Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.023
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.039
Поени од реакции
7.140
@Lester Freamon

Се согласувам дека голем дел од децата се разгалени и такви какви што се.
Но, она што го зборуваш е влечење заклучок од примери со кои се соочил или кои се од твоја околина, кои не значи дека се генерално правило. Тоа што ти го гледаш во околината или начинот на кој што ти си бил израснат, не значи дека е тиња или дека е прав начин by default.
Ја знам примери на деца кои исто немале ни леб за јадење, со почит кон нивните, и сега поради тоа имаат тежок комплекс и дури газат преку живи луѓе за да го надокнадат тој комплекс од порано со немање на пари. Без било каков морален компас (дури и претерано негативен) само за да се стекнат со богатство и материјални добра. И криминалци level на луѓе, но и најобични копилиња.

Така да, не значи ако ти ги натераш децата да рмбаат и покрај што ќе бидеш милионер, дека они ќе бидат супер одговорни, цивилизирани индивидуи со правилен морален компас во животот.

Јас знам пример такви фаци кои дур сме раснеле имале повеќе пари и повеќе кеш, ама секое денарче го гледале, исто ко и нас, а денес истиве се цинцари тешки. И ден денес се такви, она ПРЕТЕРАНОТО, неиздржливо цинцарење за секаква ситница. Не знам, ќе користат маалски форички демек изгубив картица и тн и тн, за доручек ќе јадат геврек и јогурт every fucking day ама буквално затоа што во мајндсетот им е толку натрупано она "до последен денар" што тоа ги прави ептен неподносливи, неопуштени ликови и карактери, а имаат 2/3 стана и се добро ситуирани. Или колеги кои се релативно ситуирани ни еднаш не излегле на ручек, пошто тоа што го носат од дома кошта 20 денари, а ручекот 100. Јас сфаќам дека треба да се штеди и тоа е добро, ама и во тоа постои една тенка линија меѓу нормално, позитивно и нешто што е вон секој разум. Сум бил сведок на муабети од типот "брат, ми дужиш 30-40 денари од пред 1 месец", од побогат другар кон посиромашен. Мислам, џабе ти е све ако си таков... пак си дно од човек ако тоа го изведеш.

Поентата ми е, дека не треба да генерализираш, особено не за тема која што е можеби најрелативна икад, а тоа е одгајање и воспитување на деца. Нема однапред генерирано добар пристап и правило кое функционира.

Од друга страна, проблемот е глобален и има врска со генерациските разлики пропратени со глобалната застапеност на интернетот. Мислам дека и покрај тоа што грешат масивно, во денешно време воопшто не е едноставно да се биде родител. Во минатото, ние кога бевме деца (претпоставувам си 88+ генерација), проблемот беше еден и единствен - финансиите. Денеска животот не само на децата, него и на родителите стана многу по комплексен и многу потежок, составен од многу предизвици, не само финансиската страна, која е објективно далеку подобра од пред 15-20 години. Затоа, мислам дека треба и на родителите да им се малце тргне товар од раменици, во смисла, за некои ствари реално се немоќни и кој пристап и да го употребиш е џабе.

Користиш реченица како "ако дојде до криза или војна". Што, демек ние од 90тите сме биле дел од војна некад? Ти (под претпоставка дека најмногу си рани 30ти години), си ракувал оружје? Зошто мислиш дека ти ќе бидеш поспремен од некој "подуенко"? Бидејќи си рмбал од мали нозе? Смешна е тезава. И да си поспремен од подуенкото, микрони се во прашање.

Многу лесно се расфрлуваш со обвинувања за лошо родителствување, а претпоставувам не си родител (може грешам). Тоа ти е исто како некој студент на финки да дојде и на сениор да му кажува како треба да изгледа едно решение за функционалност на апликација, како да ти кажам... Даваш мислење за тоа како треба да се воспитува тинејџер а самиот не си го поминал тоа. Нашето детство/тинејџерство со моменталното има малку допирни точки и тоа е факт.

п.с. претпоставувам дека си во доцни 20ти, рани 30ти и не си сеуште родител.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.911
Поени од реакции
19.739
@Lester Freamon

Се согласувам дека голем дел од децата се разгалени и такви какви што се.
Но, она што го зборуваш е влечење заклучок од примери со кои се соочил или кои се од твоја околина, кои не значи дека се генерално правило. Тоа што ти го гледаш во околината или начинот на кој што ти си бил израснат, не значи дека е тиња или дека е прав начин by default.
Ја знам примери на деца кои исто немале ни леб за јадење, со почит кон нивните, и сега поради тоа имаат тежок комплекс и дури газат преку живи луѓе за да го надокнадат тој комплекс од порано со немање на пари. Без било каков морален компас (дури и претерано негативен) само за да се стекнат со богатство и материјални добра. И криминалци level на луѓе, но и најобични копилиња.

Така да, не значи ако ти ги натераш децата да рмбаат и покрај што ќе бидеш милионер, дека они ќе бидат супер одговорни, цивилизирани индивидуи со правилен морален компас во животот.

Јас знам пример такви фаци кои дур сме раснеле имале повеќе пари и повеќе кеш, ама секое денарче го гледале, исто ко и нас, а денес истиве се цинцари тешки. И ден денес се такви, она ПРЕТЕРАНОТО, неиздржливо цинцарење за секаква ситница. Не знам, ќе користат маалски форички демек изгубив картица и тн и тн, за доручек ќе јадат геврек и јогурт every fucking day ама буквално затоа што во мајндсетот им е толку натрупано она "до последен денар" што тоа ги прави ептен неподносливи, неопуштени ликови и карактери, а имаат 2/3 стана и се добро ситуирани. Или колеги кои се релативно ситуирани ни еднаш не излегле на ручек, пошто тоа што го носат од дома кошта 20 денари, а ручекот 100. Јас сфаќам дека треба да се штеди и тоа е добро, ама и во тоа постои една тенка линија меѓу нормално, позитивно и нешто што е вон секој разум.

Поентата ми е, дека не треба да генерализираш, особено не за тема која што е можеби најрелативна икад, а тоа е одгајање и воспитување на деца. Нема однапред генерирано добар пристап и правило кое функционира.

Од друга страна, проблемот е глобален и има врска со генерациските разлики пропратени со глобалната застапеност на интернетот. Мислам дека и покрај тоа што грешат масивно, во денешно време воопшто не е едноставно да се биде родител. Во минатото, ние кога бевме деца (претпоставувам си 88+ генерација), проблемот беше еден и единствен - финансиите. Денеска животот не само на децата, него и на родителите стана многу по комплексен и многу потежок, составен од многу предизвици, не само финансиската страна, која е објективно далеку подобра од пред 15-20 години. Затоа, мислам дека треба и на родителите да им се малце тргне товар од раменици, во смисла, за некои ствари реално се немоќни и кој пристап и да го употребиш е џабе.

Користиш реченица како "ако дојде до криза или војна". Што, демек ние од 90тите сме биле дел од војна некад? Ти (под претпоставка дека најмногу си рани 30ти години), си ракувал оружје? Зошто мислиш дека ти ќе бидеш поспремен од некој "подуенко"? Бидејќи си рмбал од мали нозе? Смешна е тезава. И да си поспремен од подуенкото, микрони се во прашање.

Башка, многу лесно се расфрлуваш со обвинувања за лошо родителствување, а претпоставувам не си родител (може грешам). Тоа ти е исто како некој студент на финки да дојде и на сениор да му кажува како треба да изгледа едно решение за функционалност на апликација, како да ти кажам... Даваш мислење за тоа како треба да се воспитува тинејџер а самиот не си го поминал тоа. Нашето детство/тинејџерство со моменталното има малку допирни точки и тоа е факт.

п.с. претпоставувам дека си во доцни 20ти, рани 30ти и не си сеуште родител.
Не си ми ја разбрал поентата.
Муабетот беше околу потребата на психијатри за сите деца, затоа и го болдирав.

Денес секој втор да го прашаш доаѓа до муабетот дека детето треба да го однесе на психијатар, бла бла, наместо да го погледне реално проблемот (проблемот е самиот тој родител). Подобрата финансиска состојба е една од работите која ги носи до ова, лакомоста за материјалните работи дополнително, и на крај технологијата капак на се.

Не ми е поентата да ја деградирам работата на психијатрите како професија, напротив сметам дека се потребни за еден мал процент на луѓе, но ова што денес се случува е глупост на квадрат, без разлика дали станува збор за мали или возрасни.

Да бидеме реални, ако проблемот ти се финансиите и тие те носат до некоја депресивна состојба, фрлањето на пари за психијатар уште повеќе ќе го влоши. Подобро оди дај ги на финансов советник да ти помогне да научиш да менаџираш со финансиите.

Не сум родител, ама пак имав прилика да работам со многу луѓе кои имаат деца + голем дел од другарите веќе имаат + голем дел од блиските роднини имаат деца (генерално од најмали па до тинејџери). Од таму го носам заклучокот дека имаат тотално погрешен пристап. Да не правиме муабет што ги гледам каков однос имаат истите денес по интернет просторот.

Луѓето имаат еден главен проблем, а тоа е лошото менаџирање на приоритетите. Ако си решил да правиш деца, нема да седиш со мене по 20 саати и да работиш на екстра проекти за да правиш кеш. Имам колеги кои го прават ова, детето го гледаат еднаш во денот по пола саат, не дека немаат доволно пари ако работат 8-9 часови, туку е повеќе лакомост да се направат уште екстра пари кои ќе ги спичкаат во кафеана/одмор во 10тина денови. Подобро прескокни да одиш во кафеана, подобро не оди и на зимување и на летување, ама седни со детето и обрни му внимание.

Инаку јас одлучив дека нема да правам деца додека не поставам основа (недвижности, кеш за пасивен приход), можеби ќе имам други главоболки и е подобро да го имаш додека си помлад, но не би сакал 10 години од сега да функционирам како што сум сега. Еве денес уште немам завршено со работа, чекам да заврши една скрипта и продолжувам до кај 22h, утре пак иста песна, а тоа кога си родител не бива и не смее да биде така.


П.С муабетот околу моралниот дел и како ги трошат финансиите е индивидуален, веројатно далеку поголема е шансата тој што живеел без нив да ги пази повеќе отколку некој што ги имал секогаш. Скржавци не сакам, но не ги мешам со луѓе кои знаат да ги менаџираат финансиите и луѓе кои раскурцуваат на глупости.
 
Последно уредено:

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
1.074
Поени од реакции
3.856
Бред Пит во 1999та. Со Анџелина се договориле да не стапат во брак се додека секој не го добие тоа право во Америка. Беа заедно 2 децении во врска и имаа деца. Стапија во брак година + или - од таа кога Обама ги легализираше хомосексуалните бракови.

Јас немам став околу темите брак и деца на други луѓе. Ниту сум про, ниту сум против, ниту ми е гајле. Одбивам да имам мислење за животот на другите луѓе, тоа ми е некст левел медикритетство, чепкање во туѓата интима е сериозен знак за немање на свој живот. Ама кога гледам како гневно едни луѓе решаваат да мразат други, тогаш јасно ми е зошто некој како Бред би формирал толку цврст став, реципрочно е со мржњата на Владе и слична ропачина. Еквилибриумот кон кој космосот толку милум тежнее.
Мајли Сајрус, љубена генерација, имаше споделено дека и се гади од терминот Хомофоб. Некој психопат убил нејзин фан кој бил геј. Поентата и беше дека тој кој се решил да убие, тој не се плаши. Нема ни грам фобија во него. Во него има гнев, омраза, несреќа, нечисти чувства, психолошки растројства, болести.




 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.319
Поени од реакции
7.595
Дали да се дозволува хормонална терапија или не на малолетници е комплетно различно прашање од дали да се учи за ЛГБТ во школата. Можеме да ги имаме или немаме тие ствари независно едно од друго.
Она што и јас како хомосексуалец не го разбирам е зошто мора да се "учи" за LGBT популацијата, како да има кој знае колку обемен материјал. Што ќе учат? Историја на борба за LGBT права? LGBT influences on culture? Тоа и мене не ме интересирало што се вика до вчера, не па некој кој воопшто не е ни LGBT лице. Образованието треба да го растерети ученикот од преголеми, пребанални и непотребни материјали, не да му додава такви. Доволно е во предметот општество да има некој пасус околу постоењето на лица како нас и дека за разлика од порано денешното општество е далеку поприфатливо и се уште е work in progress, и дека истите не јадат луѓе. За ако се сретнат со такви лица еден ден, да нема стереотипи, заблуди и предрасуди. И тоа е сосема доволно. Не мора да се иде во повеќе детали.

Нема никаква научна поткрепа дека учењето за ЛГБТ во школите е некако штетно за децата.
Се создава штета кога таквите лица споредено со другите се ставаат како специјални и на одреден невидлив пиедестал И.Е.: "тој/таа како лгбт лице е подобро ја примиме на (инаку лимитиранава) драмска секција затоа што тие луѓе немаат доволно своја репрезентација во нашево школо, можеби ти треба да се пробаш на музичко, види како ќе ти иде?"

Пример. Има мал милион слични примери. Не кај нас, ама истото ќе следи и тука, доколку од А до Ш се следи како се одвива образованието на запад со ваквите програми.

Што имаат да одат во Иран?
За да добијат LGBT лицата таму права како и западњаците, или во најмала рака, како нашите тука. Активистите ако се сериозни за својата работа, треба да гледаат сегде, а не само на запад.

За ова со личниве заменки, пак каква објективна штета претставува тоа децата да учат за тоа? Ако некој стварно не сака, тогаш по име ќе му се обраќа. Не го слушај тупакон Питерсон - нема поим за што лупета.
Не, многу добро знае што збори. Ако објективната слика не соодвествува на декларативната тогаш тие лични заменки се неупотребливи. Наместо хистерија, трансродовите лица треба да сфатат дека препознавањето на одбраниот пол значи долга патека на misgendering или конфузија кај општото население, дур не стигнат до стадиум каде можат да изгледаат како полот како кој се осеќаат. А за тоа треба време, енергија, пари, и многу друг вид инвестирања во себе си. Тие што се сериозни, ќе го истуркаат тој пат до крај. Другите ги хистеришаат. Мислам дека повеќето што се критични на темава се критични токму во врска со тие хистерични ликови.

И тоа ова станува збор за (се уште) бинарната структура на MtF и FtM. Да не започнувам со genderqueer/agender/non-binary и остала they/them багра. Или уште почудните вонземјани со neopronouns. Тие сите прават непоправлива штета на ЛГБТ популацијата околу нејзиното прифаќање кај поновите, помлади генерации. Наместо да какаш за Питерсон, размисли која реторика, какво однесување, и каква штета се создава за иднината наша, кога миленијалците се полиберални од Gen-Z по ова прашање.

Дури и да не направат промена со операција, сепак ќе почнат да се облекуваат и однесуваат како соодветниот родов идентитет.

„Нормален стрејт родител“ според мене не е хомофоб/трансфоб и е доволно паметен да сфати дека никаква штета не му претставуваат кон детето.
Нормален стрејт родител ќе преферира дететето да не е геј/транс најмногу заради тоа што општеството се уште (поготово кај нас) не е нити навикнато, нити прифатливо кон таквите лица и како одговорен родител не сака да му расте во услови каде ќе биде постојано понижувано/омаловажувано/bullied. Сексуалноста или родовата реалност нема да се сменат, ако се присутни, ќе останат и кога тоа дете ќе порасне и ќе стане полнолетно и способно да се грижи за себе (а со тоа и да се посвети на себе). Нема потреба од порана возраст од 18 за хормонални терапии, sex-change операции и сл.

Како сака нека се облака, пак нема да докаже дека се "осеќа" како другиот пол. Облеката е поделена на машка и женска од општеството не од природата. Плус таа поделба не е иста сегде, кај различни народи и култури различно се дефинира која облека е машка, а која женска.
Едноставно ќе ја абзорбира културата што најмногу ќе донесе културен шок дома. Ја би тако.

Какво намалување? Треба ЗГОЛЕМУВАЊЕ на моќта на ЕУ. Самиот факт што пробуваат да донесат закон кој дискриминира врз дел од населението покажува дека Унгарија не функционира како држава. ЕУ си имаат тотално оправдание да им се мешаат во закон, во Устав и што било според мене, со цела да се поправи Унгарија како држава.
ЕУ не е федерација. Сака да се однесува како таква, без формално да положи рачун и да се структуира како таква. Европска супер-држава е влажен сон на многу глобалисти но тешко остварлив. А со ова што го кажа погоре докажуваш дека не си многу по демократија, а и звучи како добар анти-ЕУ аргумент.

Малку покомплексна е позадинската прича за ова. Да, уште туркаат "дајврсити" но изгледа пробуваат да создадат нови staple карактери. Естејтот на креаторите на Супермен неодамна ги поканија на суд DC/WB за да ги добијат назад правата за Кларк Кент Супермен (во DC титулата Супермен сега се префрла кај синов, а Кларк Кент .... Го нема, не знам, не сум во тек, дали се пензионирал или го цвикнале), али ова го прават со повеќе ликови затоа што интелектуалните права можат да лапсираат кај Естејтите на нивните креатори (сега водени од нивни потомци), и ова е некој потег на DC као да се спрема потенцијално да ги пензионира legacy ликовите за век навек.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
369
Поени од реакции
200
Она што и јас како хомосексуалец не го разбирам е зошто мора да се "учи" за LGBT популацијата, како да има кој знае колку обемен материјал. Што ќе учат? Историја на борба за LGBT права? LGBT influences on culture? Тоа и мене не ме интересирало што се вика до вчера, не па некој кој воопшто не е ни LGBT лице. Образованието треба да го растерети ученикот од преголеми, пребанални и непотребни материјали, не да му додава такви. Доволно е во предметот општество да има некој пасус околу постоењето на лица како нас и дека за разлика од порано денешното општество е далеку поприфатливо и се уште е work in progress, и дека истите не јадат луѓе. За ако се сретнат со такви лица еден ден, да нема стереотипи, заблуди и предрасуди. И тоа е сосема доволно. Не мора да се иде во повеќе детали.
За тоа и се мисли - не значи дека ќе има цела книга на тој предмет, туку ќе се учи како дел од диксриминација кога се спомнува. И се разбира кога се учи за брак. Овие што се жалат дека ќе се учи во школата не ги интересира колкав ќе биде обемот, туку сакаат уште како ментална болест дека е да ги лажат децата.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.319
Поени од реакции
7.595
За тоа и се мисли - не значи дека ќе има цела книга на тој предмет, туку ќе се учи како дел од диксриминација кога се спомнува. И се разбира кога се учи за брак. Овие што се жалат дека ќе се учи во школата не ги интересира колкав ќе биде обемот, туку сакаат уште како ментална болест дека е да ги лажат децата.
Океј, барем по ова прашање на иста страница сме. Треба да го има, но без тупење во непотребни детали. Got it (y)
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.587

Is a lesbian transphobic if she does not want to have sex with trans women? Some lesbians say they are increasingly being pressured and coerced into accepting trans women as partners - then shunned and even threatened for speaking out.

Психичките болесници го покажуваат своето право лице.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.319
Поени од реакции
7.595

Is a lesbian transphobic if she does not want to have sex with trans women? Some lesbians say they are increasingly being pressured and coerced into accepting trans women as partners - then shunned and even threatened for speaking out.

Психичките болесници го покажуваат своето право лице.
Истово се дешава и во геј круговите. Pre-op транџи и транвестити направи инвазија на мрежите и апликациите каде луѓе си бараат партнери. Само не знаев дека и лезбејкиве имале страшно сличен проблем.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
69
Поени од реакции
142
Се човек ќе види и ќе разбери додека е жив, ќе се акни од чудење зошто е ова вака или онака и пак се ќе замини.
--АЛАРМАТНО Е ЛУЃЕ!!! Каде е заминат светот, кое нормално го бараме??? Треба возрасните да бидат примери за нас помладите, да ни кажуваат за вистинските семејни вредности, што е правилно, а што е огромен грев. Гледам мажи набилдани и се средени, се наснимале што се наснимале на она тик - токон и ко ќе прочитам долу или горе некој текст ,,gay", јас нормално си поминувам нормално, ама женските незнам како реагираат на она, арно ќе си бендисаат ама ко ќе прочитаат се запрепастуваат 100 посто.
Треба да се ,,УКИНИ,, целосно рекламирање на хомо лицата и целосно да се превземат мерки да се спречи тоа да се наметнува на деца и во иднина да имаме здрави генерации како што треба да бидат. Семејството е наше наголемо богатство - оваа порака треба најмаксимално да се шири, секој си има право како сака така да се чустува онаму кога ќе се раздели од фамилија, нека се гони кај сака и тоа е негово право како граѓанин да си има своја куќа и своја фамилија.
Не сакам никого да навредам и секој нека си живее како сака, но треба да бидеме здрави ментално за да одиме напред.
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
9.382
Поени од реакции
8.495
Не сакам никого да навредам и секој нека си живее како сака, но треба да бидеме здрави ментално за да одиме напред.
Не сакаш никој да навредиш и секој да живее како сака, но сепак геј луѓето не се здраво ментални и го уназадуваат општеството. :)

Старите се пример, само старите сеуште сонуваат „за нивното време, кога беше подобро“... Треба да пазете кои стари што примери даваат... секако од сите се учи.
Битно е што сакате да прифатите што не...

Кои семејни вредности? Не постојат семејни вредности... освен љубовта, другото е ограничување! Што е грев? Што со овие христијански/муслимански идеи насекаде? Несвесно зборувате сешто...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom