За хоророт е заебано да бараш туѓи мислења и оцени пошто некој смета дека кај хоророт е најбитно да те извади од памет без разлика на се друго, а некој си го гледа филмот ко целина и така си го оценува. Може да има солидна оцена а да е глуп ама ги исплашил тие што го оцениле, и од друга страна па на некој прекрасен филм тие истите му дале ниска оцена пошто немал такви моменти, а го пишале ко хорор, некој сака да гледа само добар филм, некој строго по жанрот си го оценува, т.е по своја дефиниција за жанрот и така...
За хорори, оцените воопшто ништо не ми значат, а препораки само од некој што ептен ми го знае вкусот. Мада, си гледам редовно се што ќе излезе хорор.
Еве сега гледав еден многу глуп филм, ама толку неочекувани ми беа тоа моментите и ефектите и звуците ми беа толку страшни што 3 дена трчав ко без душа за накај дома кога ќе ми се исклучеше светлото во влезот. Backtrack 2015
И оние така ми беа глупи а страшни.
The Haunting in Connecticut.
И сега да го знаеш човекот и да ти побара хорор ќе знаеш што да му предложиш. Од овие страшните или од оние "може не е страшен ама е добар". Вака... 50-50 дека ќе му погодиш.