не се опишува со зборови, и мора да се посети. Исто така за љубители на песочни плажи, имате на самиот крај на островот, значи тотално спротивно од националниот парк и двете езера, песочна плажа, која се нарекува Саплунара, така да и тоа може да посетите. Целиот остров е под дрва, значи немате никакви проблеми со сенка, на двете езера, се е под дрва и имате прекрасна природна сенка, што јас ја обожавам и според мене нема ништо подобро од сенка под дрвце, слушајќи птици, да не треба да се замарам со местење и влечење на чадор за сонце.

Е сега секако има и негативни работи целиот овој рајски опис. Најпрво да кажам дека ако сакате журки, шетања, барови , продавници за сувенири, заборавете го островот и тргнете го ова се на страна, како да не сте го прочитале. Имате маркети во поголемите места, во тие каде што пристигнува траектот има пекара, продавничка за сувенири и по некое ресторанче, особено на местата околу езерата, а и да не заборавам има две-три места за рентање точак, кола, но тоа е се што има. Како што реков, автобусчиња некои ги имало еднаш во ден на островот во 6 сабајле , превезувале нешто, ама за мене се мит тие, така да рачунајте нема никаков автобуски превоз. Ќе мора да рентате кола, или пак да возите велосипед, си возите по сенка, во природа, во пат асфалтиран секако, што е само твој, може пола саат да не сретнете никого. Тоа се луѓе и добрите и лошите страни на Мљет, ако сте за ваков одмор, мора да го посетите островот. Јас лично би се вратил пак за езерата, бидејќи е прекрасно во нив, има и да изнајмуваш кајак/кану и да одиш од еден на друг крај, и секако во "Одисејова шпиља", "Саплунара" не ми остави ништо посебно, плитко е сто метри откако ќе влезеш во вода, обична песочна плажа.

За цена луѓе, не ме прашувајте, стварно не памтам. Ако букирате со време на букинг, можете да си најдете и за десет евра од ноќ смештај во јуни, доколку букирате за следна недела, и да сакате нема да можете, бидејќи нема многу смештаи на островот воопшто. Има хотел знам, поскапо е таму. За храна исто, доколку планирате да седнувате во ресторани и да јадете риба, ќе потрошите многу, доколку носите храна од дома и не седнувате по ресторани, ќе поминете поефтино. И секако ако седнете веќе во ресторани не порачувајте стекови, макарони и остали глупости, само риба :)


Вис (Vis)

Овој е мислам најодалечен хрватски остров од сите. До него се стига преку траект од Сплит, и траектот оди до главниот град кој го носи истото име како островот. Јас кога бев сместен, бев во Комижа, тоа е може и поголемо од градот Вис.

Вис како остров е небо и земја спротивен од Мљет. Има шеталишта, раздвижено е навечер, има многу ресторани, и продавнички по шеталиште каде може да се влезе, има и нешто налик стар град. Ова го кажувам за Комижа местото каде што бевме сместени, значи островот не е природа и национален парк, туку е нешто повеќе налик на грчките острови. Секако ти треба возило, да го прошеташ целиот и тука има коли, нема забегани будали со точаци, кајаци и кануа :icon_mrgr:. До толку беше различен што јас знам пробав четири различни продавници за сладолед и баш се мислев каде е најубав, а во Мљет мака мачев сладолед да најдам.

Е сега, тука нема езера, плажата во Комижа е обична плажа со камења и просечно народ. Ништо посебно, како секоја плажа на приморјето на Хрватска која што е блиску до населено место. Но, далеку од тоа дека Вис нема свои убавини. Во Вис е една од најубавите плажи некогаш што ги имам видено, ако не и најубава, станува збор за плажата Стинива. За да стигнете до неа, треба да ја паркирате колата на еден рид, и да се симнувате по еден стрмен пат едно 15 минути сигурно, нешто налик како да се спуштате од Водно. Но, кога ќе стигнете доле, ви гарантирам дека ви вреди целата мака и целиот напор. Водата е прекрасна, нема гужва, пливате а околу вас карпи, како пливате карпите се стеснуваат, нема глисери, нема луѓе што се дерат, нема бродови со туристи, рај човече... Ако одам некогаш пак на островот, едно два три пати ќе одам на плажава.

Исто така ми оставија впечаток и "Зелена" и "Модра Шпиља", што се многу поразлични од Одисејова. Бидејќи Одисејова во Мљет беше достапна со кола, со точак или пешки, додека овие две ќе морате да си земете тура со брод, што не беа нешто скапи, и секако се исплатат. Ве носат со бродче, влагате внатре во карпите, бојата на водата и во двете е феноменална, не е за верување таква боја. Ви дозволуваат да се бањате внатре, дури имаше еден дел кај што мораше сите да легнеме бидејќи многу малку високо беше, ќе удревме со глава во карпата, значи и авантура плус. Имате уште неколу плажи на островот, една памтам Сребрена се викаше, ништо посебно не се, ама имате природна убава сенка. Имаше и една песочна ама не го паметам името. За чиста вода не прашувајте, една тревка или ѓубренце нема на цел остров, како на овој така и на Мљет, си го чуваат тоа што го имаат луѓето.

Тоа е тоа луѓе, јас ќе ви оставам тука неколку слики да видите за што станува збор, извинете ако имам некои правописни грешки. Се надевам не смета на никој темава, па споделете ваше искуство од некој хрватски остров, Брач, Хвар, Корчула или можеби некој друг. Се надевам дека ќе посетам повеќе острови, и секако кога би го сторил тоа, веднаш тука ќе пишам впечатоци за истите.


Слики од Мљет

- првата мало и велико језеро
- втората Одисејова шпиља
- островот на Велико Језеро каде што има црква и ресторанче
- мало и велико језеро

1200px-Zalazak.jpg HTZ_2018_CF_clanak_BisevoN10_1145x532_foto-7.jpg maxresdefault.jpg IMG_9260-Edit-Edit-2099228670-O_1600.jpg

Слики од Вис

- првата и втората слика се Стинива
- третата Модра Шпиља
- четвртата Зелена Шпиља

download.jpg hr-16-o-vis-sl8.jpg the-blue-cave--6222.jpg vis-zelena-spilja-01.jpg

Сликите не се од мене сликани, туку се од нет, ќе се потрудам деновиве да побарам низ дома, да видам дали може да најдам и од мојот апарат некои слики, па ако успеам ќе ги споделам и нив тука.
 

Attachments

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Хвар, Брач, Раб, Крк, Лопуд, Лошињ, Корнати, Дуги Оток, Црес, Паг, Мијет, Вис и Корчула.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Хвар, Брач, Раб, Крк, Лопуд, Лошињ, Корнати, Дуги Оток, Црес, Паг, Мијет, Вис и Корчула.
Не е ова квиз, кај што се набројуваат хрватски острови ;)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Фала што ми кажа. Набројав кои ги имам посетено.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Уу браво. Пиши кој ти оставил најдобар впечаток, кој најлош ако секако има таков. Најубава плажа на наведените и слично :)[DOUBLEPOST=1534589851][/DOUBLEPOST]Еве нешто фотки што успеав да најдам од Вис, од Мљет како во земја да пропаднале.

IMG_0250.JPG IMG_0089.JPG IMG_0086.JPG IMG_0298.JPG IMG_0481.JPG IMG_0123.JPG IMG_0103.JPG IMG_0540.JPG IMG_0201.JPG IMG_0175 (2).JPG IMG_0202 (2).JPG IMG_0469.JPG IMG_0252.JPG IMG_0236.JPG IMG_0242.JPG IMG_0262.JPG
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Најубав Хвар, најлош Паг.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Не е толку популарна дестинација Хрватска, покрај прекрасната Грчка со топлото море и прифатливите цени, доста е тешко да убедиш некој за Кроација со изгор скапите цени, ладната вода посебно со мали деца. Е сега за убавина има, најдобро е веројатно во Паг, заради Зрче и Хвар ради Ултра, ова од перспектива за млади, за постари фамилијарно со мали деца друг е изборот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За Македонците не е популарна Хрватска поради високите цени и тоа што плажите не се ситен песок, но за другите да и има многу историски места кои вредат да се посетат. Некој не оди само за плажа.

Иначе Паг од сите тие острови што ги имам посетено ми е на последно место. Сите имаме различен вкус и очекувања.

PhotoGrid_1534616224983.jpg
PhotoGrid_1534616332582.jpg
PhotoGrid_1534616185315.jpg
PhotoGrid_1534616108016.jpg
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Одлични фотки, која е плажата на претпосладната слика?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Сум бил во Корчула. Убав остров и самото место со тесни сокачиња, главното шеталиште со скалите винови лози..
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
дали бил некој на ултра да сподели инфо
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ладна вода - да, може да се случи, ако фати струја таква.
Високи цени - апсолутно.
Иако на карта изгледа блиску факт е дека и патот до Хрватска е многу, многу напорен.
Грција има свои моменти, ама Јадран (исклучиво во Хрватска) е светски бисер.
Едно камено куќиче со поглед на пучина, риба и бело вино и чоек да живее 100 и кусур. Штета што стандардот ни е ваков каков што ни е.
Не е лошо да пишете и за помалку познатите острови, сигурно има нешто интересно.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Иначе луѓе сте запнале со скапи цени, некој ќе си помисли поскапо од Ибица излегува одмор во Хрватска. Патот е напорен како и да го одиш, освен секако со авион, што не е исплатлива опција, ама па ако удрите математика далеку е од изгор скапо. Пример еве да одите без кола, со автобус повратна до Дубровник ви е 90 евра, до Сплит 100 евра, секако тука се некаде цените и за до другите градови, Хафет турс возат, разликата ви е ако сте Кварнер/Истра, ќе ве носи од Белград-Загреб-Карловец, ако сте за Далмација од доле низ Црна гора, патовите ви се горе доле исто мачни, цените ви се исто за повратна. На тој трошок ако го додадете, трошокот за траект како пешак да речеме плус 15 евра повратна, бидејќи цените за траект за пешаци не се скапи во Хрватска, бидејќи им е во интерес луѓето да не се селат во градови, туку да останат на островот, па затоа им е во корист да има ефтина поврзаност. Ова за во сезона зборам цени, пред јули се џабе. Смештај ако си најдете со време, три месеци унапред ќе си најдете и за 10-12 евра од ноќ по човек, што му доаѓа двеста евра смештај + превоз се вкупно. Секако одма кога ќе се симнете од траект, ако не сте во тоа место, имате рент а кар на скоро сите острови, и може да си најмите кола или што сакате за престојот и да го шетате островот максимално, ако сте повеќе души и поефтино ќе ви испадне, а и секако ќе ви треба возило ако одите без кола, дека немаат баш превоз организиран на ниеден остров. Тоа е тоа, единствена лоша страна е што нема организирано од агенции, па ќе нема кој да ве краде :icon_mrgr:. Таму пак ќе речам ако седнувате по ресторани ќе ви изгледа скапо, ако си се организирате од дома со храна и таму само купувате намирници што немате, нема да ви испадне скапо. Не гледам како грчки остров е нешто многу поефтин од хрватски остров. Нека не ви изгледа како некоја скапа недостижна дестинација, ако ви прави ќејф некој остров да си го посетите (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom