Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.364
S

Sasha

Гостин
MetalCore ne e samo znakot tuku i podznakot ima vazna uloga vo toa sto sakame i nesakme,pozdrav :)
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
10
Поени од реакции
0
Ne veruvam nogu pravo da vi kazam...
mislam deka koga ke procitas za nekoi karakterni osobini na tvojot horoskopski znak, avtomatski ke ti tekne nekoja situacija makar bila samo edna sto ke te asocira na taa karakteristika. Ama sepak cisto radi zabava go citam, bas da vidam dali ke se pogodi nesto od napisanoto i na kraj konstatiram nema nikakva vrska....
 

*Smurfette*

He smurfs me, he smurfs me not
Член од
10 јуни 2006
Мислења
538
Поени од реакции
38
Бик и Девица, двајцата земјени - ќе биде ?
 
Член од
9 октомври 2010
Мислења
191
Поени од реакции
29
Oti nekoi vikaat deka ovenot i lavot se super spoj? Mojata bivks bese lav i iskreno ne ja podnesuvav koga ke ja fanese mrza ili nejziniot specificen tabiet
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Бик и Девица, двајцата земјени - ќе биде ?
Бик и девица – љубовна комбинација
Љубовната врска сочинета од партнери со хороскопски знаци бик и девица, претставува една навистина практична унија. И двата знака внесуваат практичност во нивните секојдневни активности, како најефикасно решение на повеќето проблеми. Тие се многу отворени, искрени и посветени еден на друг. На девицата ù се допаѓа силата и посветеноста кои ги поседува бикот, а тој пак го цени брзиот ум на девицата. Поради претпазливата природа на девицата, на оваа љубовна врска најверојатно ќе ù треба повеќе време за да се развие, но кога еднаш ќе се стабилизира, таа ќе фати добар правец, како една парна локомотива во движење, која работи на нејзината сопствена енергија и е тешко да се сопре.
Овие два знака имаат многу заеднички работи. Двајцата го ценат здравиот разум и практичноста, материјалисти се и работат напорно за да си го овозможат комфорниот начин на живот, кој го посакуваат. Бикот е посензитивен и потолерантен кон другите луѓе, во однос на девицата. Таа има тенденција да се трга настрана од хаотичните ситуации во животот, за да може на раат да ги анализира сите можни гледишта на истите. Анализите на девицата, може да ја одведат до пожесток критицизам, кој бикот може да си го сфаќа премногу при срце. Добрата вест е дека, тие се доволно слични по природа за да можат да научат да бидат трпеливи и нежни еден со друг. Таа лекција може подобро да ја научи девицата, која обожава да го разгалува нејзиниот бик со добра храна и нежни допири.
Бикот е управуван од планетата Венера (љубов и пари), а девицата од Меркур (комуникација). Овие две планети се блиску до Сонцето, поради што бикот и девицата се многу слични по природа, иако делуваат како да се многу различни. Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и страста – работи кои му се многу важни на бикот. Меркур пак, се однесува на комуникациските вештини кои ги поседува девицата и нејзината способност за прилагодување на ситуациите, врз основа на формата која сама ќе си ја одбере. Девицата може мошне да ги разбере чувствата на другите луѓе, а може и лесно да постане романтичен и сензуален партнер, каков што бикот посакува да биде. Двајцата партнери се многу приврзани и посветени еден на друг, така што нивните конфликти не би требало да бидат фокусирани на прашања околу интимноста.
Бикот и девицата се сталожени, постојани, реални и разумни личности. Ним многу им е важна стабилната финансиска состојба и опкружувањето со убави работи: раскошен дом, скапи уметнички дела, автомобили од висока класа… Поради таквата нивна потреба, овој пар дефинитивно ќе работи напорно и никогаш нема непотребно да ги расфрла парите, за да може да си ги овозможи ваквите луксузи.
Бикот е тврдоглав и речиси никогаш не се премислува откако еднаш ќе го оформи неговото мислење по некое прашање. Пофлексибилната девица може да му помогне на бикот да научи да го цени „откочувањето“ на умот, кога тоа е потребно и се разбира, практично решение.
Најдобриот аспект од љубовната комбинација бик-девица е посветеноста на партнерите кон реализација на нивните заеднички цели. Поради тоа што имаат многу слични интереси и желби во животот, бикот и девицата се високо компатибилен пар.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Знак шкорпија и подзнак близнаци.Ке ме биде?
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Знак шкорпија и подзнак близнаци.Ке ме биде?
Не. :)
Луѓето родени под знакот РИБИ не сакаат:
Луѓе кои се прегласни.
Луѓе кои не обрнуваат внимание на аргументи.
Алкохоличари.
Кога мора да носат очила за вид.
Автомобили кои многу трошат.
(y)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
За Шкорпија и Стрелец шо имате да кажете? , и Шкорпијата шо подзнак е ?
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
За Шкорпија и Стрелец шо имате да кажете? , и Шкорпијата шо подзнак е ?
Ако скорпија и стрелец решат да бидат заедно во љубовна врска, тие треба да забават малку и да си дадат време подобро да се запознаат на едно подлабоко ниво, бидејќи во спротивно тие ќе ризикуваат да избрзаат со нивните заклучоци и постапки. Оваа врска може да биде завршена уште пред кој било од партнерите да знае дека таа воопшто започнала, ако тие не се доволно внимателни. Од друга страна, ако скорпијата и стрелецот се трпеливи и истрајни, нивниот труд ќе биде богато награден.
Стрелецот сака промени, нови, возбудливи и непредвидливи случувања и располага со моќна оптимистичка енергија. Скорпијата пак, едноставно сака да се зближи со својот партнер и да ја зацврсти нивната емоционална поврзаност. На почетокот на нивната врска, стрелецот може да се чувствува малку задушено од занесеното однесување на скорпијата и нејзините големи очекувања за љубовта. Ако скорпијата ги контролира своите емоции, во оваа врска и двајцата ќе се чувствуваат задоволно и возбудливо. И скорпијата и стрелецот секој ден го доживуваат како нова авантура и бескрајна можност за истражување, испробување и учење нови работи. Скорпијата има потреба постојано да одгатнува некои нејзини нерешени мистерии, а стрелецот постојано бара нова авантура и нивното споделување на искуства и идеи може многу да ги зближи како пар.
Помеѓу нив може да се појават и недоразбирања како резултат на нивните темпераментни карактери. На стрелецот може да му досади од тврдоглавоста и нефлексибилноста на скорпијата, а таа пак може да мисли дека нејзиниот партнер е многу импулсивен и непромислен. Љубовните партнери родени во овие хороскопски знаци ќе треба да поминат едно долго возбудливо патување учејќи многу еден за друг, а резултат за нивната врска ќе биде од голема полза.
Во оваа врска партнерите се секогаш спремни за акција. Плутон и Марс управуваат со скорпијата, а со стрелецот владее Јупитер. Марс го симболизира богот на војната, кој и дава решителност и борбеност на скорпијата. Во комбинација со Плутон, овие две планети ја симболизираат способноста на скорпијата за обновување и закрепнување после тешките моменти во нејзиниот живот. Јупитер го насочува фокусот на стрелецот кон филозофија, академско учење, развој на меморијата, оптимизам, среќа и патувања. Комбинацијата на карактерните особини на овие два знака, како што се нивната умствена зрелост и мажествена енергија, создаваат витална врска во која постои заемна почит и восхит.
Стрелецот е спонтан по природа и кога донесува одлуки се насочува во оној правец во кој му е најкомотно да биде. Од друга страна, скорпијата е порезервирана и нејзините мотиви се прикриени и тешки за „читање“. Поради тоа може да се случи овие двајца погрешно да ги интерпретираат зборовите и постапките на партнерот и да настанат недоразбирања, меѓутоа кризите можат да ги надминат. Ако овие партнери се согласат дека нивната врска е значајна, тогаш нивната меѓусебна преданост, приврзаност и нежност, ќе извојуваат победа.
И двата знака умеат да прават повеќе работи во исто време, т.н. мултитаскинг. Немојте никогаш да се посомневате во способностите на овој пар, бидејќи тие умеат убаво да ги прослават родендените, празниците, специјалните датуми и притоа да ги завршат на време секојдневните семејни и работни обврски. Сепак, за комплетното завршување на работите во оваа врска е задолжена скорпијата, бидејќи стрелецот често лута од една работа на друга, без претходно да го заврши веќе започнатото. За среќа на скорпијата, стрелецот ја забележува сета работа која таа ја сработува и тој дефинитивно ќе најде начин да ја изрази својата почит, секогаш кога тоа ќе биде потребно.
Скорпијата знае да биде тврдоглава, строга и да бара многу одеднаш, па таа ќе мора да му го даде на стрелецот потребниот простор и време за реализација на неговите интереси. Интересно е тоа што скорпијата има моќ да го мотивира стрелецот да ги реализира оние идеи од кои веќе се откажал, а тој за возврат има способност за адаптација и флексибилност, што е позитивна карактеристика кога настануваат нивните несогласувања.
Најдобриот аспект од оваа љубовна врска е чувството на безбедност во врската и обостраната прилагодливост на партнерите кон нивните заеднички желби и преференции. Кога еднаш ќе научат како да ги отворат нивните чувства еден кон друг и ќе успеат да ги сфатат нивните различни животни филозофии за љубовта, овие двајца имаат потенцијал за една „жешка“ врска, во која ќе бидат поврзани на длабоко емоционално ниво и меѓу нив ќе постои искрена почит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom