Храната во Македонија пред колонијалните состојки

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Не можеме денес да си го замислиме животот без домати, компири, пченка, какао, пиперки, грав, тикви.
Нашите најважни рецепти се готват со доминантно овие плодови.
Но, сите овие се кај нас донесени од новиот свет, односно од кога е откриена и колонизирана Америка.

Сакам да знам, како се хранеле нашите предци претходно.
На овие простори растеле разни видови зеленчуци, меѓутоа дали има конкретни зачувани рецепти? Можеби има некој историчар кој би споделил?
Претпоставувам дека исхраната била со огромно римско влијание.
Споделете инфо, книги, рецепти :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117

Баш ова го размислувавме со кумашинот уз салата од леблебија, црвен грав пченка и кромид и месо на скара. Најверојатно во старо време салатата би била некоја зелка, правел, киселец , глуварче. А во зима репка, морков и разни трупки. Житарките биле тука од секогаш. Овошја колку сакаш, јаболка, круши, сливи, трнки, дуњи, шипинки, дренки и други бобинки.
Сигурно рецептите биле многу едноставни, варено или печено месо ако има со каша, леб или коренести плодови. И за разлика од денес кога секој ден јадеме различни манџи, тогаш скоро секој ден се јадело исто. Ова од што сум слушал од баби дедовци...

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Интересен факт е дека доматите кај нас се консумирале исклучиво како незрели, дури во почетокот на 20тиот век французите (или не знам некои други) им го „симнале“ стравот на нашиве да ги јадат „скапани“.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Јаделе месни, млечни и житни производи, јајца, овошје. Имаме еден куп вакви јадења со продукти само од стариот свет. Сарма, зелник, баница, питулици, тиганици, пастрма, колбаси, јогурт, кисело млеко, сирење, урда, итн.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Не можеме денес да си го замислиме животот без домати, компири, пченка, какао, пиперки, грав, тикви.
Нашите најважни рецепти се готват со доминантно овие плодови.
Но, сите овие се кај нас донесени од новиот свет, односно од кога е откриена и колонизирана Америка.

Сакам да знам, како се хранеле нашите предци претходно.
На овие простори растеле разни видови зеленчуци, меѓутоа дали има конкретни зачувани рецепти? Можеби има некој историчар кој би споделил?
Претпоставувам дека исхраната била со огромно римско влијание.
Споделете инфо, книги, рецепти :)
На повеќе локации низ Македонија од палеолитот (старо камено) и неолитит (ново камено) се пронајдени остатоци од леќа и грашок.

Исто така има и остатоци од просо, но тоа не е зачудење затоа што тоа е една од првите сорти кои фармерите почнале да ги одгледуваат.

Така да на овие простори тоа се јади барем 8000 години.
 
volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
681
Поени од реакции
1.701
Orizot vo kocansko e okolu pocetok na tursko , so znaci vrti sukaj zrnoto si rti povise od pet veka . Ima edna legenda deka e doneseno vo zeludnik na kokoska :) , kolku drzi voda ne znam , ama mojata familija go raboti ovoj proizvod veke 4 generacii nazad , steta so jas ke ja useram izgleda ovaa tradicija :(
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280

Еве еден текст во два дела околу исхраната на древните македонци.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Интересен факт е дека доматите кај нас се консумирале исклучиво како незрели, дури во почетокот на 20тиот век французите (или не знам некои други) им го „симнале“ стравот на нашиве да ги јадат „скапани“.
Не е за чудење, косоварите кој што се доселуваа во скопје и околината после земјотресот и во доцни 70ти и 80ти јадеа исклучиво зелен патлиџан по пазарите никако не купуваа скапани патлиџани.
Риба кога купуваа никако замрзната или рефус од рибарнцица пошто умрена била :D
 
Последно уредено:
D

dARK_ElementaL

Гостин
Сакам да знам, како се хранеле нашите предци претходно.
На овие простори растеле разни видови зеленчуци, меѓутоа дали има конкретни зачувани рецепти? Можеби има некој историчар кој би споделил?
Претпоставувам дека исхраната била со огромно римско влијание.
Споделете инфо, книги, рецепти :)
Имав слушнато од Небојша Вуковиќ дека древните Македонци наводно правеле мајонез со маслиново масло
 
Kajgana Shop

На врв Bottom