Храна и пијалоци од нашето детство

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Чупа Чупс лижавчиња

[DOUBLEPOST=1535389712][/DOUBLEPOST]Чунга Лунга мастики

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Пред мало дуќанче се бираше од слика сладолед. Па 15 минути и повеќе се мислиш кој да го земеш, другарот ти вика земи го овој убав е. Брцаш со рачето во фрижидерот да си го земеш сладоледот на стапче.

Можеби не беше ваква сликата од кој биравме сладолет но некој од сладоледите тие беа.

Јас си го бирав Магнум или Корнетто.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Пред мало дуќанче се бираше од слика сладолед. Па 15 минути и повеќе се мислиш кој да го земеш, другарот ти вика земи го овој убав е. Брцаш со рачето во фрижидерот да си го земеш сладоледот на стапче.

Можеби не беше ваква сликата од кој биравме сладолет но некој од сладоледите тие беа.

Јас си го бирав Магнум или Корнетто.
naah,
more like dis:

Мене Рум Коктел ми беше најбољи.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Факинг векна со зелка. Кошташе 20 денари, векна со зелка, кечап и мајонез. Не ми текнува дали имаше помфрит. Хамбургер за сиромашни. Се продаваше во една сендвичара близу до школото кај што учев, и тоа редици беа за голем одмор, за што, за векна со зелка. Кејфој сите, ти се чини кузнае што јадеш. Ги гледам денешниве мајки како спремаат ручек за децата за на школо, да имало брокула, да имало протеини, овошје да имало. Сокче да имало. Јас каснев на час за векна со зелка.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ваква мастика турбо ми беше наградата од кусурот кога ме праќаа на продавница :) и пази со кеиф трчав, денес да му ветиш милка од 60 денари нема да ги мрднеш од дома.[DOUBLEPOST=1543431897][/DOUBLEPOST]
Факинг векна со зелка. Кошташе 20 денари, векна со зелка, кечап и мајонез. Не ми текнува дали имаше помфрит. Хамбургер за сиромашни. Се продаваше во една сендвичара близу до школото кај што учев, и тоа редици беа за голем одмор, за што, за векна со зелка. Кејфој сите, ти се чини кузнае што јадеш. Ги гледам денешниве мајки како спремаат ручек за децата за на школо, да имало брокула, да имало протеини, овошје да имало. Сокче да имало. Јас каснев на час за векна со зелка.
На пауза во основно спринт трчавме да јадеме баничка со месо/сирење од 10 денари, кога ја направија 12 денари ден на жалост беше, исто и тостови за 10ден, ако ми дадеа 20че да јадам од поскапите тостови на кои следуваше додаток оригано, поубава салама и млечен кашкавал проѕирно парче тоа беше гозба.
Денес kfc им е место за јадење со 350 денари оброк, толку месечно трошев за на школо и ќе кукаат сега било сиромаштија, не туку генерациите родени околу независност минавме низ сиромаштија, овие се само разгалени.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992

На сите? Многу пари се ова бе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На сите? Многу пари се ова бе.
Па сега не знам на колку, али кога и да отидам во сити мол полни се ваквите места со дечурлии, јас кога растев дури и тие „богатите“ не јадеа сендвичи од 6 евра.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Околу трчањево на „децава до продавница“....секое сабајле пред да одам на работа, фамилииве од зграда со коли одат и ги носат децава до школо, угоени...две школи има у близина, на 300-400 метри се отприлика. Многу малку се тие што одат пешки до школо....се сеќаам, кога бев дете, ова шо го гледате сега се п****н дим од магли - тесто беше Скопје, па си се вратил дома/ не си се вратил - не ги заболе моите (и на сите други деца, се враќавме у чопор, па ако се изгубиш, може и интересно да биде)....веќе и ги осеќам децава од населбава дека почнуваат да градат главни карактерни црти на шупаци, а тек кога ќе пораснат. Ваљда и родителиве, пошо им се исподоселија од по села, па имаат уплав од голем град или и они знаат еден пат до школото...
Инаку Милката од тоа време, која ни ја носеа од freeshop или кога патуваа нашиве по странство, беше 100-грамско лудило, за разлика од 70-грамсково стврднето палмино уље кое се продава скапо...може и затоа не трчаат.

На темава...
Као шо гледате, ова е Made in Yugoslavia. Мислам дека у Хрватска го праат, уште, ама амбалажата е друга. Денеска има многу производи во овој фазон, претежно бљувотини на Vitalia и поскапите на Nestle и Corny.

Retro-omoti-BONZITA-Ravanica-Jugoslavija-ceo-lot-RETKO_slika_O_52855413.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom