Хомеопатија

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.197
Поени од реакции
2.427
Не разбирам:confused:
Не можеш да разбереш, ти си сериозна а он те заебава дека адитивите во базенот имаат поголема концентрација активна супстанца него хомеопатските лекови.

Ќе навикнеш :).

Верувам дека сите бевме со добри намери, ама ја искасапивме темата. Мислеве дека целта е да се кажат искуствата со хомеопатијата, некој што знае повеќе да каже повеќе, а не да си ги мериме дали ова или она е подобро.

На кој што му чини, тоа нека земе.
Размена на искуства секогаш можеш по пп со кого било не мора на темата да се пишува :).
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Не можеш да разбереш, ти си сериозна а он те заебава дека адитивите во базенот имаат поголема концентрација активна супстанца него хомеопатските лекови.

Ќе навикнеш :).

:).
Колку е самоуверен. :) Баш ме интересира што мислиш за целата "меморија од молекули" од измет, урина, хемикалии, телесни течности, бои и лакови, шампони, сапуни, отпадни води, итн. итн. итн. кои претходно со 99.99 % веројатност имале контакт со водата кој се користи за растварање? Што викаат хомеопатите за нив? И тие се лековити?
Следниот пат кога ќе си земаш хомеопатски водички и шеќерчиња нека ти текне на ова. ;)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.197
Поени од реакции
2.427
Колку е самоуверен. :) Баш ме интересира што мислиш за целата "меморија од молекули" од измет, урина, хемикалии, телесни течности, бои и лакови, шампони, сапуни, отпадни води, итн. итн. итн. кои претходно со 99.99 % веројатност имале контакт со водата кој се користи за растварање? Што викаат хомеопатите за нив? И тие се лековити?
Закажи си термин и прашај си, адреси ќе си најдеш сам :).
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.707
Не можеш да разбереш, ти си сериозна а он те заебава дека адитивите во базенот имаат поголема концентрација активна супстанца него хомеопатските лекови.

Размена на искуства секогаш можеш по пп со кого било не мора на темата да се пишува :).
Па маж ми плива во езеро, а зимата вози точак. Ама не сакав да навлегувам подлабоко оти нема смисла.

Арно викаш. Ај се најдовме кој што користи, па ако дојде зорт да размениме искуства.

А бе нели ви се спие?
Мене сон не ми доаѓа. а станата сум рано рано...
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Јас си прашав валидно прашање во врска со хомеопатија и очекувам валиден и логичен одговор.

не е тој должен да ти лечи комплекси
Закажи си термин и прашај си, адреси ќе си најдеш сам :).
Ова не се одговори, жалам.
 
В

влијателен

Гостин
Ова е сосема релевантна слика која има научна основа. Преземена е од научен блог.
Не е ни навреда. Не е ни офтопик. Не е ни шерифување. Всушност твоето мислење е шерифување.
А тоа што можеби ја гледаш како ремет, тоа е заради основните начела на хомеопатијата кои се далеку разумни научни тврдења и кои многу добро се објаснуваат во самата слика.

Затоа што сликата е избришана. Eве текст кој ги објаснува хомеопатските способности на водата од чешма.
Tap water of death
One of the interesting questions with water memory is why billions of people worldwide drinking out of natural and tap sources of water are not dropping dead of overdoses. One environmental watchdog group has documented over 500 chemicals in an average glass of tap water, many of which are used in homeopathic treatments. The EPA of course sets maximum concentration for these chemicals in water, and over time the maximum concentration has decreased considerably. Many people consider that as a way of making tap water safer to drink, but to the homeopath that's actually making it worse! More dilution equals stronger effect.
If water truly had a memory then city tap water would be the most dangerous substance on the planet. Most homeopaths seem to ignore this consequence of their theory or offer post-hoc rationalizations such as succussion being needed to "potentiate the solution." However, many others see this as a prime opportunity to make even more money. Various products and magic cleansing waters are sold over the Internet to eliminate these toxins with prices exceeding a thousand dollars.
The far more parsimonious explanation is that water does not have a memory and that the well established physical laws involving dilutions are true. But this will never stop a True Believer.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.775
Поени од реакции
7.564
И едните и другите си ги покажавте ставовите, се вртите во круг со бесмислени објаснувања. Бесмислени затоа што никој не може никого да разубеди и "просветли".
Мислења составени од една сликичка која индиректно ги навредува оние кои веруваат во хомеопатијата не се прифаќаат. Ниту би се прифатиле мислења од некој кој верува во хомеопатијата во кои би се навредиле оние кои не веруваат. Доколку некој има да сподели искуства нека повели.
Просветителите нека одморат малце.
 
В

влијателен

Гостин
...
Мислења составени од една сликичка која индиректно ги навредува оние кои веруваат во хомеопатијата не се прифаќаат...
Доколку некој има да сподели искуства нека повели.
Ако објективни заклучоци навредуваат нечие верување, тогаш има проблем во верувањето. Ова не е теологија и не се работи за недокажливи резултати. Ова е наука, медицината располага со научни и клинички истражувања кои дошле до резултати дека хомеопатијата не дава ефекти.
Или подобро објаснето, не постојат релевантни научни студии чии резултати ги потврдуваат ефектите од анегдоталните случаи кои се пишуваат како искуства по форумите.
Тие искуства кои се пишуваат водат до зголемена употреба на овие лекови и за сериозни болести кои може да се излечат со конвенционална медицина, дури и кај педијатриски случаи. Затоа неодговорно е да се каже нека се пишуваат искуства, а тие што имаат објективни научни докази за неефективноста нека одморат малку.

Има случаи каде заради неупотребата на конвенционална медицина имало смртни случаи, токму заради тие еднострани информации од лица кои продаваат или промовираат хомеопатија.

Woman sues homeopath over sister's cancer death
Homeopaths warn of further tragedies
Homeopathy couple jailed over daughter's death
A real death by homeopathy
Cancer death puts homeopathy in dock
HC orders forensic analysis of tonic
Healer dies after letting cut foot rot
И други примери овде
Забелешка
Овие наведени примери немаат научна вредност, туку се одговор на поканата за споделување искуства.
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
И едните и другите си ги покажавте ставовите, се вртите во круг со бесмислени објаснувања. Бесмислени затоа што никој не може никого да разубеди и "просветли".
Мислења составени од една сликичка која индиректно ги навредува оние кои веруваат во хомеопатијата не се прифаќаат. Ниту би се прифатиле мислења од некој кој верува во хомеопатијата во кои би се навредиле оние кои не веруваат. Доколку некој има да сподели искуства нека повели.
Просветителите нека одморат малце.
Прво научи да правиш разлика меѓу факт и мислење. Две сосема различни работи. Хомеопатијата се базира на мислења, целиот концепт е базиран на нечии мислења, од дијагнозата до подготовката на "лекот". Медицината е базирана на медицински факти, затоа и функционира. Затоа и верувате во хомеопатијата, не знаете со сигурност дали функционира, само верувате дека ви помогнала. Не мислам туку знам дека хомеопатијата е лага.
И инаку мене никој ништо не ми објасни, всушност само јас и уште двајца, тројца објаснуваме. Требаше да напишеш: "Вие просветителите (Почнавме со ставање етикети а? Нормална реакција кога се нема валиден аргумент) само објаснувате, а верниците во хомеопатија само одбегнуваат да ви дадат нивно објаснување и разумен одговор на вашите прашања, бесмислено се вртите во круг."


@ Влијателен

Доколку луѓево имаа малку разум да ја увидат апсурдноста на Хомеопатијата, ќе имаа и разум да увидат некои (сериозни) долгорочни последици од промовирање квази медицина на јавни форуми која во доста случаи се покажала како фатален избор. Здравјето е сериозна работа.

ПС
Ако модераторите ги почитуваа до збор правилата на форумов, до сега пола форумџии ќе беа банирани, кои од тема, кои перманентно, и 70 % од темите затворени. :) Од кога сум на форумов само видов дека одење офтопик е природен закон овде. Кој ради тролање, кој ради досада и немање што да се каже.
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
Хомеопатијата е како да се пукаш со 9mm куршум за да станиш отпорен на мини од минофрлач.
Патем, до сите хомеопати, незнам дали сте чуле за Oscillococcinum, тоа е "лек" создаден со 200C разредување на црн дроб од пајка, тоа значи дека еден дел од црниот дроб е растворен во 100 дела вода, тој процес е повторен 200 пати. Пресметките покажуваат дека од неколку стотина апчиња, во само едно може да се пронајде атом од црниот дроб...
Oscillococcinum is generally considered harmless. When Boiron's spokeswoman Gina Casey was asked if a product made from the heart and liver of a duck was safe, she replied: "Of course it is safe. There's nothing in it."
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.476
Мене ме интересира колку во суштина е добра Хомеопатијата, затоа што гледам дека се повеќе луѓе кажуваат како одат на хомеопат, па дури гледам дека и по аптекиве се продаваат хомеопатски лекови? Дали можат тие лекови да му наштетат на организмот (бетер)? И што се во суштина хомеопатите, дали се тоа доктори или можеби се и други професии со завршени некои додатни курсеви?:)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.897
Поени од реакции
17.184
Овие преварантиве 2 години лечат дете од егзема со 0 прогрес, или било какво подобрување. Мајката на детето е толку забегана и им верува што не пристанува на никаков друг третман, иако и гарантирам дека ќе се среди одма :)

The amount of BS is unreal.
 
Член од
14 јануари 2017
Мислења
77
Поени од реакции
35
Гледам дека ретко кој одговара за тоа дали оди на хомеопат, па би сакал да ви пренесам мое лично искуство. Заради напнатост, стрес и брзиот живот случајно дознав за хомеопатијава. Посетив хомоепат, ми објасни како фунционира тоа и поверував. Да ви кажам дека помага и дека ниту најмалку нема да згрешите доколку посетите некој хомеопат. Јас додека посетував не влегов во аптека, и ги слушав само советите на хомеопатот. Е сега, точно е дека цената е малку солена, но запрашајте се дали би ги дали тие пари превентивно (рана фаза) или покасно. Дали би ги дале тие пари за нешто на природна база или вештачките отрови од аптекиве. Сами си ги знате приоритетите, баш би сакал да "живне" странава за да прочитам нешто за хомеопатијава.

Sent from my SM-J500H using Tapatalk
 
На врв Bottom