Храна за кучиња

Член од
26 февруари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, дали има некој Кокер Шпаниел и што храна му дава? Моментално му давам N&D Пилешко Калинка(4300денари 12кф), но столицата не му е како што треба и вади доста измет. Според тие фактори мислам дека не му одговара баш хранава. Башка и крзново му е малце круто, не карактеристично за Кокер.

Се мислам дали да си правам бајрам на мозокот да зимам Акана или Оријен ама шо знам. Некој со Кокер ако има директно искуство со храна нека пише!
Zdravo, i nie ja koristime N&D pilesko kalinka 98% proteini, kade ja najdovte po taa cena 4,300 za 12 kg? Fala
 
Член од
15 јануари 2019
Мислења
20
Поени од реакции
8
Здраво, знаете ли кој е увозник на Фармина ?
 
Член од
18 август 2013
Мислења
59
Поени од реакции
14
Здраво, пазарив бернандиче здравје за 2 недели ќе го земам.
Ми препорача Royal Canin Puppy Giant храна за почеток мешана со мелено пилешко. Дали има некој искуство со хранава? Ќе земам на мерење прво за секој случај.

Дали има некој зимано мелено пилешко, грбови итн од Анаком во Скопје? мислам дали продаваат вака на луѓе да отидеш и да земеш:)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.083
Поени од реакции
2.946

Колку е паметно така да мешаш ќе оставам на СалтНПепа да ти каже или друг што е ветеринар
Дали Ана ком продава уште на приватни лица не знам, ама порано продаваа. Проблем е што мораш да земеш цело парче кое им беше околу 20тина килограми.
Ако имаш каде да го чуваш супер ако не џабе си го земал
Друго како ќе го сечеш? Сепак не можеш да му правиш одмрзни замрзни цело време
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
928

Многу пати е дискутирано за храна и слично тука ама ај....
Еве ги првите шест состојки на храната што ја спомна (процентот на застапеност е најголема кај првата состојка и после опаѓа):
Chicken by-product meal, brewers rice, wheat gluten, brewers rice flour, corn, corn gluten meal
Кажи искрено дали карнивор треба да го јаде ова или уште поубаво пред да одговориш скролни низ темава па ако имаш непознати прашај.

Искрено не би ја препорачал Royal
 
Член од
18 август 2013
Мислења
59
Поени од реакции
14
Чував карабаш до пред 2 месеци, му се преврте желудникот преку ноќ и утрото касно беше да го спасам .. Ја имам читано темата тогаш до кај 2015-16та постовите што се еве и сега сум до кај 30та страна и многу работи ми се јасни околу исхраната (ама сепак ќе ја си ја дочитам темата) само имам подзаборавено како со мало кутре и квалитетен почеток. Сепак се работи за голема раса и мн мн брз раст и развој па еве читајки ја темава ме фаќа некоја возбуда и трема да не згрешам негде и да не пропуштам нешто оти времето за раст не се враќа.
BTW кое ви е мислењето за кафортан од која возраст се дава? дали се дава и има потреба при хранење со 'квалитетен' дехидрат или одат само со готвена храна?

Мешањето претпоставувам би одело со претходно топење на дехидратот во вода, јогурт барем 30мин да набабри оти нели дехидрат и обична храна имаа различно време и начин на варење и не е препорачливо да се даваат во исто време или ако е во исто време дехидратот да е натопен во нешто претходно? Јас барем така знам.. Или пак еднаш дехидрат еднаш мелено месо.. ?
Претпоставував дека идат така во големи пакувања од 10-20кг и имам услови да го чувам, ај ваљда месецов ќе најдам време ќе отидам и ќе споделам дали уште продаваат.
Ми текна сега гледам во пораки го имам зачинот Диме од СалтНПепа, со тоа ќе му го зачинувам оброкот:))
Читајки налетав на линкот од тебе http://www.dogfoodanalysis.com/dog_food_reviews/ за храниве и само се потсетив зошто не поштовам дехидрати и колку се лоши кај нас и џабе фрлање пари.. Со Оскар имав користено само Премил супер спорт не така редовно само кога се немало време за готвење и сум бил задовлен со храната спрема цена квалитет (од Врање ја зимав дупло поевтина од МК идеше)

Уште кога ми ја спомна човекот Ројал Канин храната ми светна нешто потсвесно(тука имам читано) и така ми има останато (не дека некогаш сум ја користел и имам искуство да споделам) дека не е нешто wow храната и е само преплатена.. Ми ја препорача и вика сега на таа храна е (моментално кутрето е 55дена чекам втора вакцина и ќе го земам) препорачлива за бернандинци има супер соодност на витамини минерали и се што му е потребно на оваа раса за брз раст и развој не ти требаат никакви дотаци од витамини калциуми и остали работи и да не ја менувам оти кутрето е навикнато барем до кај 5 месеци..
Е сега читајки го составот на храната најверојатно ми кажа да го мешам со пилешко мељано ваљда дека е свесен оти му треба реален протеин на кучето??

Brewers rice- Brewers rice is a common carbohydrate source in low quality dog foods, but it's also an ingredient you should avoid. While it may sound like a whole grain, brewers rice most definitely is not. Brewers rice is not even whole white rice, it is fragments of rice that are left over after white rice has been processed.
Кааатастрофа:)

Која папи гиант готова храна би ми ја препорачале за бернандинец? уште незнам колку пари би дал ама знам дека сакам максимален квалитетен почеток ..
Фала поздрав
 
Видиш, повторувањето е мајка на знаењето. Јас сеуште си повторувам од време на време кога ќе видам нешто ново да е на пазар кај нас излезено.
Зачинот од Диме ќе те замолам да го споделиш у порака ако не ти е проблем.

Користев Брит долго време и немав никаков проблем, последниве неколку месеци семс филд лајт и сениор и разлика се гледа во крзното (помеко и посјајно со помалце митарење), ептен е индивидуално како ќе реагира на одредена храна. Еве ја имам приметено пилешко не и одговара ама ич.
 
Пратен зачинот:) Шо куче имаш?
Целата всушност дилема ми е дали со дехидрат на почеток да давам додатоци во исхрана калциум витами и кои бидејќи нели се си има избалансирано во неа и да не претерам? или само да давам при готвена храна ради баланс.. единствено сум сигурен дека ќе му давам Д витамин капки за бебиња што се
Секој ветеринар различно вика и нуди се во зависност што има да ти продаде, еден само кафортан и ништо друго, друг некои мулти вакви такви, трет оди земи си најевтиниот калциум давај му една недела, една не и така до година дена.. а баш круцијален период е почетокот .. и таака
 
Фала, голди имам еве годинава ќе полни 6.
Искуство со голема раса немам али како малечка исто дававме вит.д, калциум, дехидрат каде некогаш додававме варено јајце, лушпа од јајце, морков и се останато што е нели дозволено.
 
Член од
5 февруари 2019
Мислења
12
Поени од реакции
18
Друже , така смисканиот финален производ , колку време може да го чуваме и како , без да се расипе?

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
Druze hranata se zamrznuva i cuvaj ja kolku sto ti dusa saka, jas so godini gi ranam taka, sve sto treba e mesto da crpnes od vrekjata vo koja imaat vlozeno povekje sredatva nego u samata hrana da zemes i od zamrzivac dq go izvadis obrokot i da go ostavis da se odmrzne, rezultatot na celata maka od polovina cas cekamje da se odmrzne e sjajno vlakno, stolica, zdiv, raspolozenie, energija sto nema da ima so nieden dehidrat, neka izgledam kako da reklamiram ama jas ne pravam i ne prodavam, pravev dolgo vreme sam sega ja kupuvam gotova zosto ne mi se isplati mi izlagase od 600 do 900 den 10kila da napraam sega ja kupuvam 1500 denari 10kg a veruj mi ima rabota da gi napravis spakuvas sredis tie 10kg, ali sve vredi i sam da pravis i da kupuvas i sto i da pravis, barfot e zakon proguglajte temava ja imam procitano 60% samo za suva hrana zborite a toa e dno dna u ishranata na kucinjata..
 
И? Од каде набавуваш?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.643
Поени од реакции
928
Haha abe slepec stvarno mislis deka e vo red da pobaras informacija od nekogo na ovoj nacin? Na koj mislis deka se obrakjas na goldito so go cuvas?
Гледам кој е слепецот тука, да имало негде да се набавува у МК готова raw храна ќе се набавувало. Не секој има можност и време да спрема дома.
 
Член од
5 февруари 2019
Мислења
12
Поени од реакции
18
Гледам кој е слепецот тука, да имало негде да се набавува у МК готова raw храна ќе се набавувало. Не секој има можност и време да спрема дома.
I jas gledam, dovolno e istiot da progugla “barf hrana” pred da zeme da tvrdi tuka kako nema takvo nesto a ako te mrzi toa da go naprais sto ostanuva da zemes da spremas sam hrana, crpni si od suvata hrana i ne me zamaraj mene brkaj rabota, posto na strana spremanjeto do sega imam zimano od nekolku mesta kaj nas barf.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom