НОВО ЛИСИЧЕ Ни бледа сенка од нив излитен споменик, божемен мит. Но ако уста отворат, ќе горат уши и образи! Ниту тресок подземен ниту пак есплозија нема да им помогне. Добродојдовте! Знам, тесен ви е патот од кој се исплашивте. Но колку широки се вратите што не вe водат никаде! Златно момче, сини очи, гордост вивната до небеса. Кругови во низа беснеат, голи меса за нови огнови. Блазе на гулабите! Не дека живеат во зградите на Ново Лисиче. Ниту сеат, ниту жнеат, нити во амбар собираат! Сал еден Гопод нив ги храни со Милоста Небесна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.