Храна и пијалоци од нашето детство

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Околу трчањево на „децава до продавница“....секое сабајле пред да одам на работа, фамилииве од зграда со коли одат и ги носат децава до школо, угоени...две школи има у близина, на 300-400 метри се отприлика. Многу малку се тие што одат пешки до школо....се сеќаам, кога бев дете, ова шо го гледате сега се п****н дим од магли - тесто беше Скопје, па си се вратил дома/ не си се вратил - не ги заболе моите (и на сите други деца, се враќавме у чопор, па ако се изгубиш, може и интересно да биде)....веќе и ги осеќам децава од населбава дека почнуваат да градат главни карактерни црти на шупаци, а тек кога ќе пораснат. Ваљда и родителиве, пошо им се исподоселија од по села, па имаат уплав од голем град или и они знаат еден пат до школото...
Инаку Милката од тоа време, која ни ја носеа од freeshop или кога патуваа нашиве по странство, беше 100-грамско лудило, за разлика од 70-грамсково стврднето палмино уље кое се продава скапо...може и затоа не трчаат.

На темава...
Као шо гледате, ова е Made in Yugoslavia. Мислам дека у Хрватска го праат, уште, ама амбалажата е друга. Денеска има многу производи во овој фазон, претежно бљувотини на Vitalia и поскапите на Nestle и Corny.

Прегледај го приврзокот 200269
Ај во Скопје ќе речеш поголем град, али гледам дека и од помаливе градови ги носат на школо каде што имаат за одење помалку од 1000 метри низ улички каде поминуваат 3 коли дневно, јас не се сеќавам ни на дожд да ме носеле и земале од школо, заставата кога запалила кога се затнале четкиците на алнасерот и шибај пешки.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ај во Скопје ќе речеш поголем град, али гледам дека и од помаливе градови ги носат на школо каде што имаат за одење помалку од 1000 метри низ улички каде поминуваат 3 коли дневно, јас не се сеќавам ни на дожд да ме носеле и земале од школо, заставата кога запалила кога се затнале четкиците на алнасерот и шибај пешки.
Абе каков дожд, каков снег...ништо тоа, а маглите ми се останати у сеќавање. Да има денес тоа, нема да ги носат ни со кола у школо.
И нема врска голем, мал град. Во Карпош многу густо се основните школи. Јас имам три кои се многу блиску.
Дешавките што ги имавме по пат, некои од најоткачените моменти у детството ми беа. Сега дремат на задно седиште со мобилен у фаца.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Факинг векна со зелка. Кошташе 20 денари, векна со зелка, кечап и мајонез. Не ми текнува дали имаше помфрит. Хамбургер за сиромашни. Се продаваше во една сендвичара близу до школото кај што учев, и тоа редици беа за голем одмор, за што, за векна со зелка. Кејфој сите, ти се чини кузнае што јадеш. Ги гледам денешниве мајки како спремаат ручек за децата за на школо, да имало брокула, да имало протеини, овошје да имало. Сокче да имало. Јас каснев на час за векна со зелка.
Палма ?? Мислам школски сенвич се викаше , исто и мислам дека помфит имаше знам не можеше да се дојади а кошташе 20 денари.. Наредни години не памтам шо беше знам Пинокио имаше за ученици хамбургер од 50 денари, исто и Твин Пикс(одма до палма) имаше за нас основците некој хамбургер за 40-50 ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom