Крусер - 30 посто невработеност, деца по домови или гладуваат, а ти гледаш проблем дека имаме премалку луѓе во државава? Па овие новиве жители кога ќе пораснат некако ќе се погодат и ќе бидат вметнати во сите останати индустрии некако магично преку ноќ?
Не гледаш малку дупка во твојава логика?
Друго, Луксембург да не киниса и пропадна што им даде еднакво признание на хомосексуалците како на останатите жители? Ние сме два милиона, Луксембург го прават само нецели 540 илјади жители. Лукс има и помалку геј жители него МК на пример (за тие со аргументот за критична бројка такви лица потребна да се донесат одредени закони).
Види го претходниот мој одговор до PIRATIC.
Плус тоа, да гледаме малку од поодамна. Во Југославија, Македонија беше најмалку развиена, а по осамостојувањето беше соочена веднаш со блокада од Грција којашто сè уште трае. Имавме конфликт во 2001-ва, при што Америка беше вмешана, не на наша страна (иако после увидоа дека биле погрешно наведени, ама штетата веќе беше направена). Значи, состојбата на Македонија воопшто не беше розова и никогаш не била.
Што правиме сите ние да ѝ помогнеме? Одбивањето да се работи што и да е сигурно не помага.
А велат, успехот преку ноќ обично трае 10-15 години. Во случајот на раѓање и раснење деца, уште повеќе. Значи, треба да израснеш дете во здрав систем, коешто ќе знае дека самото треба да заработува за леб. Дознав дека во Норвешка, на пример, децата имаат предмет за претприемништво уште во основно училиште. Мислиш ли дека така научени деца ќе чекаат некој друг да им даде работа? Јас мислам не, туку дека тие *преку ноќ* ќе одлучат да отворат свои фирми (а претходно 10-15 години учеле дека самите треба да се грижат за себе).
Во врска со Луксембург, веројатно забораваш дека тоа е држава што уште од средниот век одлучила да биде самостојна и којашто одлучила да има добри врски со соседите (Белгија, Франција и Германија), до толку што одлучила да ги прифати нивните јазици како свои официјални. Понатаму, со тоа што одлучила да има добри односи со соседите, му била дозволена неутралност (во најголем дел), што значело дека таму немало толку многу војни ниту разурнувања, што оставило простор за побрз економски развој. Во време кога Луксембург се развивал, ние сме биле под отоманско ропство. Мислам дека е крајно несоодветна споредбата на Македонија и Луксембург, бидејќи и географската положба и фактот што се членки на ЕУ им дава за право дека во секој момент може да распишат конкурс за вработување и сите ќе се потепаат таму да работат. Со други зборови, нивниот механизам за стекнување на народ е решен.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 16:56 ---
Интересно рзмислување на оваа тема. Можеби и единственото кое до некаде држи вода.
А посвојување на децата кои дремат по домови и за кои реално никој не се грижи за нив? Зошто да не бидат посвоени од некој геј пар кој може да им даде образовние, здравствена заштита, воспитување?
Има ли желба за тоа?
--- надополнето: 21 јули 2013 во 16:59 ---
Си направил некаква анкета или истражување
Крусер па знаеш дека тоа е доминантната причина поради која луѓето немаат работа овде?
Не знам за доминантна, ама знам дека такви случаи има. Чув еден шокантен податок: имаме премногу економисти, правници итн, а немаме доволно, на пример, гипсари. А тоа е занает. И се учи со занаетско училиште. Колку луѓе би сакале со тоа да се занимаваат?
Понатаму - во каква состојба ни се селата? Дали некој невработен од Скопје, на пример, би се одлучил да оди на село и да се занимава со земојделство? Државата, нели, нуди помош за тоа...