Храната како лек

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Синоќа на радио слушав убава емисија за некои прехрамбрени артикли,
а кои може да се употребуват и како лек за некои болести и други совети.
Но малку од тоа запомнив а беше збор за:Портокалот,Тиквата,Биберот и др.
Посебно ме заинтересира темата за ТЕМНОТО чоколадо.
Темното чоколадо било корисно да се јаде и помага на многу начини. Но се
не запомнив само дека е препорачливо до 200 гр. во неделата,тоа би му дошло
по неколку коцки секојдневно.Помага и при срцеви заболувања и тегоби.
За портокалите интересно е тоа што е потребно и тоа под луспата и самата
луспа да се консумира и објаснуваа како и за кои проблеми со здравјето.
А јас баш тоа го чистам и фрлам. А темно чоколадо купив денес прв пат,
а имало и повеќе видови наши и увозни.Инаку млечните до сега ги употребував.
----
Мислам е потребна оваа тема, да ни одговорат позапознаените со ова на
нашите прашања,кој артикли може да се користат како лек и за кои болести.
Нека биде еве за почеток повеќе за ТЕМНОТО ЧОКОЛАДО.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Знам дека темното чоколадо е добро за столицата :)
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Знам дека темното чоколадо е добро за столицата :)
Ова сигурно ти е од некој рекла казала муабет.ја нигде не сум прочитал ни чул да е добро за тоа.

Да не пишувам за што е убаво,копирав од друго место.Јас веќе година и пол редовно купувам 70% темно чоколадо.обичните чоколада потполно ги избегнувам сеа.
  1. Ја ублажува здодевната кашлица. Кога кашлицата не ве остава да здивнете, обидете се да ја ублажите со темно чоколадо. Неколку медицински истражувања покажале дека теоброминот кој го има во темното чоколадо помага за смирување на кашлицата.
  2. Го снижува високиот крвен притисок. Секојдневното консумирање на мали количини темно чоколадо може минимално да го снижи високиот крвен притисок. Германско истражување покажало дека внесувањето на 30 калории дневно од темно чоколадо го намалува систолниот притисок со 3 mmHg, а дијастолниот со 2 mmHg. Истражувачите веруваат дека тоа снижување се должи на супстанциите флаваноли кои ги има во какаото.
  3. Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Темното чоколадо е добро и за кардиоваскуларниот систем и за мозокот. Антиоксидансите кои ги има во него го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.
  4. Помага при висок холестерол. Темното чоколадо, но не и белото, го намалува нивото на „лош“ холестерол, а го зголемува „добриот“ холестерол.
  5. Го подобрува расположението и го намалува стресот. Темното чоколадо го намалува нивото на хормоните на стресот, а го поттикнува создавањето на ендорфини, заслужни за засилувањето на чувството на среќа и задоволство.
  6. Изобилува со антиоксиданси. Антиоксидансите му се потребни на организмот затоа што успешно се борат против слободните радикали во телото и помагаат во заштитата од рак и кардиоваскуларни заболувања. Истовремено и го забавувааат процесот на стареење.
  7. Може да биде сојузник во борбата со вишок килограми. Горчливиот вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, за разлика од посветлите млечни чоколада кои дополнително го стимулираат. Неколку коцки темно чоколадо ќе ја задоволат дневната потреба за слатко и на тој начин полесно ќе го контролирате бројот на калории кои ги внесувате со вашата диета.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
8
Поени од реакции
6
Храна не може да лечи болести.
Али имаш диети што ти се препорачуваат ако си болен од нешто за да не се сјебеш повише.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ова сигурно ти е од некој рекла казала муабет.ја нигде не сум прочитал ни чул да е добро за тоа.
Зошто одма го нападна дека е од рекла казала . Еве ќе ти кажам од искуство дека мене ми помогнала црното чоколадо за столицата. Не сум прочитал во докторска студија, ниту медицинско лице ми потврдило . Едноставно имало ефект врз мене и ми помогнало, што ќе ми поголем доказ од тоа доколку мене ми помага .
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Храната и тек како може да лечи болести, но зависи кои и колку се сериозни, и секако од каде таа храна потекнува.

Проблем е што веќе и скоро да не постои здрава храна, све е толку вештачко, генетски модифицирано, прскано со 1000 хемикалии што кога некој ќе ти рече јади здрава храна, онака малце се збунувам....

П.С. Не ме цитирајте со постови од типот "дај доказ дека GMO е штетно и слично"

Не ме интересираат вашите хиптерско - игнорантни ставови.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Следете ја докторката Слаѓана Велков ако сакате да научите нешто за здравата храна и како таа помага.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Оваа емисија на радио сигурно е редовна,но ако некој знае точно во кое време
е нека каже,мислам дека беше во ноќната програма но дали на Ск 1 или 2 незнам.
А на телевизија некоја си баба Рада,кажувала некој исто така совети за храна-лек.
Еве едно БЛАГОДАРАМ,за убавото објаснување за темното чоколадо.
Јас сега купив од Европа 75% се таму кокоа, и ги има со повеќе вкусови и додатоци.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539
В
You are what you eat
Баш вака започна документарецот завчера што го гледав каде со докази покажуваат дека храната и те како лечи!!! Документарецот се вика food matters, ништо ниво, но убаво да се види. Објаснето е и дека готвената храна не е баш здрава, а и дека наместо темно чоколадо убаво е ако си во можност директ плодот од дрвото да го јадеш, дека чоколадото е процесирано, а секоја процесирана храна губи од потребното.

И демек од сабота пробувам да јадам бар 51% незготвена храна :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Храна не може да лечи болести.
Али имаш диети што ти се препорачуваат ако си болен од нешто за да не се сјебеш повише.
ТОТАЛНО СПРОТИВНО.
Секоја храна е одреден лек за нешто само треба да се пронајде, иначе и сите лекови се направени од храна.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ЦРВЕН КРОМИД
Се препорачува посебно летниот период,еве и зошто.
Иако има непријатен мирис,црвениот кромид е непроценлив извор на кверцетин кој има антихистаминско дејство. Хистаминот предизвикува исфрлање на кожата од високите летни температури и силни реакции на убодите од инсекти.
Црвениот кромид во секојдневната исхрана ќе ги намали овие потешкотии.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Абе и храната игра улога во здравјето а служи и како лек некогаш.Доктор Оз и Баба Рада глејте ги и плус има некои страни за исхрана можете и на доктори.мк да видите има.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
За Велков првпат слушам, јас многу ја почитувам Цвета(презиметно не ми текнува). ја има секој ден на радио2 околу 10 сабајле..се што каже се поклопува со тоа што го мислам и јас...
Храната е уствари најдобриот лек...

За Хунзите јас одамна имам читано, сега видов дека е ставен текст за нив на кајгана, и тоа е супер...треба само да се потенцира дека јадат многу семки од кајсија, богата на витамин б17...
Дури може посебна тема да се отвори за нив и начинот на исхрана, зошто таму регистриран случај на рак нема...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
За Велков првпат слушам, јас многу ја почитувам Цвета(презиметно не ми текнува). ја има секој ден на радио2 околу 10 сабајле..се што каже се поклопува со тоа што го мислам и јас...
Храната е уствари најдобриот лек...


За Хунзите јас одамна имам читано, сега видов дека е ставен текст за нив на кајгана, и тоа е супер...треба само да се потенцира дека јадат многу семки од кајсија, богата на витамин б17...
Дури може посебна тема да се отвори за нив и начинот на исхрана, зошто таму регистриран случај на рак нема...
Ова ти е една од поголемите лаги а.к.а. измами шо се шири последните години. "Витаминот б17" е амигдалин кој одредени ензими при варење го претвараат во цијанид. Клиничките тестови , освен токсичноста на истиот, не покажуваат дека има некакво влијание на туморите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom