Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.112

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Филипа Штрауд, ко основач на "Centre for social justice„, .
Исусе џими , барам да пропаш да прикриеш пропагандата?
Ова не е пропаганда. Се користат објективни мерки како големина на плата, ниво на загадување, ниво на образование итн. за да се одредат најуспешните.
Автоматски споено мислење:

Еве ти уште едно слично.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Се користат објективни мерки како големина на плата, ниво на загадување, ниво на образование итн. за да се одредат најуспешните.
За тоа второто испадна дека се шеќердисува(од лично познавање можам да ти подврдам). Биди реалистичен, норвешка е успешна заради нафтата и рибарењето, не заради тоа што љубат чудаци.
Второто е од калифорнија.Каде тие за социјална правда малтретираат бездомници. Ајде, next.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Биди реалистичен, норвешка е успешна заради нафтата
Ја менуваш темата. Не ме праша ти мене зошто Норвешка е успешна, туку бараше доказ дека хомосексуалноста не води кон пропаст на општеството.
Ако Норвешка и другиве земји се се уште успешни и покрај тоа што поддржуваат ЛГБТ права, тоа е доказ за тоа што го бараше.

Никогаш не ти реков дека поддржување на ЛГБТ правата ќе ти ја направи државата успешна само по себе, ама почитувањето на човековите права е еден чекор за да се овозможи успех во други области.
Автоматски споено мислење:

Второто е од калифорнија.Каде тие за социјална правда малтретираат бездомници. Ајде, next.
Оваа студија нема врска со социјални права. Студијава само мерела квалитет на живот користејќи објективни мерки за тоа.
Или сакаш да ми кажеш дека Русија е таа со најдобар квалитет на живот во светот :ROFLMAO: ?
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
а менуваш темата. Не ме праша ти мене зошто Норвешка е успешна, туку бараше доказ дека хомосексуалноста не води кон пропаст на општеството.
Води. Глеј ја калифорнија и сад. Иако е голема норвешка има само 5,4 милиони луѓе. Дури и 5 посто да се во таа заедница колку е тоа?
Во сад популацијата е поголема, и затоа проблемите се по евиденти.

Втора точка-парите за операции, дали навистина е оправдано да се троши пари од луѓето за хировите на индивидуи? Некои дури и тужат, замисли го тоа. Финансирано од државата, додека деца умираат од рак или некоја ретка автоимуна болест.
Никогаш не ти реков дека поддржување на ЛГБТ правата ќе ти ја направи државата успешна само по себе, ама почитувањето на човековите права е еден чекор за да се овозможи успех во други области.
Егото и моралната пропоаст, декаденција итн. Ништо релеванто испаднало од тапкањето по грб. Пак, глеј ги католиците со индулгенциите.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Води. Глеј ја калифорнија и сад. Иако е голема норвешка има само 5,4 милиони луѓе. Дури и 5 посто да се во таа заедница колку е тоа?
Во сад популацијата е поголема, и затоа проблемите се по евиденти.

Втора точка-парите за операции, дали навистина е оправдано да се троши пари од луѓето за хировите на индивидуи? Некои дури и тужат, замисли го тоа. Финансирано од државата, додека деца умираат од рак или некоја ретка автоимуна болест.

Егото и моралната пропоаст, декаденција итн. Ништо релеванто испаднало од тапкањето по грб. Пак, глеј ги католиците со индулгенциите.
Проблемите во САД се недостаток на универзално здравство, скапи куќи, скапо образование, насилство со огнено оружје. Никои од овие нема врска со поддржување на ЛГБТ права.
САД не би ги ни нарекол потполно либерална земја бидејќи имаат длабоко вкоренето конзервативно влијание во внатрешната политика. Решавањето на овие проблеми што ги спомнав е закочено од страна на конзервативците.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
е закочено од страна на конзервативците.
Ок, во Калифорнија имаат апсолутна контрола во секоја извршна, законодавна и судска институција, од претставништво во сенатот, државниот или федералниот, гувернерство, па и до сите стадиуми на судството. Зошто овие проблеми не си ги решат и да бидат репер за останатите федерални држави? Зошто во Калифорнија даноците се до кров? Зошто кириите и рентите се до небо? Зошто бездомничката криза, од година во година, доживува експанзија? Стапката на криминал, посебно во гетоизираните заедници, е огромна! И сакаш да навлеземе во образованието?

Да, одредени права, како правото за поседување на оружје е заштитено со Уставот (а Обама имаше 60 сенатори, чисто за потсетување), но останатите проблеми се чисто внатредржавни прашања и можат да си ги решат. Зошто не ги решаваат? Затоа што за кур не ги бива. И да, конзервативците им се криви, секако.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
АД не би ги ни нарекол потполно либерална земја бидејќи имаат длабоко вкоренето конзервативно влијание во внатрешната политика. Решавањето на овие проблеми што ги спомнав е закочено од страна на конзервативците.
Овие проблеми ги има во њујорк, и калифорнија. Таму конзерва непа чепнато со години.
Рестото...па едноставно е наивно. Луѓето отсекогаш биле насилни, отсекогаш биле алчни..
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Ок, во Калифорнија имаат апсолутна контрола во секоја извршна, законодавна и судска институција, од претставништво во сенатот, државниот или федералниот, гувернерство, па и до сите стадиуми на судството. Зошто овие проблеми не си ги решат и да бидат репер за останатите федерални држави? Зошто во Калифорнија даноците се до кров? Зошто кириите и рентите се до небо? Зошто бездомничката криза, од година во година, доживува експанзија? Стапката на криминал, посебно во гетоизираните заедници, е огромна! И сакаш да навлеземе во образованието?

Да, одредени права, како правото за поседување на оружје е заштитено со Уставот (а Обама имаше 60 сенатори, чисто за потсетување), но останатите проблеми се чисто внатредржавни прашања и можат да си ги решат. Зошто не ги решаваат? Затоа што за кур не ги бива. И да, конзервативците им се криви, секако.
Бидејќи сите земји во САД се до некој степен економски конзервативни - Калифорнија е само социјално либерална. Затоа САД не се толку високи на листата на земји со најголем квалитет на живот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Бидејќи сите земји во САД се до некој степен економски конзервативни - Калифорнија е само социјално либерална. Затоа САД не се толку високи на листата на земји со најголем квалитет на живот.
Тоа не беа моите прашања. Ја имаш Калифорнија, либералниот рај, последен гувернер кој не бил демократ е Шварценегер и ако не се лажам последен републикански претседател кој победил во Калифорнија е Реган. Институционална контрола од горе до доле со децении. Скоро сите прашања се внатредржавни. Зошто станува пример како НЕ треба да се менаџира со една држава? Буквално го инкорпорирам критериумот на диверзитет, а сите проблеми кои ги наброја доживуваат експанзија. Значи не ќе да е до диверзитетот, туку до државното уредување и менаџирањето со ресурсите и со самиот буџет. Така, кога луѓето во Калифорнија (или воопшто Американците) биле посреќни, денес или пред 00-тите?
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Тоа не беа моите прашања. Ја имаш Калифорнија, либералниот рај, последен гувернер кој не бил демократ е Шварценегер и ако не се лажам последен републикански претседател кој победил во Калифорнија е Реган. Институционална контрола од горе до доле со децении. Скоро сите прашања се внатредржавни. Зошто станува пример како НЕ треба да се менаџира со една држава? Буквално го инкорпорирам критериумот на диверзитет, а сите проблеми кои ги наброја доживуваат експанзија. Значи не ќе да е до диверзитетот, туку до државното уредување и менаџирањето со ресурсите и со самиот буџет. Така, кога луѓето во Калифорнија (или воопшто Американците) биле посреќни, денес или пред 00-тите?
И демократските кандидати им се економски конзервативни, што не сфаќаш? Плус не знам за кои сериозни проблеми во Калифорнија зборуваш освен високиот кост на живеење.

Нема податоци за индекси на среќа во САД пред 2013. Но еве на пример се подобрил индексот на среќа оваа година:

Јас би рекол дека се разбира се посреќни луѓето сега од пред 30 години. Технологијата драстично ни го сменила животот меѓу ова и тоа време, ова е најверојатно исто за сите други држави.
Автоматски споено мислење:

Не збориме економски, збориме социполитички.
Социополитички луѓето се стопати посреќни во Калифорнија отколку во Тексас на пример. Единствени проблеми во Калифорнија се економски.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека на оваа тема нема што да се зборува. САД не ги сметам за партикуларно либерална земја. Има едно десет-дваесет земји што се полиберални од нив.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Единствени проблеми во Калифорнија се економски.
Да џими, нешто поврзано со лошо управување на водни текови(во најмала рака). Некој мора да плати за гала вечерите и сите тике километарски дворови со зелена трева на елитата во беверли хилс.
Ама економска конзервативност нема никаков удел на педерлукот.
Ничиј права не се девалидизирани(без разлика колку луди и да се) освен за вода.
Автоматски споено мислење:

Тексас на пример.
Ако би ми верувал ама знам човек од тексас и се нема пожалено на нешто такво.
Едниствените што би можеле да се жалат е толпата што бара специјален третман.
Автоматски споено мислење:

Има едно десет-дваесет земји што се полиберални од нив.
Дај ми список кој се да ги избегавам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Вистина е дека финдаментот на економскиот систем е неговата правна и институционална рамка, но не гледам коорелација меѓу имплементирање на радикалната левичарска идеологија, во согласност со оваа тема, со растот на животниот стандард. Ако утре бидат усвоени вашите барања, дали народот ќе стане посреќен? Дали ќе се подобри животниот стандард? Дали ќе се подобри општествената благосостојба?

Речиси ништо од ова што го напиша не е вистина, индекси на среќа имаш за изминатите 100 години, барем во САД и само во Големата депресија луѓето биле понесреќни. И со првото гуглање, најсреќната држава во САД е...Јута која важи како една од најконзервативните држави во САД! Значи едно големо НЕ за сите три прашања во моето излагање.

Потоа се фати за економскиот конзервативизам! Тропна кардинална глупост. Овие економски политики, кои се тренд во САД последниве 2 децении, наликуваат на економски социјализам. Постепено се напуштаат принципите на класичниот капитализам (посебно со GND и BBB). Дури и во ерата на Трамп имаше неколку еконмокси пакети за помош за Ковид пандемијата, федерална помош, изразена во трилиони. 20-25% од сите испечатени пари во историјата на САД беа испечатени само таа година. Тие мерки се во причинско-последична врска со денешната инфлавија. Меѓу другото, имаше и финансиски помош за финансиските институции, во форма на кредит!

И на крај за проблемите на Калифорнија. Тука си крајно неинформиран. 0,5% од населението се бездомници, држава од која имигрираат најмногу Американци, вклучувајќи и капитал, држава во која имаше најмногу невработени во Ковид пандемија (затоа што им даваа пари на вработените за да си седат дома, ужасно лошо се справија со самата пандемија и сите остри мерки не дадоа никаков резултат), држава која практикува политики на отворени граници, стапките на криминал се до плафон поради меките политики за справување со криминалот и воедно е најзадолжената држава во САД (општо, а не по глава на жител, ама и во таа статистика е топ 5), рентите се движат нагоре со брзина на светлината, а даноците се веќе до небо. Држава која им дава игли на наркоманите, наместо да проба да ги реши сите овие проблеми. Животот во Калифорнија станува прескап. Вистина е дека е најголема, ама не споредбено полошо се справува со овие прашања, рамо до рамо со Њу Јорк. Проблемите во образованието нема ни да ги начнам. Како што реков, Калифорнија е држава пример како не треба да се менаџира.

Кога сме тука, за поздравување е одлуката на Врховниот суд на САД во однос на католичките сиропиталишта. Истите можат да ги изостават хомосексуалните заедници од листите за посвојување и тоа нема да се смета за дискриминација.

Треба да пиеш повеќе смутиња, повеќе да читаш и помалку да пишуваш. :)
 
Веќе реков, тоа е првиот чекор кој ќе донесе до подобрување на квалитетот на животот, ама не е доволно само тоа да го има.
Автоматски споено мислење:

САД нема универзално здравство и евтина виша школа. Ова се две критични точки поради кои се наоѓаат на ниско место на листата на држави со најдобар квалитет на живот. Останатите делови од економијата и политиката не се толку битни во споредба со овие две.
Автоматски споено мислење:

Јута е иначе втора, Хаваи се прва.
Во Јута можат да се венчаат и да посвојуваат деца ЛГБТ парови - мислам дека не е чудно да е на второ место по среќа.
Конзервативните држави на САД не се конзервативни во споредба со некои како Полска или Унгарија.
Автоматски споено мислење:

Иначе очекувај да падне индексот на среќа во овие држави драстично ако забранат абортуси. Вклучувајќи најверојатно и зголемена рата на иселување на жени од нив, што ќе се намали наталитетот во тие држави.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Заврши?

Во сите федерални држави во САД хомосите можат да стапат во брак. Ако тоа право се врати во рацете на државите, 15-тина би ги забраниле нивните бракови. Меѓу нив ќе биде и Јута. Чисто информативно. Не велам дека е изгледно тоа да се случи, туку дека овој конзервативен постулат, во кој виреат мормоните, не е во коорелација со вашата агенда. Или во превод, индексите поени на среќа не ги црпат од либералните политики. Притоа ниту Јута, ниту Хаваите (кои мислам дека се најсиромашната федерална држава) не можат да се пофалат со некој значителен економски прогрес. И ако се вратиме на индексите на среќа, кулминацијата се случила во 90-тите години! Имаш логичка дискрепанца.

Сега, на дневна доза, е експанзијата на религиозните права. Се очекува нова одлука на Врховниот суд на заштита на овие права, па така пекар или организатор на свадби може да одбие геј пар и тоа да не се смета за дискриминација и да добие приватна тужба. Маркантна одлука, но ни приближно како онаа за Роу (која сеуште е несигурна, за разлика од првата). Ти реков, чекор по чекор. :noze:

Ти сакаш од земја во развој да направиш развиена земја, што е практично невозможно преку ноќ. Имало многу фанатичари и идеолози пред тебе со слични погледи и копирање на политики од други држави, проекциите велат дека не секогаш таа политика вродува со плод. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom