Хоџкинов Синдром

Член од
18 јуни 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Дали може некој да ми објасни каков е тој Хоџкинов синдром и нешто поврзано околу него.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Дали може некој да ми објасни каков е тој Кочков синдром и нешто поврзано околу него.
Прв пат слушам за ваков, а и татко ми прв пат слуша(доктор) а и на интернет не можам да најдам ништо. Сигурен си дека е кочков? Кај го слушна кој ти кажа, не знаеш нишо повеќе? Најверојатно не си го слушнал убаво, да не e Хоџкин?
http://en.wikipedia.org/wiki/Hodgkin's_lymphoma
 

Немирлика

all I need is love, friends & a piano☺
Член од
15 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
126
Прв пат слушам за ваков, а и татко ми прв пат слуша(доктор) а и на интернет не можам да најдам ништо. Сигурен си дека е кочков? Кај го слушна кој ти кажа, не знаеш нишо повеќе? Најверојатно не си го слушнал убаво, да не e Хоџкин?
http://en.wikipedia.org/wiki/Hodgkin's_lymphoma
Да Анон, најверојатно станува збор за грешка, а ако е ХоЧкин нека каже, и ќе добие подетални објаснувања :)
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Јас само ова го најдов, слично на Кочков - Котов синдром, кој е објаснет вака - a situation when a player thinks very hard for a long time in a complicated position but does not find a clear path, then running low on time quickly makes a poor move, often a blunder.[1] The term has been applied to similar non-chess situations, and is the title of a song on the album Appeal to Reason (7 October 2008) by the punk rock band Rise Against.[2]

Кога шах играч мисли долго време на потег во комплицирана ситуација, но не наоѓа добар потег, и потоа брзајќи да стигне на време прави глупав потег.

Е сега ако мислиш на Хочкинс, тоа е сосема друго, ама барем сега имам име за луѓето кои многу ми ја мислат и после поради недостиг на време парават глупости. Кочкови:)))

Плус, вирус фанав од некоја трана со котов синдром..
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ме прашаа дали сум слушнала за таков синдром (болест), најверојатно грешно слушнале и ти е што ме прашале. Очигледно станува збор за Хочкин.
 
I

Intex

Гостин
Ако си болен од Хочкин, I got some bad news for you.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Ќе го сменам насловот во Хочкин, се надевам дека е права одлука се надевам дека ќе донесете позитивни коментари во темава. Доколку не е така темата ќе биде затворена.

Продолжете.
 

Немирлика

all I need is love, friends & a piano☺
Член од
15 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
126
Хочкниовиот лимфом, уште позната како Хочкинова болест, е вид на лимфом кој всушност претставува рак на белите крвни клетки наречени лимфоцити. Таа е именувана по Томас Хочкин, кој прв ги опишал аномалиите во работата на лимфниот систем во 1832 година.Лимфомот Хочкин се карактеризира со уредено ширење на болеста од еден лимфен јазол до друг предизвикувајќи интензивирање на симптомите и ширење на болеста.

Хочкиновите клетки се испитуваат микроскопски и имаат карактеристичен хистолошки наод. Овој лимфом може да биде третиран со радиотерапија, хемотерапија или трансплатација на хематопоетски матични клетки. Изборот на третманите зависи од возраста и полот на пациентот, фазата на развој на болеста, како и хистолошкиот подтип на болеста.

Појавата на болеста покажува два критични периоди: првиот - во младите години (возраст 15-35), а вториот во периодот над 55 години. Преживувањето над 10 години е повеќе од 90% доколку болеста се открие во првиот или вториот стадум. Бидејќи голем дел од пациентите се млади тие често живеат 40 или повеќе години по третманот.

Сепак, зрачењето и третманите со некои цитостатици, претставуваат ризик од појава на секундарен рак, срцеви заболувања и белодробни болести, 40 или повеќе години подоцна. Со модерните начини на лекување во голема мера се минимизираат шансите за овие доцни ефекти. Пациенти со историја на инфективна мононуклеоза поради вирусот Epstein-Barr може да имаат зголемен ризик од појава оваа болест.

КЛАСИФИКАЦИИ

Типови


Класичниот Хочкин лимфом може да се класифицира во четири подтипови врз база на Рид-Стернберг-овата клеточна морфологија, што се открива преку биопсија на лимфните јазли.

Нодуларна склерозирачка форма на Хочкин лимфом
Ова е најчестиот подтип кај случаите со Хочкин лимфом, составен е од големи туморски нодули кои покажуваат расфрлани класични лакунарни RS клетки поставени во позадина на реактивните лимфоцити, еозинофилите и плазма клетки со различен степен на колаген - фиброза / склероза.

Мешан клеточен подтип
Ове е чест подтип и е составен од бројни класични РС клетки измешани со бројни воспалителните клетки, вклучувајќи лимфоцити, хистиоцити, еозинофили и плазма клетки. Овој тип најчесто се поврзува со ЕБВ инфекција, но може да се помеша и со почетокот на таканаречената клеточна фаза од нодуларен склерозирачки CHL.

Подтип на Хочкин лимфом богат со лимфоцити или лимфоцитна предоминација
Овој е подтип е редок, но има најдобра прогноза. Покажува многу карактеристики кои можат да предизвикаат дијагностичка конфузија со нодуларни лимфоцити со доминантни В клетки т.н. не –Хочкин лимфома (B-NHL).

Подтип на Хочкин лимфом осиромашен со лимфоцити
Ова е реток подтип, составен од голем број на често плеоморфни РС клетки со само неколку реактивни лимфоцити кои лесно можат да се мешаат со дифузен крупно клеточен лимфом. Многу случаи претходно класифицирани во оваа категорија сега се рекласифицирани под анапластичен голем клеточен лимфом.

Стадиуми

По дијагностицирањето на Хочкиновиот лимфом, пациентот подлежи на низа тестови, преку кои се испитува кои делови од телото се зафатени. Овие тестови вклучуваат, физички и хистолошки прегледи, прегледи на крвната слика, прегледи со помош на Х-зраци (снимања), компјутерска томографија, скенирање на градниот кош, главата, абдоменот, карлицата, магнетна резонанца, ПЕТ томографија и сл. при што се документира соодветниот наод.

Порано се користеле хируршки методи со кои што се влегувало во абдоменалните шуплини и се правела визуелна инспекција на туморот. Ова денеска ретко се користи и е заменето со подобрување на сликите - КТ скен и ПЕТ скен. Врз база на предходните испитувања се одредува стадиумот на зафатеноста на лимфомот:

Стадиум 1
Претставува прва фаза која најчесто зафаќа еден лимфен јазол, начесто на вратниот предел

Стадиум 2
Во вториот стадиум се зафаќа и друг лимфен јазол од истата страна на дијафрагмата или туморските клетки се шират на соседниот надворешен лимфен јазол

Стадиум 3
Овој стадиум вклучува зафаќање на лимфни јазли на двете страни од дијафрагмата, кои можат да вклучат и зафаќање на лимфните садови на некој орган -најчесто слезината

Стадиум
4 Стадиум IV претставува раширена форма на лимфом која вклучува ширење на еден или повеќе дополнителни лимфни органи.

ЗНАЦИ И СИМПТОМИ

Пациентите кои се заболени од Хочкиновиот лимфом можат да се препознаат по следните симптоми:

- ЧЕШАЊЕ НА КОЖАТА
- НОЌНО ПОТЕЊЕ
- НЕОБЈАСНИВО ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА
- НАЈЧЕСТ СИМПТОМ Е БЕЗБОЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (најчесто јазлите на вратот, рамениците, субклавикуларните и градните лимфни јазли)
- СПЛЕНОМЕГАЛИЈА (проширување на слезината), се јавува кај околу 30% од луѓето со Хоџкиновиот лимфом. Сепак ретко се забележува масивно, а може да се промени во текот на третманот.
- ХЕПАТОМЕГАЛИЈА (проширување на црниот дроб) се јавува кај 5% од случаите
- ХЕПАТОСПЛЕНОМЕГАЛИЈА (проширување и на слезината и на црниот дроб) се јавува исто така, но во поретки случаи
- БОЛКИ ПО КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ ова е многу невообичаено, но се јавуваат болки на лимфните јазли по конзумацијата на алкохол
-
БОЛКИ ВО ГРБОТ во одредени случаи се јавуваат болки во грбот кои точно не можат да бидат локализирани, обично во долниот дел на грбот - ЦРВЕНИ ДАМКИ ПО КОЖАТА
- ЦИКЛИЧНА ТРЕСКА
- С И С Т Е М С К И С И М П Т О М И - околу една третина од лицата болни со Хочкинова лимфома вклучуваат симптоми на ТРЕСКА, НОЌНО ПОТЕЊЕ, ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНА, ЗАМОР, ЈАДЕЖ НА КОЖАТА и сл.

ПРИЧИНИ


Нема точно определени насоки за спречување на Хочкиновата лимфома, тоа е затоа што не е познат причинителот или се јавува како резултат на повеќе причинители. Ризик фактори кои можат да допринесат за појавата на Хочкин лимфом се:

- Машките почесто заболуваат од овој тип на лимфом
- 15-40 години старост и после 55-тата година
- Фамилијарна историја на оваа болест
- Историја на мононодуларна инфекција или инфекција со Epstein-Barr вирусот
- Ослабнување на имуниот систем вклучувајќи ХИВ, или присуство на СИДА
- Продолжена пролиферација на хормонот за раст кај човекот
- Изложеност на егзотоксини

ДИЈАГНОЗА


Хочкиновиот лимфом треба да се разликува од другите отоци на лимфните јазли кои се предизвикани поради присуството на некои инфекции или други типови на рак. Најдобро се дијагностицира со биопсија на надворешните лимфни јазли и микроскопска опсервација. Тестовите на крвта се применуваат за да се утврди работата на органите и за да се види дали е безбедна хемотерапијата.

ПАТОЛОГИЈА


Макроскопски


Погодените лимфни јазли (најчесто латероцервикалните лимфни јазли) се зголемени, но нивниот облик е зачуван затоа што капсулата не е нападната. Микроскопија

Микроскопскиот преглед на материјалот земен преку биопсија вклучува целосно или делумно бришење на архитектурата на лимфниот јазол со расфрлани големи малигни клетки низ лимфниот јазол познати како Рид-Стернберг-ови клетки. Со микроскопирањето на материјалот земен за биопсија може да се види и промена на структурата и големината на хистиоцитите , еозинофилите и плазма клетките. Карактеристики на класичните Рид-Стернберг-ови клетки вклучува големи димензии (20-50 микрометри), хомогена цитоплазмата, дебела нуклеусна мембрана.

МЕНАЏМЕНТ


Пациентите со рана фаза на болеста (IA или IIA) може ефикасно да се третираат со радиотерапија или хемотерапија. Изборот на третманот зависи од возраста, полот, масовноста и хистолошкиот подтип на болеста. Пациентите со болест во подоцнежен стадиум (III, IVA, IVB или) се третираат со комбинирана хемотерапија.

Пациенти на било која фаза со голема маса во градите обично се третираат со комбинирана хемотерапија и радиотерапија. Во моментов, ABVD хемотерапијата е стандарден режим за третман на болеста на Хочкин во САД. Кратенката представува четири лекови: Adriamycin, bleomycin, vinblastine, и dacarbazine. Овој третман е развиен во Италија во седумдесетите години, третманот обично трае помеѓу шест и осум месеци иако во одредени случаи може да трае и подолго.

Поновата Стенфорд V представува само половина од ABVD хемотерапијата, но е поинтензивна и се комбинира со зрачење. Една студија во Италија покажа дека третманот Стенфорд V е инфериорен во однос на ABVD.

BEACOOP
е форма на третман кој главно се користи во Европа. Постапката со BEACOPP ЕСС. Режимот е околу 10-15% повисока од стандардената ABVD постапка кога болеста е во напредна фаза. Тоа го покажа на хартија New England Journal of Medicine, Но американските лекари се уште корист ABVD, можеби затоа што некои лекари сметаат дека BEACOPP предизвикува повеќе секундарни болести. Сепак, се чини дека ова се занемарливи болести во споредба со повисока стапка на излекување.

Се смета дека зголемувањето на возраста е негативен фактор на ризик кај Хочкин лимфомот. Бидејќи и постарите лица се доволно способни да ја поднесат терапијата како и помладите, тоа го докажува истиод исход кај третманот и кај постари и кај помлади пациенти. За зрачењето кај Хоџкиновиот лимфом, онколозите обично користат надворешни зраци, радиотерапија (понекогаш се крати на EBRT). Зрачењето онколозите го изведуваат со помош на машина која е наречена линеарен акцелератор.

Пациентите овој третман го опишуваат како безболен, третманот трае триесетина минути секој ден без сабота и недела. Постојат неколку типови на зрачења кои ги изведуваат онколозите, чија цел е да се озрачат единствено местата на телото кои што се зафатени со болеста. Многу често со радио терапијата се комбинира и хемотерапија.

Радиотерапијата која што се изведува над дијафрагмата во пределот на вратот, градите и пазувите се нарекува мантија поле за зрачење. Додека областа под дијафрагмата која се изведува на стомакот, слезината и/или карлицата се нарекува превртено Y поле на зрачење. Централно зрачење се дава кога се озрачуваат сите лимфни јазли на телото за кои се смета дека имаат клетки кои можат да се шират. Високиот степен на излекување од оваа болест го зголеми интересот за несаканите ефекти кои се јавуваат по користењето на оваа терапија. Поради зрачењето и интензивната хемотерапија несакани секундарни болести кои се јавуваат обично се: кардио-васкуларни промени, леукемии, секундарни тумори и сл. Повеќето случаеви во ран стадиум денеска се третираат со скратена хемотерапија и радиотерапија.

Денеска болниците се стремат да ја намалат дозата за давање хемотерапија и радиотерапија со што би го намалиле ризикот од појава на дополнителни болести, а би довеле до успешен исход при лекувањето. Во некои случаеви радиотерапијата се избегнува се дава само хемотерапија таму каде што ќе се оцени дека е можно и дека и без радиотерапија болеста би имала позитивен исход.

ПРОГНОЗИ

Целта на третманот на болеста Хочкин лимфом е подобрувања во текот на изминатите неколку децении. Последните испитувања кои се направени со користење на нови типови на хемотерапија покажаа повисоки стапки на преживување отколку што претходно се забележани. Во една неодамнешна Европската студија се покажа дека, 5-годишната стапка на преживување за оние пациенти со поволна прогноза е 98%, додека кај пациенти со подоцен стадиум е најмалку 85%

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА


За разлика од некои други лимфоми, чија појава се зголемува со возраста, кај Хоџкиновиот лимфом, тоа се случува најчесто во две одделни старосни групи, првата е на возраст 15-35, а втората е на возраст над 55 години. Иако овие граници може да се разликува малку кај различни националности. Генерално, таа е почеста кај мажите, освен за нодуларен склерозен тип, кој е малку почест кај жените. Годишната стапка на Хочкиновиот лимфом е околу 1 во 25.000 луѓе, а болеста се појавува во помалку од 1% од сите случаи на рак во светот. Инциденцата на Хочкиновиот лимфом се зголемува кај пациентите со ХИВ инфекција.

Извор: Hodgkin Disease at American Cancer Society Hodgkin's Lymphoma at the American National Cancer Institute Clinically reviewed Hodgkin's lymphoma information for patients, from Cancer Research UK

 

Kajgana Shop

На врв Bottom