Храна богата со цеулоза?

Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
која храна е добар извор на цеулоза?
наведете ми овошје.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
добро бе никој не знае од цел форум?:nesvest:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
добро бе никој не знае од цел форум?:nesvest:
од овошје со целулоза:
сливи, смокви, урми, праски, круша, дуња, јаболко...

за овие само најдов на нет
тука само пишува што е целулоза...не во кои овошја се содржи..
 
S

smart ass

Гостин
која храна е добар извор на цеулоза?
наведете ми овошје.
МУСЛИ...тоа е храна богата со целулоза,исто и Житариците..

Инаку ја имаш и до 99% концентрирана,али тоа не е храна...:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
ЦЕЛУЛОЗА? Ако човекот јадел т.е бил способен за консумирање/разградување на целулозата и целулозните влакна ќе го немаше проблемот така наречен слепо црево тоа како за почеток, како второ ќе бевме преживари. Инаку, целулозата и онака џабе ќе ја консумираш... целата ќе ја исфрлиш. А ако веќе си напнал да јадеш богата целулоза навали му на некое пакување памук - тоа ти е 99% целулоза.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Еве ти Мацци нешто за ова
http://www.hrana.com.mk/statii/Rastitelni-vlakna.html
Битна е за прочистување на цревата (истовремено таа исхрана содржи и ензими корисни за многу битни процеси во организмот)
Со хранливите материи во организмот се внесува и една материја која е составен дел на храната од растително потекло - зеленчукот, овошјето и житарките. Тоа е целулоза и другите сродни материи кои се нарекуваат растителни влакна. Целулозата не е хранлива материја затоа што не се вари во човековиот организам, но нејзиното присуство во храната е драгоцено. Заради структурата на целулозните влакна тие го помагаат раздвижувањето на цревата, а со тоа придонесуваат за нивно празнење. Така, утврдено е дека целулозните влакна во дебелото црево врзуваат доста вода - до четири пати повеќе од сопствената тежина на дебелото црево (изметот) да смекне и да се олесни - да се забрза неговото празнење.

Според некои понови студии утврдено е дека во економски развиените земји каде што се консумира главно индустриска преработена храна со мало внесување на растителни влакна почесто се сретнува дебелеењето, болести на срцето и крвните садови, шеќерна болест и рак на дебелото црево. Наспроти тоа, во некои африкански земји каде што народот се храни главно со растителна (билна) храна со малку масти и висок внес на растителни влакна, скоро не е позната болеста артериосклероза со сите нејзини компликации. Се тврди дека причината лежи во начинот на исхраната.

Имено, растителните влакна ја врзуваат водата во цревниот тракт, го забрзуваат преминот на храната низ тенкото црево, со што влијаат врз намалувањето на апсорбцијата на холестеролот, односно врз намалување на неговото ниво во крвта. Истовремено, доволно внесување на растителни влакна помага за побрзо отстранување на штетните материи од метаболизмот и придонесува за спречување на болестите на дебелото црево.
Почести се оболувањата (посебно на дебелото црево) кај лица кои консумираат ваква храна (полипи, рак, опстипација...) отколку кај другите.
http://www.rak.mk/index.php?searchword=%D1%86%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B0&ordering=&searchphrase=all&Itemid=235&option=com_search
Сигурно е тоа дека квалитетот и количината на храната е една од причините за појава на опстипацијата. Чести диети и намалено внесување на храна го успоруваат процесот на полнење на дебелото црево и придонесуваат за застој на материите во него. Исто така со конзумирање на лесно сварлива храна не се создава доволно количество на отпадни материи и тоа придонесува за појавата на опстипација. Затоа потребно е користење на храна богата со целулоза, растителни влакна, а тоа се материи што не се разложуваат во цревата, туку набубруваат и придонесуваат за побрзо празнење. Такви материи има во житариците, овошјето, зеленчукот, салатите и сл. Се разбира дека од големо значење е пиењето на вода, и тоа наутро и помеѓу оброците, бидејќи со неа подобро се одвива работата на целиот систем за варење.
Ќе започнеме со храната која е богата со природни влакна.
Природните влакна се изградени од целулоза и уште некои материи кои стомакот неможе да ги вари, па затоа и представуваат уреден и добар регулатор на столицата (не го оптеретуваат). Тие влакнести материи најмногу ги има во меките житарки, најмногу во црното брашно, во лешниците (нелупени), помалку во полубелиот леб, а ги нема во белиот леб.
Целулоза, во поголеми количини има и во некои зеленчуци и овошја.
Такви се: грав, грашак, соја, боранија, краставица, цвекло, кељ, лешник, смоква, грозје, малина, капини, домати, моркови, рибизли.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Еве ти Мацци нешто за ова
http://www.hrana.com.mk/statii/Rastitelni-vlakna.html
Битна е за прочистување на цревата (истовремено таа исхрана содржи и ензими корисни за многу битни процеси во организмот)
Почести се оболувањата (посебно на дебелото црево) кај лица кои консумираат ваква храна (полипи, рак, опстипација...) отколку кај другите.
http://www.rak.mk/index.php?searchword=целулоза&ordering=&searchphrase=all&Itemid=235&option=com_search
Уствраи сакаш да кажеш дека е добра за прочистување на цревата така и си мислев делкај слама народе и ич не се секирај
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Фала на сите и мене ми помогнавте.:smir:
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
така ве сакам....голем поздрав до Lurtz за опширниот пост.
инаку имам/в проблеми со фисура на аналниот венец(ми спомнаа секој 3 ти го имал).па докторот ми пишал да јадам храна богата со цеулоза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom