Хокеј - NHL

Dali gledate NFL


  • Вкупно гласачи
    66

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Абе еден македонец што е.... :)
Ако треба уште 20 долара ќе дае за македонија!:drk:

Не биди смешен...


Како и да е, и повеќе од одличен играч е...

Ед Јованоски, Алек Стојанов, Ден Јанчевски, Стив Гацос, Стивен Стамкос, Марти Турко, Мајкл Цигоманис, Стив Стајос, Хозе Теодоре...
Томи Иван - тренерска легенда
Стив Ставро - менаџерска легенда

:)

--- надополнето ---

Македонските Лавови ги надиграа грчките хокеари
Хокеарскиот тим Македонски Лавови, славеше со 5-3 против Грчките Грмотевици во рамките на мултиетничкиот хокеарски турнир во Канада. Натпреварот се одигра пред околу 1000 посетители, но и пред голем број полицајци затоа што беше прогласен за натпревар од висок ризик. Завршил без инциденти на задоволство на љубителите на спортот.


Традиционалниот турнир се одржува од 27 до 31 декември. Во машката лига учествуваат хокеј екипи на Македонците, Србите, Јапонците, Италијанците, Грците, Ирците и Израелците, а во женската лига екипи на Македонките, Кинескињите, Италијанките и Јапонките.
Женскиот хокеарски тим Македонско Сонце стингна до финалето на турнирот. (И ГО ПОБЕДИЛЕ!)

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69319
 
П

Паспарту

Гостин
Македонецот Стамкос по стапките на Грецки

Експертите му предвидуваат блескава иднина на хокеарот на Тампа Беј лајтнинг.

09:00 | 24.01.2011 | Автор: Шпиц
Канадскиот хокеар со македонски корени Стивен Стамкос е еден од водечките стрелци во професионалната НХЛ-лига, а стручњаците за него велат дека многу скоро, во следниве неколку години, ќе стане достоен наследник на големиот Вејн Грецки. Дваесетгодишниот центар на Тампа Беј лајтнинг лесно ги тресе противничките мрежи, асистира и ги одушевува љубителите на оваа динамична игра на мраз.
- Тој беше одличен ученик, достоен за пример. Не сме навикнати хокеарите да бидат толку посветени и на науката. Очекувате таква ѕверка, водечки стрелец во Хокеарската лига на Онтарио, да не се потресува за ништо друго освен за тоа во што е најдобар – хокејот, но Стивен ни покажа дека не е така. Тој се трудеше во сите сфери да биде што е можно подобар, никогаш не барајќи оправдувања и некои посебни извинувања. Тоа не е во неговата природа. Можам да ви кажам дека професорите во нашето школо беа одушевени од ова момче - вели Пол Тајтаник, тренер на Стамкос од училишните денови во Маркхам ваксерс од неговите почетоци како мало дете до 16-годишна возраст.
Првиот пик на драфтот во 2008 година во неговата трета сезона во про-кариерата дефинитивно го има вниманието на сите, вмешувајќи се во разговорите за најдобрите хокеари во НХЛ-лигата. Стамкос своите вештини напорно ги тренирал во текот на детството, не само ударите на пакот, туку и движењата на мразот и лизгањето, а идол му бил Грецки.
- Бев многу импресиониран од него не само како хокеар туку како млад човек. Тој многу сериозно и пристапува на играта, напорно се труди да учи и да се надградува, а неговите работни навики се неверојатни. Тој има одличен карактер, ги почитува и е почитуван од луѓето. Тој е секогаш среќен и насмеан, а сепак станува збор за многу компетитивен млад човек - вели генералниот менаџер на Тампа Беј лајтнинг, Стив Изерман, за хокеарот со потекло од Егејска Македонија.
Избран како прв пик пред три години токму од Лајтнинг, Стамкос минатата сезона забележа неверојатни 51 гол (само Вејн Грецки и Џими Карсон постигнале 50 голови на помлада возраст). Овој резултат му го донесе трофејот Рокет Ричард, кој го подели со Сидни Крозби. Сезонава тој продолжи со истото жестоко темпо, а реномираниот магазин „Спортс илустрејтед“ го прогласи за суперѕвезда. Неговото издигнување се одвива со брзина на светлината, изненадувајќи ги дури и оние кои го познаваат добро. Допрва ќе слушаме за овој млад суперспортист.

Превземено од: http://www.spic.com.mk/kat/sport/makedonecot-stamkos-po-stapkite-na-grecki.html
 
А

Анноун

Гостин
:facepalm: година и пол ни еден пост на темава :facepalm:

Моментално се играат финалињата по конференции

ЛА Кингс - Феникс 3-0
Њујорк Ренџерс - Њу Џерси Девилс 1-1

Ла кингс се хит на плејофот , завршија 7ми во конференцијата , но исфрлија два фаворити , Ванкувер и Сент Луис со по 4-0 и 4-1 . Сега водат 3-0 . Неверојатни се .

Се игра и светско првенство во Финска и Шведска , денес се полуфиналињата

Русија - Финска 4-1 (моментален резултат , малкин 3 гола :cuc: , овечкин еден)

Другото полуфинале е Чешка - Словачка.

Штета швеганите отпаднаа од Чешка , примија гол на 20тина секунди до крај . Ќе беше супер финале Русија-Шведска , но тоа е што е .
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
:facepalm: година и пол ни еден пост на темава :facepalm:

Моментално се играат финалињата по конференции

ЛА Кингс - Феникс 3-0
Њујорк Ренџерс - Њу Џерси Девилс 1-1

Ла кингс се хит на плејофот , завршија 7ми во конференцијата , но исфрлија два фаворити , Ванкувер и Сент Луис со по 4-0 и 4-1 . Сега водат 3-0 . Неверојатни се .

Се игра и светско првенство во Финска и Шведска , денес се полуфиналињата

Русија - Финска 4-1 (моментален резултат , малкин 3 гола :cuc: , овечкин еден)

Другото полуфинале е Чешка - Словачка.

Штета швеганите отпаднаа од Чешка , примија гол на 20тина секунди до крај . Ќе беше супер финале Русија-Шведска , но тоа е што е .
Епа еве сега и Чесите отпаднаја. Овие словаците катанаџо форсираат.
 
А

Анноун

Гостин
Утре во 19.30 финале Русија - Словачка .

Словаците вака така , во финале . И на олимписките беа меѓу најдобрите четири , а немаат некои играчи , во споредба со другите тимови . Пак ќе кажам , штета што не е финалето Шведска - Русија . Зетерберг и Алфредсон , против Ови и Малкин . Како дозволија Швеѓаниве толку ефтин гол да примат на пола минута до крај не ми е јасно.

Нека земат Русите утре злато , играчишта се .
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Jaс незнам Чешка како си дозволија да изгубат, a заслужено си се пласираа во 1/2 финале, ги елиминираа Швеѓаните, и тоа со добра игра, без разлика што решавачкиот гол го постигнаа при крајот на мечот. Можеби пред тој меч, Шведска заедно со Русија беа главни фаворити за злато, ама во 1/4 финалето и не прикажаа некоја игра...
Само едно ќе кажам, Малкин :cuc:
 
А

Анноун

Гостин
Здено Хара за водство на Словачка во големото финале против фаворитот Русија :vozbud:
Ако успеат да тепат , капа доле за Словаците.

Трето место заврши Чешка , го плесна домаќинот Финска со 3-2 .
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
„Словаците си играа со оган, и направија пожар“ - коментаторот на МТВ:D
Многу е силна репрезентацијата на Русија, штета што на СП ниедна од репрезентациите не е со најсилниот состав.
 
А

Анноун

Гостин
3-1 за Русија . Да ти се плукнам на Словачка , како стигна до тука :facepalm: . Било кој од Финска/Шведска/Чешка/САД/Канада да беше место нив ќе беше феноменално финале . Овие дифенс, дифенс , та на крајот ...

А овие шупациве од Нхл , ЕДВАЈ ги убедија за олимписки игри да ги пуштаат играчите .
 
А

Анноун

Гостин
Во големото НХЛ Финале силите ќе ги одмерат Њу Џерси Девилс и Л.А Кингс. Њу Џерси синоќа ја завршија работата против Ренџерси , и со вкупен резултат од 4-2 во победи се пласираа во финалето . Л.А Кингс со 4-1 беа подобир од Феникс .

Предноста на домашен терен ќе има Њу Џерси , но според формата во која игра во овој плејоф , ми се чини Л.А Кингс се фаворити . Њу Џерси го освојуваше Стенли Купот 2000та и 2003та , додека Кингс имаат пораз во финале од 1993та година .
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Ovie od LA Kings ne se normalni, ja imaat najdobrata odbrana u ligava u poslednite 10 godini, toj golmanot sto im e Jonathan Quick e cudo nevideno. Kings poslednite 4 od 5 imaat tepano so 2-1.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom