Хонда - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од TpH_Bo_OkO, 5 октомври 2016.

  1. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    807
    За сите модели на брендот Хонда.

    Веќе втора година возам Хонда за прв пат во животот, купена со многу скептичност, како што генерално гледав на автомобилите на Хонда. Не можам да кажам дека не сум ги слушал сите пофалби за Хонда и каква репутација ужива, едноставно не познавав луѓе кои се доволно стручни за да можат да ми ја одржуваат, од аспект на сервис.

    Сега засега, имам многу позитивни импресии од моето возило. Се работи за моделот CR-V со дизел мотор од 2.2 м3 и погон на сите четири тркала. Единствен downside ми е тоа што деловите се потешки за наоѓање, како и сервис кој знае како со овој модел, а не сакам да го носам во сервисот на Макпетрол затоа што се неверојатно скапи и процедурално комплицирани.

    Многу сум заинтересиран за некој понов модел на Хонда кој ќе ја има функционалноста и изгледот како на мојот модел, затоа што е со теренски предиспозиции. Сегашните и понови модели се претворени во „подигнати автомобили“, а тоа не треба да претставува CR-V.

    Како вие гледате на Хонда?

    Јавете се и вие Хондаши. Има ли членови на Кајгана кои се членови и на Honda Club Macedonia?
     
    На ohrid66 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.322
    Допаѓања:
    1.182
    Хонда како Хонда..Тој дизел мотор не е нивен,мислам дека соработуваат со Француските компании,Рено,Пежо..Хонда само бензин,V-TEC со две брегасти..Мене посебно ми се свиѓа Хонда Акорд,лимузината..
     
  3. ohrid66

    ohrid66

    Член од:
    11 октомври 2014
    Мислења:
    855
    Допаѓања:
    428
    Ништо не си згрешил со Хондата ,ама и во догледно време немат да најдиш доволно стручњаци за Хонда или Субару во Македонија.
    Јас планирам да купам теренско возило и засега се двоумам дали да е Субару-форестер кои се најквалитетни ама каросериски не ми се WOW,Хонда CR-V или Волво XC60.
    --- Споено дупло мислење, 5 октомври 2016 ---
    Дизел моторот им е од Хонда Акорд.
     
  4. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.322
    Допаѓања:
    1.182
    А на Хонда Акорд од кај им е?
     
    На Avenger99 и ohrid66 им се допаѓа ова.
  5. ohrid66

    ohrid66

    Член од:
    11 октомври 2014
    Мислења:
    855
    Допаѓања:
    428
    Oд Хонда.
    --- Споено дупло мислење, 5 октомври 2016 ---
    The third generation CR-V is powered by the latest version of Honda's standard K-series 2.4 L inline-four engine, similar variants of which can also be found in the current-generation Honda Accord and Honda Element. In North American markets, this engine's power is rated at 166 hp (124 kW) at 5,800 rpm and 161 lb·ft (218 N·m) at 4,200 rpm.[7] A 2.2 L i-CTDI diesel engine is offered in the European and Asian markets. The European market CR-V offers a new R20A 2.0 L petrol engine, based on the Honda R-series i-VTEC SOHC engine found in the Honda Civic, as opposed to the previous CR-V offering the K20A.
     
    Последно уредено: 5 октомври 2016
  6. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.631
    Допаѓања:
    5.750
    Митсубиши земи си за теренец, тие што ги познавам се задоволни од Outlander i Pajero, а додуша и лансерот им е добар.
     
    На ohrid66 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ohrid66

    ohrid66

    Член од:
    11 октомври 2014
    Мислења:
    855
    Допаѓања:
    428
    Тешко е да се одлучам...ги гледав и Seat Ateca ама...
     
  8. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    807
    Момци, разбирам дека правите компарации меѓу моделите, ама за Хонда збориме овде и се околу нив :)

    Зависи која генерација на CR-V. Првата и втората генерација (која ја имам јас), некако ми се нај "expendable", каков што треба да биде еден теренец. Третата и актуелнава генерација ми се не баш „теренци“, туку повеќе крос-овери или „урбан теренец“ збор тежок оксиморон. :)

    Јас како „дизелаш“ уште од првата кола, сум многу задоволен од звукот и перформансите на моторот што го има Хондата. Знам дека ми се жалеле од тие мотори со 1.7 кубици, ама само пофалби за 2.2. Не знам како им се докажани новите 1.6 (пошто гледам дека веќе им се стандардни), па ако има некој искуство, нека сподели со нас.
     
  9. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.631
    Допаѓања:
    5.750
    За сеатот не знам, а за Mitsubishi и Honda CR-V имам само пофални зборови слушано, додуша нови ги имаат купено и сите се не постари од 10години, но сепак...
     
    На ohrid66 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DirectX

    DirectX

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    1.055
    Допаѓања:
    1.060
    Кој апсурд...купувате коли за на мајстор да ги носите или за да ги возите. Што сака нека биде, ако ти прави мерак вози и уживај. Лек за се има.
     
    На ivan988 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.322
    Допаѓања:
    1.182
    Gresis. Kola se kupuva spored potreba,i spored dzebot,jas imam pari Mercedes od 2012 godina da kupam,ama posle?Servis ulje,filtri,prednica?Toa koshta, a i nemam potreba od Mercedes, so momentalnata finansiska sostojba.Koga se kupuva kola se gledaat site parametri,registracija,servisi itn. Da ne se pozajmuvas posle za delovi.
     
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DirectX

    DirectX

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    1.055
    Допаѓања:
    1.060
    Ако регистрација и сервис ти е некоја ставка во буџетот, тогаш реално и не ти треба кола.
     
  13. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    3.393
    Допаѓања:
    3.196
    Топ бренд (y) малку повеке се фокусирани на дизајнот одколку на комфорот и практичноста ама генерално се ОК.
     
  14. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    807
    Уште не можам да одредам на што точно се фокусирани. Новите модели на Сивик, Акорд, дури и ХРВ се многу добри на изглед, ама комфор, просторност итн, не знам баш. ЦРВ им е според мене утнат дизајнот. на задната клупа просторот е далеку помал во споредба со претходните верзии, искористливоста на багажникот исто.

    Знае некој каде освен во Макпетрол да се најдат ОЕМ делови?

    И ајде не се срамете, стајте слика од вашата Хонда :)
     
  15. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.277
    Допаѓања:
    149.395
    Татко ми има Honda Accord 2.0 од 2009 или 2008 кој година е точно не знам, за овој модел се работи, само црна. Се чувствувам посебно гордо зошто јас го натерав да ја земе а се мислеше меѓу таа и Опел Инсигниа и сега секое влагање во кола ми вика господ здравје да ти даде :D . Се гледа дека колава е направена за да ја јуриш, не да здивува над 4500 обртаи :icon_lol: Ја возам и јас мада поретко зошто Голфот за низ градов ми е полесен, не мислам да не ископале кратер пред мене сабајлето од нигде никаде и се ми се допаѓа само што прегледноста позади е поограничена ама затоа и имаш сензори, логично, не е правена за балканско мачење. Комфорот позади и напред е десетка, зошто гледам го дискутиравте погоре ама изгледа варира од модел до модел. Слики подоцна :)
     
    На ivan988 и Avenger99 им се допаѓа ова.

Сподели преку: