Државата е фирма којашто нуди услуги, а бара нешто за возврат. Државата нуди: кров над глава, водовод, канализација, струја, транспорт, греење итн итн. За возврат бара човечки капитал којшто може да го вработи или во истите тие индустрии или да поддржи формирање на фирми коишто ќе генерираат профит, а нејзе ќе ѝ плаќаат данок, т.е. од нив ќе има ќар.
Со други зборови, легализирањето на хомосексуалните бракови има смисла само доколку се одлучи дека државата е до толку напредната што производството на потомство, т.е. човечки капитал, е решено на други начини: многудетство на некои семејства, имиграција итн. И Англија и Франција секојдневно имаат купиште на имигранти, што значи дека кај нив добивањето на човечки капитал не е проблем - има механизми што го обезбедуваат.
Дали сме ние до толку високо ниво развиени што генерирањето на луѓе кај нас е решен проблем? Мислам дека апсолутно не. Мислам дека луѓето денес воопшто и не размислуваат да имаат деца. Легализирањето на хомосексуалните бракови би значело „Оваа држава е во ред со тоа да се прават заедници коишто не продуцираат деца“, што во моментов е сосема спротивно на она што се бара.
Значи, јас сметам дека *во овој момент* не е добра идеја да се легализираат хомосексуалните бракови во Македонија. Во иднина, дај боже да стасаме на доволно високо ниво и да произведуваме луѓе што ќе ги покријат сите индустрии, па да има простор за хомосексуални бракови, коишто би помагале на други начини.