Papillon.Papi
Terrierist
- Член од
- 15 јануари 2014
- Мислења
- 764
- Поени од реакции
- 795
Почнаа да се гледаат резултати од Хуссе. Изметот е дури поцврст.
Не никој не ја увезува, јас во грција ја видов и беше негде 85-95 евра, беше дури поскапа од OrijenНекој да не има информација дали воопшто се увезува во Македонија (бидејќи досега не сум ја видела) ... и ако се увезува, контакт од увозникот, или во кои Пет Шопови ја има.
Станува збор за Earthborn Holistic - Primitive Natural
Се чудам кој би дал кутре на толкава возраст...Здраво,
Нов сум на овој форум и пред некој ден си зедов златен ретривер, па ми треба малку совет околу исхраната.
Имам ретривер стар 6 недели. Кај мене дома го имам 10тина дена и го хранам со дехидрат. Не знам точно што дехидрат зедов, знам дека кај ветеринарот го платив околу 150 денари за еден килограм.
Ме интересира начинот на исхрана. ветеринарот ми кажа дека треба да му давам по 200-250 грама дневно и јас му оставав и си јадеше само по цел ден (околу 150 грама, бидејќи секогаш му остануваше). Последно прочитав дека било подобро да му го делам на оброци. меѓутоа кучето се навикна да јаде по помалце ама повеќе пати на ден. Дали е штета ако продолжам да му оставам по еднаш за цел ден (бидејќи како што гледам, си јаде колку што му е доволно), или на некој начин на го одвикнам и да му давам по 4 пати наден?
За прв пат чувам куче така да, се што би ми било од помош за почеток, може да ми напишете, ќе ви бидам благодарен.
Однапред благодарам
Се трудам да воспоставам горе долу ваков ред, меѓутоа му оставам и во моментот не јаде, а ако ја оставам подолго со водата, после тоа воопшто не ја јаде. ако ја тргнам, после некое време почнува да цивка зошто му се јаде. Тешко ми оди да воспоставам таков ред.Се чудам кој би дал кутре на толкава возраст...
Вака е редот за хранење:
-под 2 месеца-дехидрат на секои 2 саата помешан со јогурт/павлака/кисело млеко/ вода направен во кашичка
-2 месеца- малце дехидрат со мала доза варен ориз и месо (не свинско), 5 пати на ден
-4 месеци- дехидрат 3 пати на ден
-над 6 месеци- дехидрат 2 пати на ден.
Не знам кој дехидрат го купуваш, ама на вреќата секогаш има пишано колку треба да се дава според килажата на кучето (пр. 12 гр по кг на кучето).
Не се нормални, Orijen е најквалитетен дехидрат во светот (само уште неколку можат да се мерат со неговиот квалитет), и Earthborn Holistic да е поскап од Orijen ... треба некој да е луд да плати поскапо за понизок квалитет.Не никој не ја увезува, јас во грција ја видов и беше негде 85-95 евра, беше дури поскапа од Orijen
Што цена е вреќа од 15 кг. ?Сакам да ве прашам што мислите во врска со храната Dog&Co од Adragna? Знам дека цената кажува многу работи, ама многу луѓе ми ја испофалија па да слушнам уште нечие мислење
Пробај со јогурт или павлака, ги обожаваат. Ако не сака ни со тоа, само сув дехидрат тогаш.Се трудам да воспоставам горе долу ваков ред, меѓутоа му оставам и во моментот не јаде, а ако ја оставам подолго со водата, после тоа воопшто не ја јаде. ако ја тргнам, после некое време почнува да цивка зошто му се јаде. Тешко ми оди да воспоставам таков ред.
А има некаква штета доколку му оставам сув дехидрат еднаш во денот? може да го јаде и колку што го пратам деновиве, си јаде колку што му е доволно. Не се случило до сега да се прејаде
https://www.facebook.com/pages/PET-Expert/1375665372678479?fref=ts во овој пет шоп ја има Natural & Delicious.Ве молам за информација каде всушност во Скопје може да се набават Brit CarniLove и Farmina - Natural & Delicious? Благодарам.
A Brit CarniLove мислам ја има во Pet Supplies и во Зоовет кај др.Ѓорѓи во Кисела Вода.Ве молам за информација каде всушност во Скопје може да се набават Brit CarniLove и Farmina - Natural & Delicious? Благодарам.
Аканата не е вториот најдобар дехидрат во светотНовиот ручек на мојот Хару
Прегледај го приврзокот 122711
Се работи за Акана вториот најдобар дехидрат во светот. Вреќата е купена од Грција поради тоа што не се увезува во Македонија.
Farmina - Natural & Delicious ти е скапа храна ... вреќа од 12 кг. кошта 5790 денари ... поточно 482 денари испаѓа килограм на вреќа.Ве молам за информација каде всушност во Скопје може да се набават Brit CarniLove и Farmina - Natural & Delicious? Благодарам.
Moja грешка, требаше да пишам дека е еден од подобрите дехидрати кои не ги увезуваат во МК. Фала што ме поправи.Аканата не е вториот најдобар дехидрат во светот
Има повеќе дехидрати што се поквалитетни од Acana, а што се скоро исто толку квалитетни како и Orijen, или во најмала рака се премногу блиску до квалитетот на Orijen ... значи на некој начин според квалитетот на составот се помеѓу Acana и Orijen ... а тоа се следниве дехидрати:
- Nutrivet Instinct ... има исто како и Orijen, 80% месо и животински продукти / 20% зеленчук и овошје / 0% житарици.
Дури овој дехидрат Нутривет Инстинкт е појак од Оријен на протеини ... Оријен во сите негови 7 формули има 38% протеини ... а Нутривет Инстинкт во скоро сите формули има 42% протеини, а дури една формула му е со 45% протеини
- EVO ... фантастичен дехидрат, дури и појак од Оријен скоро сите формули им се со 42% протеини.
Али имаат една неверојатна формула со 84% месо и животински продукти / 16% зеленчук и овошје / 0% житарици ... и неверојатни 54% протеини
Останати фантастични Grain-Free дехидрати се:
Instinct, Innova, Taste Оf Тhe Wild, Canidae, Canagan, Wellness Core, Blue Freedom, Go Natural, Earthborn Holistic ... и др.
Инаку, моментално најдобриот дехидрат во Македонија според составот Brit CarniLove ... моментално има 4 вкуса:
1) Chicken
2) Salmon & White Fish
3) Nortrh Sea Fish & Turkey
4) Lamb & Wild Boar (омилениот вкус)
А летово, веројатно во текот на Јули, Brit CarniLove во својата линија ќе додаде уште 4 нови вкуса ... вкупно ќе бидат 8 вкуса
Информацијава ми е директно од увозникот на Брит во Македонија, кога пред 5 дена се видов со увозникот за да земам за мене вреќа, и узпат направивме муабет и за новите 4 линии што наскоро ќе пристигнат и во Македонија
Farmina - Natural & Delicious ти е скапа храна ... вреќа од 12 кг. кошта 5790 денари ... поточно 482 денари испаѓа килограм на вреќа.
А ако не купиш веќа од 12 кг., тогаш цената на посебно на 1 кг. е уште повисока, односно изнесува 510 денари за 1 кг.
Значи отприлика скоро 100 евра кошта вреќава од 12 кг. Natural & Delicious ... а мојата Доберманка како што јаде по половина килограм дехидрат дневно, вреќава мене би ми траела 24 дена ... или со други зборови ни 100 евра во текот на месецот нема да ми бидат доволни за да ја прехранам Доберманката
Али затоа јас никогаш не купувам дехидрат од Пет Шоп, бидејќи многу години сум во овие кучкарски кругови, и ги знам сите цаки ... и затоа што цените на дехидратите им се дигнати до небо, тродупло им се поскапи дехидратите во Пет Шоп, отколку што е цената на вреќите доколку ја набавиш директно од кај увозникот.
Конкретно Brit CarniLove во Пет Шоп исто вреќа од 12 кг. кошта околу 4.500 денари.
Додека пак јас, секогаш си ги набавувам вреќите директно од увозникот на Брит во Македонија, и вреќите ми излегуваат прилично поевтини.
Brit CarniLove кај увозникот вреќа 12 кг. кошта 3.100 и 3.300 ... во зависност од вкусот.
Има 4 вкуса, погоре ги напишав ... 2 вкуса се 3.100, а другите 2 вкуса се 3.300 кај увозникот.
Значи отприкила околу 1.200 - 1.400 денари ти е поевтина вреќата да ја купиш директно од кај увозникот, отколку да ја купиш во Пет Шоп
А за оваа цена од 3.100 и 3.300 нема да најдеш бољи дехидрат во Македонија.