Хорхе Луис Борхес

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Хорхе Луис Борхес (1899 - 1986) е еден од најпознатите и најзначајните латиноамерикански писатели. Роден е во Буенос Аирес, Аргентина, во етнички мешано семејство.
Приврзаник е на кратките литературни форми (раскази, есеи, поезија, литературна критика - што делумно се должи на оштетениот вид), во кои мошне успешно ги пренесува и обработува темите кои се предмет на неговиот интелектуален и уметнички интерес, а кои претежно се од сферата на филозофијата, метафизиката и фантастиката. Карактеристични и мошне чести во неговата проза се книгата, библиотеката, лавиринтот, огледалото, тигарот и други симболи, на кои авторот им дава ново, метафорично и мистично значење. Борхес, барем за мене, претставува прилично оригинална книжевна појава, која влијаела на повеќе автори (Габриел Гарсија Маркез, Умберто Еко, Орхан Памук, Салман Ружди, Ернесто Сабато, Данило Киш и др.).
Од она што го напишал, би ги издвоил Алеф, Други истражувања, Кратка историја на бесчесноста, Историја на вечноста, Песочната книга, Измислици и др.
Борхес е исклучително начитан, полн со информации, понекогаш тежок за следење, посебно кога обработува теми, ликови или дела со кои читателот не е баш запознаен, па понекогаш е потребна дополнителна едукација за да се разбере целосно некој негов текст.

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Дури сега ја забележувам темата. :ROFLMAO:

Вчера го прочитав расказот Песочната книга, ми наликува на некаков тип магичен реализам. Каде можам да најдам некои критики околу негови дела и изданија на македонски?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Дури сега ја забележувам темата. :ROFLMAO:

Вчера го прочитав расказот Песочната книга, ми наликува на некаков тип магичен реализам. Каде можам да најдам некои критики околу негови дела и изданија на македонски?
Табернакул ја има издадено Фикции (Изуми и Градината на патеки што се разгрануваат) има и еден постар превод не негови дела во издание на Нова Македонија. За литературна критика види кај Влада Урошевиќ во Подземна палата (Лавиринтите на Борхес). Можеби има и нешто друго, ама јас не знам за тоа.
Ги имам читано собраните дела што ги издаде Графичкиот завод на Хрватска во 1985 година (6 тома - и во последната има поопширен критички осврт; провери во НУБ) и српските изданија на Атлас (кратки раскази на Борхес за неговите патешествија низ светот) и Што читам повторно (збир на поговори или предговори на Борхес за неговите омилени дела и писатели).
Јас мислев дека темава е одамна во канта :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Еве неколку кратки раскази што ги најдов по нетов. :)

ПРИВИДУВАЊЕ

Еден ден во јули 1952 година, еден човек во траур се појави во малечкото село во Чако. Беше висок, тенок, личеше на Индијанец, без израз на лицето како кај некој малоумник или како да имаше маска. Луѓето се однесуваа пристојно кон него, не само поради него туку и поради тоа што беше или можеше да биде. Човекот одбра еден ранч блиску до реката. Со помош на неколку сосетки стави неколку штици на две ногарки и на нив една кутија од картон со една сина кукла. Запалија четири свеќи во високи свеќници, а околу ставија цвеќиња. На доаѓањето на луѓето не се чекаше долго. Очајни старици, вчудоневидени деца, момчињата од фармите што со почит ги вадеа своите капи од плуга, дефилираа покрај кутијата повторувајќи, „нашите сочувства, генерале”. Овој ги пречекуваше со голема болка, исправен пред кутијата, со скрстени раце пред мевот како што прават бремените жени. Одвреме навреме ја подаваше десната рака, да ги стисне подадените раце и одговараше со затворена резигнација, „Таква е судбината. Сè што беше човечки возможно сè беше сторено“. Во една касичка се собираа од секого по два пезоса. Мнозина не се задоволија со тоа да дојдат само еднаш.

Се прашувам каков вид човек можеше да ја замисли и да ја изведе оваа мрачна фарса? Еден фанатик? Меланхолик? Лудак или шарлатан? Циник? Дали веруваше дека е Перон кој ја играше својата мртовечка улога на нажален вдовец? Случката е неверојатна но е вистиниа и можеби се повторувала повеќе пати со различни актери и на различни места. Таа е вонреден симбол на едно иреално време. Таа се покажува како рефлекс на еден сон, како драма на драмата што ја гледаме во Хамлет. Човекот во траурот не беше Перон. Сината кукла не беше жена му Ева Дуарте. Но и Перон не беше повеќе Перон, ни Ева – Ева. Тие беа непознати, анонимни (чии што тајни имиња ги игнорираме како и нивните вистински лица) кои за наивната сентименталност на предградијата претставуваа нечиста митологија.

ЗАПЛЕТ

За ужасот да го достигне совршенството, Цезар, притеснат до нозете на кипот со нестрпливи бодежи на непријателот, го открива меѓу тие лица и ножеви Марко Јулие Брут, својот штитеник, можеби и син, во тој момент тој престанува да се спротивставува и извикува, „Зар и ти сине мој!”. Шекспир и Кеведо го преземаат тој патетичен извик.

Судбината ги сака повторувањата, варијациите, симетриите. Илјада девестотини години подоцна, некои гаучи напаѓаат еден од своите постари другари во јужното предградие на Буенос Аирес, овој паѓа препознавајќи го во тој момент својот усвоен син и му се обраќа со благ прекор и лесно изненадување (овие зборови треба да се слушаат, а не да се читаат). „Но сине!” Го убиваат, а тој не знае дека умира за да се повтори една сцена.

НИШКАТА НА СИЖЕТО

Нишката, што Аријадна му ја имаше вложила во раката на Тезеј (мечот е во другата рака), за тој да проникне во лавиринтот и да го пронајде воинот со глава на бик, или како што тоа Данте го сака, бикот со глава на човек – да го убие и да се врати, рушејќи ги сите прегради што му ја попречуваат средбата со љубената…
Сето тоа не беше така. Тезеј не можеше да се сети дека покрај него имаше друг лавиринт, лавиринтот на времето, каде што го чекаше Медеја. Отсега, нишката е загубена. Загубен е и лавиринтот. Ние не знаеме што е тоа, што нè опкружува: од некого изграден космос или случаен хаос.
Но, наша обврска е да мислиме дека лавиринтот постои, а најбитното е, дека нишката е во нашата рака. Ние не ја поседуваме. Ние случајно ја пронаоѓаме и повторно ја губиме, верувајќи, заслушувајќи се или заспивајќи. Ние забораваме на неа во философските беседи, и не се сеќаваме на неа ако сме некогаш среќни.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Во романот „Името на розата“ кој верувам дека повеќемина го прочитале, или барем го гледале истоимениот филм, еден од позначајните ликови е и стариот, слеп монах, поранешен библиотекар на манастирската библиотека, Хорхе од Бургос. Своевремено и Борхес, кој исто така бил слепец, бил директор на Националната библиотека во Буенос Аирес, па ова претставува своевиден омаж на Еко за Борхес.
Еве еден текст од Х.Л.Б. кој го најдов во Окно:

Хорхе Луис Борхес

Нашиот кутар индивидуализам

Никако да дојде крајот на илузиите во врска со патриотизмот. Во првиот век од нашата ера Плутарх ги исмевал оние кои изјавувале дека месечината над Атина е поубава од онаа над Коринт;
Милтон во XVII век забележал дека Бог прво им се открил на Своите Англичани; Фихте на почетокот на XIX век изјавил дека да се има карактер и да се биде Гeрманец очигледно е едно исто. Тука националистите цветаат; ги придвижува, како што самите велат, оправданата намера да ги негуваат најдобрите аргентински карактеристики. Меѓутоа, тие не ги познаваат Аргентинците бидејќи во своите расправи сакаат главно да ги одредуваат во однос на некој надворешен факт; на пример, во однос на шпанските освојувачи, или во однос на некоја имагинарна католичка традиција, или со „саксонскиот империјализам“.
Аргентинецот, за разлика од Американците од северот и од сите Европејци, не се поистоветува со државата. Тоа може да се припише на околноста што со оваа земја се владее многу лошо или на фактот што државата воопшто е непоимлива апстракција*, Аргентинецот е индивидуалец, не граѓанин. Афоризмите како оној на Хегел според кој „државата е реалитет на моралната идеја“, му звучат како злонамерни шеги. Холивудските филмови често имаат приказна за човек (обично е новинар) кој склопува пријателство со злосторник за подоцна да го предаде на полицијата, и нему треба да му се воодушевуваме; Аргентинецот, за кого пријателството е страст, а полицијата мафија, чувствува дека холивудскиот „херој“ е огромно ѓубре. Тој како и Дон Кихот чувствува дека „таму секој ќе се сретне со својот грев“ и дека „не е добро чесните луѓе да бидат џелати на други луѓе“ (Дон Кихот, I, XXII). Многу пати помислував дека меѓу овие два света постојат непремостливи разлики, а овие два реда од Дон Кихот беа доволни за да сфатам дека грешам; тие се нешто како спокоен и таен симбол на нашата блискост. Длабока потврда за ова се наоѓа во една ноќ од аргентинската книжевност: онаа напната ноќ кога некој селски наредник викна дека нема да дозволи да се убие еден херој и почна да се бори против своите војници, рамо до рамо со дезертерот Мартин Фиеро. За Европејците светот е космос во кој секој длабоко е во склад со својата улога; за Аргентинецот, светот е хаотичен. Европеецот и Американецот од север заклучуваат дека некоја наградена книга сигурно е добра; Аргентинецот ја дозволува можноста дека не е лоша, и покрај наградата. Аргентинецот не верува во околности. Тој можеби не ја знае приказната дека човештвото секогаш има 36 праведни луѓе - Lamed Wufniks – кои не се познаваат меѓу себе, но тајно го одржуваат универзумот; кога би ја слушнал, не би го зачудило ако тие добри луѓе се мрачни и анонимни. Неговиот херој е осамениот човек кој сам се бори против герилата, непосредно (Фиеро, Мореира, Ормига Негра), посредно или во минатото (Сегундо Сомбра). Други книжевности не бележат слични факти. На пример, се смета дека два големи европски писатели се Киплинг и Франц Кафка. На прв поглед тие двајца немаат ништо заедничко, но кај едниот темата е барањето поредок, барањето некаков поредок (патот во Ким, мостот во Градители на мостови, римскиот бедем во Puck of Pook's Hill ); кај другиот темата е неподносливата, трагична осаменост на човекот кому му недостасува место, макар и најбедно, во поредокот на универзумот.
Некој ќе рече само ги истакнав негативните и анархистички карактеристики; ќе додаде дека тие немаат политичко оправдување. Се осмелувам да го тврдам спротивното. Најголемиот проблем на нашето време (на кој со пророчка луцидност укажа веќе по малку заборавениот Спенсер) е постепеното вплеткување на државата во животот на поединецот; во борбата со ова зло, чии имиња се комунизам и нацизам, аргентинскиот индивидуализам, можеби бескорисен или штетен, ќе најде свое оправдување.
Без надеж и со копнеж, размислувам за апстрактната можност за една партија која би била блиска на Аргентинците; парија која би ни ветила строг минимум на владеење.
Национализмот сака да нè воодушеви со визијата за бескрајно здодевна држава; оваа утопија, доколку би се остварила на земјата, би имала сила на провидение, бидејќи сите би сакале и на крајот би ја изградиле нејзината антитеза.
Буенос Аирес, 1946

* Државата е безлична: Аргентинецот го разбира само личниот однос. Затоа за него да се украдат државни пари не е злосторство. Кажувам факт; не го одобрувам, ниту го правдам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас би сакал да ви ги препорачам разговорите помеѓу Борхес и Сабато. Беа издадени на српски јазик, не се сеќавам која беше издавачката куќа. Ја имав книгата, но некој ми ја украде.

:(
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.228
Јас би сакал да ви ги препорачам разговорите помеѓу Борхес и Сабато. Беа издадени на српски јазик, не се сеќавам која беше издавачката куќа. Ја имав книгата, но некој ми ја украде.

:(
20151021_135207.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom