Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.364
Член од
18 мај 2011
Мислења
184
Поени од реакции
74
Близнаци

Близнаците се кловнови, лажат и ви се внесуваат во лице додека ви зборуваат, ве тапкаат со едната рака, а со другата ве крадат. Никогаш немаат свое мислење, и само дрдорат и дрдорат.

Тој - Лесно знае да се вклопи во сосема ново друштво и амбиент, но тоа е човек кого не го интересира туѓото мислење. Апсолутно е лишен од секаков комплекс и затоа се смета себеси за идеален човек. Склон е кон нагли промени на расположението, а знае да биде многу неискрен и склон кон озборување, макар што знае да се извлече од секаква каша.

Таа - По природа има добра душа и знае да сочувствува со другите, меѓутоа не е алтруист. Нејзини најголеми мани се алчноста и превртливоста. Лесно се воодушевува од сè, а брзо ги напушта нештата за кои треба упорност. Она што нема да го добие веднаш, за неа губи секакво значење. Обожава флертови и сензации, а не може да ја поднесе монотонијата.

Хахахаха е ова ме изнасмеа:)))) Особено тоа што го пишува за женскиот дел:)))
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
5 работи кои што не му одговараат на вашиот хороскопски знак

Откријте кои се 5-те најкарактеристични работи кои им сметаат на луѓето родени во различни хороскопски знаци. Понекогаш само детал е доволен да ви го расипе расположението.

Луѓето родени под знакот ОВЕН не сакаат:

Луѓе кои се влечкаат додека одат.
Невозвратени телефонски повици.
Лоши танчери.
Доцнење за на воз, авион или автобус.
Луѓе кои се облекуваат премногу обично.

Луѓето родени под знакот БИК не сакаат:

Луѓе кои премногу се фалат.
Неред и неорганизираност.
Кога некој ги игнорира.
Јавни говори.
Да биде предмет на шега или трик.
Кога нема да изпаднат доволно паметни.

Луѓето родени под знакот БЛИЗНАЦИ не сакаат:

Луѓе без смисла за хумор.
Кога не се нон-стоп во центарот на вниманието.
Лошо вино.
Луѓе кои полека зборуваат.
Луѓе кои преспоро пешачат.

Луѓето родени под знакот РАК не сакаат:

Преголема топлина.
Луѓе кои не знаат да се облекуваат.
Кога ги критикуваат.
Насилни филмови.
Незаблагодарни деца.

Луѓето родени под знакот ЛАВ не сакаат:

Луѓе кои се облекуваат подобро од нив.
Кога ги игнорира околината.
Кога е премнуго ладно.
Кога треба да остане дома на сончев ден.
Кога ги опоменуваат да успорат.

Луѓето родени под знакот ДЕВИЦА не сакаат:

Луѓе кои се неуредни и неорганизирани.
Луѓе кои не плаќаат данок.
Луѓе кои не одговараат на работни мејлови.
Губење време на фејсбук.
Емотивни кавги или сцени.

Луѓето родени под знакот ВАГА не сакаат:

Луѓе кои му викаат да ја намали музиката.
Ѓубре во паркот.
Луѓе кои крадат цвеќиња.
Љубовни авантури за една ноќ.
Лоши фризури.
Луѓе кои се престроги спрема децата.

Луѓето родени под знакот ШКОРПИЈА не сакаат:

Љубовници кои не доживуваат оргазам.
Кога некој е подобар во работата од нив.
Кога луѓето јадат без манири.
Кога темата е озборување.
Луѓе кои премногу ја пратат модата.

Луѓето родени под знакот СТРЕЛЕЦ не сакаат:

Луѓе кои премногу се жалат.
Кога ги обвинуваат дека незнаат да раководат со парите.
Кога од нив очекуваат да дојдат на време.
Насилство на животните.
Читање за кршење на човековите права

Луѓето родени под знакот ЈАРЕЦ не сакаат:

Луѓе кои безпотреба трошат пари.
Луѓе кои бараат заем.
Луѓе кои ја оставаат отворена пастата за заби.
Читање поезија.
Лоша фризура.

Луѓето родени под знакот ВОДОЛИЈА не сакаат:

Разговарање за своето минато.
Психијатри.
Личности кои не се практични.
Да ви стојат над глава додека се бакнувате.
Да ги извалкаат рацете.

Луѓето родени под знакот РИБИ не сакаат:

Луѓе кои се прегласни.
Луѓе кои не обрнуваат внимание на аргументи.
Алкохоличари.
Кога мора да носат очила за вид.
Автомобили кои многу трошат.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Астрологијата и идеалниот летен одмор

Овен

Вие сте секогаш спремни за акција и авантура, така што без разлика дали ќе патувате на некоја непозната дестинација во странство или ќе си го тестирате талентот во некој нов екстремен спорт, нема да бидете среќни доколку не сте возбудени и постојано во движење. Стојте настрана од испланирани тури со туристички водич и од места на кои многупати сте биле досега, бидејќи познатиот терен и однапред проектираните денови ќе ви оневозможат да ви дојдат до израз вашата спонтаност и авантуристички дух, поради што ќе се почувствувате фрустрирано.
Бик

Сè додека не морате премногу да се движите додека сте на одмор, вие ќе бидете среќни. Посета на места со природна убавина или уметничка природа, во комбинација со вкусен ручек на паузата, дефинитивно ќе ја разнежнат вашата биковска душа. Вашиот идеален одмор, без разлика каде и да се одлучите да го поминете, треба да вклучува што е можно помалку активност од ваша страна. Сепак, одите на одмор за да се одморите, нели?
Близнаци

Бидејќи можеби ќе ви биде проблем сосема да го исклучите вашиот мозок од работата, испланирајте патување кое ќе вклучува некои едукативни работилници, обуки или настани на кои ќе остварите нови контакти. Ова ќе го одржи вашиот мозок стимулиран и активен, што пак, од своја страна ќе ви овозможи да бидете целосно умствено присутни во текот на вашиот одмор. Најверојатно ќе сакате и да си пишувате блог постови во врска со настанот на кој сте присуствувале, така што слободно понесете си нетбук, смарт телефонот или ајпед за да ги документирате вашите активности.
Рак

Визуелизирајте си патување со вашето семејство, сместени во совршен летен дом, покрај езерото (море, базен, река). Ова е вашата идеална фантазија за летен одмор: членовите од вашето семејство, позната локација и вода. Доколку пак, додека сте на одмор постојано јадете домашно приготвени јадења, вие ќе се чувствувате како да сте во рајот. Обидете се да го режирате ова сценарио најдобро што умеете и ќе си го креирате вашиот совршен летен излез.
Лав

Вие сакате да се дружите со „фаци“, така што сакате во текот на летниот одмор да заборавите на вашето секојдневие и да уживате на луксузни места, со луѓе кои ќе можат финансиски да ги поткрепат сите ваши скапи предлози. Бидејќи вие сакате секогаш да имате „публика“ која ќе ве следи додека зборувате или демонстрирате нешто, вашата најдобра летна забава ќе вклучува поголемо друштво, па затоа испланирајте го одморот однапред, за да се осигурите дека целата екипа ќе дојде.
Девица

Ништо не може да направи да се чувствувате подобро, од тоа да знаете дека се трудите да го направите светот околу себе, подобро место за живеење. Како земјен знак, вие обожавате да ù ги понудите вашите услуги на планетата Земја. На пример, волонтерско патување кое вклучува еколошка акција за прочистување на природата, најверојатно би бил одличен избор за вас.
Вага

Неколку дена поминати во ексклузивен спа-центар е вашата идеја за совршено поминат летен одмор. Доколку успеете да организирате една-две забави измеѓу спа-третманите, вашата летна фантазија ќе биде целосно комплетирана. Во најмала рака, закажете си релаксирачка масажа во салон за убавина, како дел од вашата летна забава и организирајте неколку вечери во ресторан со вашите пријатели.
Скорпија

Како воден знак, со интензивна, страсна природа, вие ќе ја цените скриената моќ на нуркањето под вода или експедиција во пештера. Вие обожавате да навлегувате под површината на работите и поради тоа ја цените лековитата моќ на темнината, па зошто да не си организирате летна авантура во длабочините на Земјата или некој океан?!
Стрелец

Далечни дестинации, пробување нови јадења, запознавање разни култури и слушање странски јазици е вашата добитна комбинација за совршен летен одмор. Поточно, вие сакате спонтани патувања, кои се исполнети со возбудливи авантури. Вам не ви смета доколку си ја извалкате облеката, така што колку поневообичаени места посетите, толку подобро ќе се чувствувате.
Јарец

Одмор? Каков одмор? Во ред, знаеме дека вие јарците за време на летниот одмор најверојатно би избрале повторно да работите нешто, но одвреме-навреме на секој му треба малку одмор, па дури и вам. Бидејќи го обожавате чувството кога постигнувате некаков успех, екстремното качување на карпи, може да биде вашиот најдобар избор.
Водолија

Сè додека немате можност да се качите во вселенски брод, ќе морате да ги доживеете сите најнеобични искуства, коишто постојат на нашава планета. Исто така, најверојатно ќе уживате да бидете дел од патување, кое вклучува некоја хуманитарна акција и поголема група луѓе, со која ќе се дружите. Вие ќе бидете среќни и задоволни на вашето патување, сè додека ја имате слободата да бидете свои.
Риби

Бидејќи имате длабока, емотивна душа, вие најверојатно најмногу ќе уживате на некое место со фантастична природа, на кое ќе можете душевно да се повлечете. Во најмала рака, отидете неколку дена на кампување, дружејќи се со природата. Со вас понесете си блокче за скицирање или музички инструмент за да си ги наполните батериите и да ја збогатите вашата креативност.

http://www.kafepauza.mk/astrologija/astrologijata-i-idealniot-leten-odmor/
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак
Огнени знаци: овен, лав, стрелец

Доколку сакате да однесете во кревет некој од нив, немате никаква причина за грижа. Направете план сочинет од список на сексуални желби, а тој/таа ќе биде среќен/а да се потчини на секоја од нив. Тие носат во себе голема страст и ќе сакаат да ги испробаат сите можни секс пози, а вие доколку сакате да има и втор пат, ќе морате да ги задоволите сите нивни барања. Немојте да се однесувате авторитетно или премногу емотивно со некој од огнените знаци, бидејќи ним не им се допаѓа тоа. Наместо тоа задоволете ги на сите можни физички начини и на крајот искрено кажете им дека ви е време за спиење. Не би штетело доколку им кажете дека имаат божествено тело.
Земјени знаци: бик, девица, јарец

Однадвор земјените знаци изгледаат како да им е грижа за сè освен за секс, но доколку имате прилика да завршите во кревет со некој од нив, ќе бидете изненадени од моќта која ја имаат во физичкиот свет. Ако еднаш се заплеткате со земјен знак, никогаш нема да сакате да го оставите, бидејќи тие се најсексуалните знаци во зодијакот. За нив сексот претставува природна ствар, која постои откако постои човештвото. Бидете природни и релаксирани за да доведете некој земјен знак до лудило. Охрабрете ги самите себеси да си изразат голема почит за работите кои најдобро умеат да ги прават, а тие за возврат ќе ве направат комплетно задоволен љубовник.
Воздушни знаци: близнаци, вага, водолија

Воздушните знаци го користат умот за да го пронајдат своето сексуално задоволство, па за да однесете некој од нив во кревет потребен ви е голем ментален напор. Можеби ова ви звучи како тешка задача, но доколку еднаш успеете да им го освоите срцето, тие како камелеон ќе се приспособат на секоја ваша желба без грам напор. За овие знаци страста претставува интелектуален стимуланс, а сексуалните интеракции се ствар на договор помеѓу партнерите. Дознајте кој е нивниот омилен сексуален амбиент и побарајте го нивното мислење за различни теми, но немојте премногу да се возбудувате во врска со нивните предлози. Едноставно останете рационални и одржувајте го нивниот ум активен и наскоро ќе дознаете дека интелектуалните стимуланси навистина ги „палат“ воздушните знаци.
Водни знаци: рак, скорпија, риби

Водените знаци се најенигматичните знаци во зодијакот, кои умеат да ви го овозможат најдлабокото сексуално задоволство кое никогаш не сте го ни сонувале. Меѓутоа за да го заслужите тој третман, потребно е прво емотивно да се поврзете со нив, комплетно да ги разберете и да изградите однос базиран на доверба и блискост. Ако вие сте таа личност која ќе успее да го разбере и поддржи воздушниот знак на милион начини, тој за воврат ќе ви ги прошири сексуалните хоризонти, при што ќе искусите кралски задоволства и искуство за кое не сте верувале дека е возможно. За да заведете некој од овие знаци, однесете го покрај вода: во езеро, река или во када полна со топла вода и миризлива купка, за да направите да се чувствува релаксирано и љубено. Исто така, не штедете на романтика.
 

FortuneTeller

ВРАГ
Член од
20 мај 2011
Мислења
476
Поени од реакции
138
Хех.. па прашањето мое беше поврзано со твојот пост за хороскопските знаци и заведувањето,па затоа прашав,за да знам ;)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Дудлајте си по пораки, ќе ме радува ако се погодите ;)
 
Член од
3 јануари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
0
Luge deckoto mi e roden na 23 okt...jas mislam deka e skorpija a i vo femina pocnuva od 23 okt skorpija a nekade od 24 e skorpija...a do 23 vaga i sega neznam sto e tocno...no toj gi poseduva site karekteristiki na skorpija ?
 
S

Sasha

Гостин
Jas znam deka do 22 oktomvri se vagi bidejki i jas sum vaga :) Od 23 pocnuvaat skorpiite ;) pozdrav
 

• Tαммι •

Гостин
Интересна работа е ова хороскопов.... :)
Луѓето родени под знакот ЛАВ не сакаат:
Луѓе кои се облекуваат подобро од нив.
Кога ги игнорира околината.
Кога е премногу ладно.
Кога треба да остане дома на сончев ден.
Кога ги опоменуваат да успорат.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Интересна работа е ова хороскопов.... :)
Луѓето родени под знакот ЛАВ не сакаат:
Луѓе кои се облекуваат подобро од нив.
Кога ги игнорира околината.
Кога е премногу ладно.
Кога треба да остане дома на сончев ден.
Кога ги опоменуваат да успорат.
Јас пак сакам ладно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom