Хомеопатија

В

влијателен

Гостин
да да
да да
извир не даде пак
жhttp://evrodijalog.eu/pdf/ED 11/ED11 [47-72].pdf
во Британија е призната хомопатијата ....
Ако го прочиташе ќе видеше како и зошто е „призната“. И што предлагаат научниците во воведот.
The Government should stop allowing the funding of homeopathy on the NHS.
We conclude that placebos should not be routinely prescribed on the NHS. The funding of homeopathic hospitals—hospitals that specialise in the administration of placebos—should not continue, and NHS doctors should not refer patients to homeopaths.
И не мешај КАМ со хомеопатија. Во КАМ се вклучени и хербални лекови, растенија, растителни материи, растителни препарати, готови хербални продукти, ајурведа, киропрактика, хомеопатија, традиционална кинеска медицина, унани медицина, медикаментозни и немедикаментозни терапии.
Овој закон беше многу контроверзен бидејќи буквално им забранува на луѓето да одат да собираат треви по планините и да продаваат без дозвола. Значи не ги признава, туку напротив ги ограничува.
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Џабе е се. Ама ако, мое да си кажам па никој не го терам со сила да размислува. На крај ваши пари се не се мои, само се обидувам да ви посочам дека ве лажат и тоа убаво. Само најискрено се надевам дека нема да се разболите од некоја тешка болест, па да МОРАТЕ да трчате по вистински доктори, тоа е заебаниот начин за да откриете која е правата медицина.
Џабе е Влијателен. На овие и цела истражувачка екипа, сосе институти и истражувања да им донесеш нема да ти веруваат, нити нешто читаат нити сакаат да прочитаат од она што им се приложува. Типичен средновековен игнорантен став. Со ваков став беа истите оние во среден век кои палеа жени демек биле вештерки. Затоа и им успева на тие шарлатани да им прават средновековни финти. Ама тоа е, луѓето не се рационални, јебига. По се ми изгледа дека сакаат да ги лажат и да бидат лажени. Друго објаснување незнам...

ниедна научна институција нема испаднато со ЦВРСТ ДОКАЗ сваќаш...
извор пак или од блог некој:facepalm:

Што па ти знаеш за цврсти докази, па да бараш нешто. Еден куп медицински рецензии ти се приложија и пак не ти чини. Што сакаш, да ти ги донесам за врат докторите што ги пишувале? Само мелеш тоа што си чул, ниту нешто знаеш ниту имаш поим што е хомеопатија. Јас, што знам дека е лага и никад со зрав разум не би пробал водички и шеќерчиња кои ви ги продаваат како лекови, па пак поише од тебе се разбирам. Оди прво информирај се па после ќе правиме муабет. Не само тролај по теми, зошто само тоа го правиш.

Кои се тие доктори? Која е таа хомеопатка? Баш ќе одам да ја посетам. На што ви "делувало"? Ве заболело глава еден ден и сте лапнале шеќерче и ви поминала главата. Леле ама опасен лек. Па стопати ме болело глава и ми поминувала самата. Што сте излечиле вие со тоа? Ајде да видам, рак? Леукемија? Сида?

И да се што ќе кажат моите пријатели во врска со медицина е рекла казала. Затоа не одам кај нив да се лечам кога сум болен, туку кај доктор во болница.

А тие лекари со дипломи кои продаваат хомеопатија на наивниот народ ја кршат Хипокритовата заклетва бидејќи ја злоупотребуваат својата професија за правење профит. Џабе им е дипломата, сепак се шарлатани, само што имаат едно оправдание плус за разлика од оние без диплома. А и прашање е колку се такви....
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.775
Поени од реакции
7.564
Кои се тие доктори? Која е таа хомеопатка? Баш ќе одам да ја посетам. На што ви "делувало"? Ве заболело глава еден ден и сте лапнале шеќерче и ви поминала главата. Леле ама опасен лек. Па стопати ме болело глава и ми поминувала самата. Што сте излечиле вие со тоа? Ајде да видам, рак? Леукемија? Сида?
Со ова целосно се сложувам, хомеопатијата "делувала" кај бенигни работи кај кои најверојатно повеќе бил плацебо ефект, можеби комбиниран со некоја блага смирувачка/антисептична состојка во тие растворчиња.
За било која малку посериозна болест, неопходна е сериозна медицина, нема играње со тревки, млака вода и метафизички глупости дека телото само може да се исцели.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.258
Мојата докторка во Македонија знаеш ли што ми велеше: Ај излези надвор и прашај ја бабата што доаѓа од аптека да ти каже кои лекови ги има, да ти препишам.
Таквиот пристап е пошарлатански од некој хомепат кој има желба да му помогне на некого.
Ти верувам дека е така, ама ти си требала да ја смениш лекарката, не парадигмата...
Не може да заклучиш дека хомеопатијата е добра затоашто твојата лекарка ти препишувала лекови паушално...
Јас, исто, се расправам дека понекогаш (т.е. многу често) се препишуваат handful од лекови за различни состојби, сосема нерационално, па кога ќе го земеш збирот на несакани ефекти (еве, нема да одиме на синергија) од сите нив, веќе имаш проблем... тука треба да се делува, во рационализација на фармакотерапијата, а не паушално препишување на антибиотици без антибиограм итн...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.707
Верувам дека сите бевме со добри намери, ама ја искасапивме темата. Мислеве дека целта е да се кажат искуствата со хомеопатијата, некој што знае повеќе да каже повеќе, а не да си ги мериме дали ова или она е подобро.

На кој што му чини, тоа нека земе.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.258
Верувам дека сите бевме со добри намери, ама ја искасапивме темата. Мислеве дека целта е да се кажат искуствата со хомеопатијата, некој што знае повеќе да каже повеќе, а не да си ги мериме дали ова или она е подобро.

На кој што му чини, тоа нека земе.
Извини... звучев како да те учам што треба да избереш, а не ми беше тоа намерата...
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Со ова целосно се сложувам, хомеопатијата "делувала" кај бенигни работи кај кои најверојатно повеќе бил плацебо ефект, можеби комбиниран со некоја блага смирувачка/антисептична состојка во тие растворчиња.
Знаеш колку е размерот на таа состојка? 1 : 1000 000 000 000, 1 : 1000 000 000 зависи може и повеќе и помалку. Со зборови: Во 100 милијарди делови вода има 1 дел состојка! Занемарливо. Нема физички шанси таа состојка да има некаков ефект врз телото во таков раствор.

Пази го ова:
Oscillococcinum, a 200C product "for the relief of colds and flu-like symptoms," involves "dilutions" that are even more far-fetched. Its "active ingredient" is prepared by incubating small amounts of a freshly killed duck's liver and heart for 40 days. The resultant solution is then filtered, freeze-dried, rehydrated, repeatedly diluted, and impregnated into sugar granules. If a single molecule of the duck's heart or liver were to survive the dilution, its concentration would be 1 in 100200. This huge number, which has 400 zeroes, is vastly greater than the estimated number of molecules in the universe (about one googol, which is a 1 followed by 100 zeroes). In its February 17, 1997, issue, U.S. News & World Report noted that only one duck per year is needed to manufacture the product, which had total sales of $20 million in 1996. The magazine dubbed that unlucky bird "the $20-million duck."
Ај што е случкава смешна, смешна е, ама според размерот на состојкат од паткин џигер и срце во овој "лек", една аргета паштета од кокошка е којзнае колку пати по лековита од Oscillococcinum :pos:
--- надополнето: 20 јули 2012 во 00:07 ---
Верувам дека сите бевме со добри намери, ама ја искасапивме темата. Мислеве дека целта е да се кажат искуствата со хомеопатијата, некој што знае повеќе да каже повеќе, а не да си ги мериме дали ова или она е подобро.

На кој што му чини, тоа нека земе.
Кога се нема аргумент, ова е вообичаениот одговор. Пак ќе речам, ваши пари се и ваше здравје е, мое беше да ја посочам заблудата, ама на крај испаднав дека нечинам. :) Ама добро нормално е тоа, така од секогаш бил односот према луѓето кои пробувале да разбијат заблуди.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Никој не ја спори медицината, зошто тој став, ако се тера со хомеопатија, тоа е спротивно со знаењето на класичната медицина? Зошто да не се користат заедно и двете опции, секое знаење плус со цел да се помогне некому е најдобро. Нема потреба да дискредитирате нешто, посебно ако успеало на толку многу луѓе да ми помогне. Па и кралското семејство на Велика Британија ја користи хомеопатијата, зарем се тие неинформирани или може некој да им продава "гола вода". Гледајте да има повеќе опции, знаења, начини со цел да се помогне некому, мора и треба лекарите и оние што практикуваат алтернативна медицина да соработуваат, така ќе е најдобро за сите.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.707
Извини... звучев како да те учам што треба да избереш, а не ми беше тоа намерата...
Нема зошто да се извинуваш. Јас сум тетка у најбољи години и знам што да одберам.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.775
Поени од реакции
7.564
Гледам го промени ставот околу ефикасноста на хомеопатијата. Придонесов ли барем малку кон овој твој дострел? Ако помогнав, ќе кажеш ли барем фала?:P Ако не, може доволно ќе биде да не ме кодошиш за новиот јузер, а?
Драг Шабане, ако добро ги прочиташе претходните мои постови ќе сфатеше дека мојот став кон хомеопатијата бил секогаш таков. Се обидов да ги пренесам искуствата на моите пријатели. Јас никогаш ниту сум пробала, ниту имам намера да пробам хомеопатски лекови. Но, секој со својот избор, не е мое да кажам дали некој избор е глупав или не, како што тоа ти го направи. Ти честитам, стана среќен добитник на кодошење бидејќи е против правилата на форумот да се отвараат повеќе јузери.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.258
Нема зошто да се извинуваш. Јас сум тетка у најбољи години и знам што да одберам.
Hence, бидејќи не можеш да престанеш да бидеш „у најбољи години“, сите избори на светот се твои... не дека јас така велам, оти така си е :)
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Никој не ја спори медицината, зошто тој став, ако се тера со хомеопатија, тоа е спротивно со знаењето на класичната медицина? Зошто да не се користат заедно и двете опции, секое знаење плус со цел да се помогне некому е најдобро. Нема потреба да дискредитирате нешто, посебно ако успеало на толку многу луѓе да ми помогне. Па и кралското семејство на Велика Британија ја користи хомеопатијата, зарем се тие неинформирани или може некој да им продава "гола вода". Гледајте да има повеќе опции, знаења, начини со цел да се помогне некому, мора и треба лекарите и оние што практикуваат алтернативна медицина да соработуваат, така ќе е најдобро за сите.
Види, незнам како не ти е јасно... Да беше хомеопатијата ефикасна веќе одамна ќе беше стандардна терапија. За инфекциии немаше да препишуваат антибиотици, ќе препишуваа хомеопатски препарати. За вирусни заболувања немаше да препишуваат антивирусни лекови и да ставаат вакцини, ќе преишуваа хомеопаткси препарати. И за куп други заболувања сеа да не набројувам. Тргни од таа логика.

А она за кралското семејство ич не ти требаше.. Типичен пример на логичка заблуда: Irrelevant appeal.
Стварно е ирелевантно што користеле кралското семејство. Демек дека се кралско па мора да се во право? Нема врска. А и како си сигурен што прават вистински и дека таа информација е точна? Ги знаеш лично? Кој е изворот дека тие користеле хомеопатија и што има воопшто врска дали користеле или не? Сосема небитно.
 
В

влијателен

Гостин
Никој не ја спори медицината, зошто тој став, ако се тера со хомеопатија, тоа е спротивно со знаењето на класичната медицина? Зошто да не се користат заедно и двете опции, секое знаење плус со цел да се помогне некому е најдобро.
Всушност да, тврдењата на хомеопатијата се целосно спротивни од тие на класичната медицина. Класичната медицина ја бара причината и се обидува да ја отстрани, ако не може причината, ги лекува симптомите. Хомеопатската пак се служи со целосно непотврдливи филозофии на лекување кои вклучуваат рамнотежа на енергии, кваркови, отпечатоци на молекули во вода... Тврди дека го лекува телото со тоа што го поттикнува самото да си направи хармонија. Според нив во третманите нема место за класичната медицина.
Нема потреба да дискредитирате нешто, посебно ако успеало на толку многу луѓе да ми помогне. Па и кралското семејство на Велика Британија ја користи хомеопатијата, зарем се тие неинформирани или може некој да им продава "гола вода"
Кралското семејство никој не знае што користи за нивно лечење, тоа што можеби ги поддржал овие лекови не значи ништо, тој не е научник. Лековите кои ги одобрува Чарлс, прогласени се за неефективни од цела научна јавност.
Гледајте да има повеќе опции, знаења, начини со цел да се помогне некому, мора и треба лекарите и оние што практикуваат алтернативна медицина да соработуваат, така ќе е најдобро за сите.
Тоа се труди класичната медицина, додека се троши драгоцено време и пари за да се потврдат ефектите на хомеопатските лекови, во медицината секојдневно се испитуваат нови методи за лекување со цел да има повеќе опции, знаења и начини да се помогне некому.
 
На врв Bottom