Хомеопатија

R

Roten 96

Гостин
Ме интересира дали се применува овој начин на лекување(хомеопатски)
 
T

Tetro

Гостин
Мене ме интересира дали не ти текна дека на повеќето кои ќе го прочитаат твојот пост, дали на прва ќе им стане јасно Што е хомеопатија? :)
 
R

Roten 96

Гостин
Па добро мислев дека повеќето знаат тоа е лекување по пат на билки лековити растенија има деца што знаат а ако ти не знаеш тоа не ме интерресираа
 
I

Intex

Гостин
Го читам насловот, и првото нешто на шо ми текна беше метереопатија (болки кога се менува климата), па логиката ме носеше дека хомео-патија е болки кога гледаш педери.:D

И, кај се користи тоа, синко Деф Лепарду? Го користи некој уште? Има резултати?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.453
Поени од реакции
14.531
Па добро мислев дека повеќето знаат тоа е лекување по пат на билки лековити растенија има деца што знаат а ако ти не знаеш тоа не ме интерресираа
Не станува збор за тоа дали тебе те интересира, која агоранција. Отвараш тема и си должен да напишеш се околу ова лечење, за оние што не знаат - да се едуцираат, за оние што знаат - да споделат искуство.

Еве дел околу тоа што е хомеопатија:

Името хомеопатија потекнува од грчкиот збор homio што значи слично, и phatos што значи патње, сочуство... Самиот збор го потенцира главниот принцип на хомеопатијата similia similibus curentor, односно слично се лекува со слично. Хомеопатијата ги лекува заболувањата така што го следи природниот тек на болеста при тоа помагајќи му на организмот да се врати во својата рамнотежа. Додека спротивно на ова „алопатската“ или конвенционалната медицина делува потиснувајќи ги симптомите на болеста.
Основите на Хомеопатијата ги поставил германскиот доктор на медицина Др. Самуел Ханеман (Samuel Hahnemann). Практикувањето медицина во мрачното доба на човештвото било еквивалент на мачење на пациентите. Незадоволен од ефектот кој го имала медицината кај пациентите, Ханеман се повлекол, и бидејќи знаел повеќе јазици работел на преведување на медицинска литература. Преведувајќи го медицинскиот трактат на темата кинин на Шкотскиот доктор и хемичар William Cullen. Бидејќи бил полн со недоверба на тврдењето дека кининот е вистинскиот лек за маларија, решил да го испробана себе. Тврдењето било дека кининот го ојачува стомакот. Но Др. Ханеман немал никакви симптоми на стомакот. Симптомите кои ги почуствувал биле треска, температура и болка во зглобовите, симптоми кои наликувале на почетните симптоми на маларарија. Заклучокот од овој експеримент бил дека препаратите кои се наменети за лекување на одредена болест, дадени кај здарв човек предизвикуваат сиптоми кои се слични на каректеристичните симтоми на даденото заболување.
Хомеопатијата како наука се раширила со голема брзина на тлото на Европа и САД. Постоеле многубројни хомеопатски медицински училишта, и уште повеќе болници. Но по откривањето на пеницилинот популарноста на хомеопатијата значително опаднала. И тоа се до пред две децении кога се појавија медицински резистентните соеви на одреден број на бактерии, и желбата на луѓето за здрав живот, ја врати повторно хомеопатијата како барана и применувана гранка.

Принципи на хомеопатијата

Главниот принцип на хомеопатијата, веќе погоре споменат, е „слично се лекува со слично“. Односно одредена хомеопатска супстанца дадена во високи токсични дози кај здрав човек предизвикува симтоми кои се приметуваат кај друг човек кој боледува од некое заболување. Овој принцип се користи во одредена доза и во алопатската медицинаа како во процесот на имунизација и десензибилизација.
Вториот принцип на хомеопатијата се минималните дози. Обидувајќи се да ги одреди карактеристиките на некои препарати, Др. Ханеман успеал да дојде до следниов заклучок, со разредувањсе на препаратите – нивно потенцирање- препаратот делува многу поефикасно. Односно колку е повеќе разреден препаратот толку е поголем неговот лечебен ефект, и тоа без несакани ефекти и контаиндикации. Теоријата на Ханеман е дека дури и во најразредените дози хомеопатскиот препарат ја буди „виталната животна сила“, вид на енергија кој ги заќивува сите живи битија.
Третит принцип на хомеопатијата е тоа што при издавање на терапија пациентот се третира како една целина. Како додаток на физичките сиптоми на пациентот незанемарлива е неговата емотивна состојба. Докторот хомеопат ги зема во предвид и менталните и физичките симптоми на пациентот, но исто така и неговата индивидуална емотивна состојба, и како резултат на тоа ја издава терапијата. Хомеопатот често поставува чудни прашање кои се чинат воопшто неважни за даденото заболубање, како на пр. Која храна пациентот најмногу ја сака? Кои временски услови неможе да ги поднесе? Или пак период од денот кога симптомите се појавуваат или појачуваат?

Пристап на хомеопатијата

Во периодот на 200 години, колку што постои хомеопатијата како научен метод, истат многу е развиена, но методологијата е останата иста. Хомеопатот при првиот прием на пациентот му зема една опширна анамнеза, вклучено физичките и емотивните симптоми. Хомеопатскиот препарат се издава на определен временски период. Доколку докторот примети одредени промени, тој може да одлучи дали истиот препарат ќе го продолжи или ќе биде исдаден нов препарат.
Има повеќе пристапи во издавањето на хомеопатската терапија, но еден од најчестите е издавање на „конституциска“ терапија. За да се издаде точниот препарат, хомеопатот во предвид ја има целата медицинска историја на пациентот, неговата емотивна состојба но и физичкиот изглед.
Друг вообичаен пристап на издавање на хомеопатска терапија е според акутните симптоми. Овој начина на издавање на хомеопатска терапија се практикува кога симптомите се појавиле ненадејно, како симптоми на настинка, диареа, кашлица... Пример за акутно издадена терапија е препаратот Arnica кој најчесто се препишува кај повреди кои се манифестираат со појава на модринка или мускулна болка,
Комбинираното препишување е кога во комбинација на конституциската терапија се издава и уште еден препарат кој го потенцира ефектот на првиот делувајќи одредено за даденото заболување.
Постои и емотивната хомеопатија, каде што делувајќи само на одредените чуства му се помага на пациентот да се врати во својата рамнотежа.
Бидејќи не постои болест доколку човекот е во неговата рамнотежа. Но ако таа рамнотежа се наруши како ефект на стрес, тага или пак чуства како омраза, љубомора, тогаш болеста многу лесно доаѓа.

Хомеопатските препарати

Хомеопатските лекови, почесто именувани како препарати (бидејќи хомеопатијата не лекува, туку само му помога на човекот да се врати во неговата нормална состојбана постоење, односно во состојба на здравје), може да бидат од рстително, минерално или животинско потекло.
Препаратите може да се земат орално во облик на глобули, таблети или капки, или пак да се втријат преку кожата или во многу ретки случаи и како облик на инекција. Вообичаено хомеопатијата нема несакани ефекти, но пациентот може да доживее влошување како резултат на почеток на процесот на оздравување. Овој ефект најчесто се среќава кај хроничните заболувања каде во подолг временски период симптомите на заболувањето биле потискани со алопатски лекови. Ова е позитивен ефект на терапијата и знак дека издадениот препарат делува.

Бидејќи хомеопатските препарати се во многу мали разредувања, толку мали што неможе по хемиски пат да се докаже дека во препаратот се наоѓа дадената сипстанција (пр. Sulfur 200 CH), конвенционалната медицина често шпекулира дека хомеопатијата е плацебо ефект. Но плацебо ефект не постои кај децата и кај ќивотните а сепак и кај нив хомеопатијата успешно делува. Исто тука е присутна и контадикцијата со конвенционалната медицина каде што колку е поконцентриран лекот толку е поголема неговата јачина, додека во хомеопатијата е обратно, односно колку е поголемо разредувањето толку е појак препаратот и неговото дејство.
За да се добие титулата Хомеопат потребно е да се помине обуката за хомеопатија, за која по полагањето на крајниот испит се издава сертификат или диполома.
Хомеопатијата во Македонија споро но сигурно заживува и си го наоѓа своето место под сонцето. Многу клише реченица но единствен начин позитивно да се опише моменталната состојба во која работат мекедонските хомеопати.
Хомеопатијата е научен метод кој го подржува нашиот организам во процесот на самоисцелување.

Извор


Ете не било толку тешко, да знаат луѓето барем за што станува збор.

 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.453
Поени од реакции
14.531
Да и делува.

Ме интересира, (секако доколку би сакал да споделиш на форум) дали од лично искуство е одговорот и за која врста на болести ти има помогнато.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
127
Ме интересира, (секако доколку би сакал да споделиш на форум) дали од лично искуство е одговорот и за која врста на болести ти има помогнато.
Од лично а и од блиска фамилија, детали по пп ќе ти пишам.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Моето лично искуство со хомеопатијата е позитивно. Од 2005 година се лекувам само хомеопатски и резултатите се позитивни. Веке долго време за настинка не земан антибиотици и тоа го сметам за личен успех. Со хомеопатија се лекуваат сите болести ( настинки, алергии, инфекции, удари, депресии,) Во западниот свет таа е паралелна гранка на медицината а луѓето сами избираат дали ке се лечат хомеопатски или конвенционално. Некаде прочитав дека британскиот кралски двор се лечел исклучиво хомеопатски.
 
Член од
4 август 2007
Мислења
24
Поени од реакции
2
The collective weight of scientific evidence has found homeopathy to be no more effective than a placebo.
Не потценувајте ја моќта на пласибо ефектот младичи, и не трујте си ги умовите со верување во „чудесната моќ“ на надри лекарствата.http://en.wikipedia.org/wiki/Homeopathy#cite_note-pmid12492603-1
 

Magde.

Модератор
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.668
Поени од реакции
3.781
Знам дека има факултет за хомеопатија кај нас.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.660
Поени од реакции
945
Основен курс по клиничка хомеопатија има, но факултет поблиску од Софија незнам.
 
На врв Bottom