Хитлер се залагал за независна Македонија?

Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.444
Поени од реакции
11.120
Не знам дали веќе има оваква тема пошто сликата е малку постара.



Телеграма

5. септември 1944(Г. Шрајбер)

Со специјален воз, на 5-ти септември 1944-1:07ч.

Пристигна на 5-ти септември 1944-1:40ч.

Бр. 1937 од 5.9.

БРАМ 940/44Р

Германски конзулат Софија

ИсклучивоТаен меморандум за тајната служба на Рајхот

Тајна на Рајхот- Најитна ноќ.

За дипломатите

Конекција со телеграф од 1.9.1944 +)

Фирерот денеска повторно изјави дека прогласувањето на независноста на Македонија треба да се случи сега, без никакво одолжување. Затоа, Министерот за надворешни работи на Рајхот побара без оглед на вашите размислувања да се индицира и телеграфски да се информира околу тоа, воедно и веднаш да се пријави, кој од вас е одговорен за водење на таа акција и кој комитет ќе ја прогласи независноста на Македонија.

Рајнебек (Reinebeck)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.652
Поени од реакции
14.258
Да. Некоја форма на НДХ. Независна држава Македонија, водена од вмровските чети лојални на бугарскит двор. Кога германците сфатиле дека ја губат војната. Потекторат на Бугарија и Германија.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.444
Поени од реакции
11.120
Да. Некоја форма на НДХ. Независна држава Македонија, водена од вмровските чети лојални на бугарскит двор. Кога германците сфатиле дека ја губат војната. Потекторат на Бугарија и Германија.
Е тоа е веќе друго, фала за инфо.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.469
Поени од реакции
7.436
Е тоа е веќе друго, фала за инфо.
Чекаше да ти реплицираат дека Хитлер и нацистите планирале создавање на марионетска квислиншка држава на Балканот, наместо да размислиш со здрава глава зошто му текнало на тоа дури во 1944 година кога Нацистичка Германија губела во Втората Светска Војна на сите фронтови, наместо да му текнело уште во 1941 година да дозволи формирање на независна македонска држава кога ја окупирал Југославија ?

Што чекал цели 3 (ТРИ) години, покана за да дозволи формирање на независна македонска држава ?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.444
Поени од реакции
11.120
Чекаше да ти реплицираат
А што има везе тоа? Само ја најдов сликата и ме интересираше што е муабетот и затоа темата е тука, не во ЧДА.

Не знам што чекал, еве ти како паметен просветли не.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.469
Поени од реакции
7.436
А што има везе тоа? Само ја најдов сликата и ме интересираше што е муабетот и затоа темата е тука, не во ЧДА.

Не знам што чекал, еве ти како паметен просветли не.
Ако ти требам јас за просветлување, тогаш очигледно не си читал историја.

Земи прочитај за Македонија и Балканот за време на Втората Светска Војна и тоа би требало да ти биде доволно за просветлување.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.534
Зарем е можно дека ова не сте го знаеле досега
Тоа е почеток на септември 1944, Бугарија е пред капитулација
Во тоа време, допатувал во Скопје и Ванчо Михајлов со иста намера
Но вистинската негова намера била да се успори Црвената армија
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
2.783
Де бре Декстер работава ја правиш ко во 4то одделение да се учат 6 лекции за документов. Олади малку
И јас прв пат слушам и гледам за ваква идеја. Македонија инаку била во поволна позиција поради склоноста на Бугарите према нашиот народ. Дома имам една автобиографска книга за човек кој ги преживеал двете Светски Војни на ова тло и пишува:
Кога влегле Германците во неговото село Сите машки го собрале на сред село да им извршат попис. Еден Старешина стоел и ги двоел
Едни на една страна, Други на Друга страна, Прашањето било "Што си ти по националност?" Ликов во романов иде пред Германецов и вика јас сум Македонец, на што овај се насмевнува и му вика Аааа Македон-Болгар gut gut gehen seitlich, иде овај зад него и се представува како Југословен пошто јбг СХС, Јужна Србија и асимилација на Македонскиот народ си го прави своето.... Овај го носат на другата страна.
Сите што се претставиле како Македонци ги класифицирале како Бугари и ги однесле кој за испомош на Бугарската војска а некој и за да се борат заедно со Бугарите. Сите што се декларирале како Југословени поминале по затвори логори и тешка физичка работа бидејќи биле сметани како непријатели на Германија...
Е тоа била Македонците за време на Втора Светска Војна. - Изгубен Народ.
Патриотите можат и фрактури на градниот кош да си направат али тоа е реалноста
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.015
Греота е само Македонците да се класифицираат како изгубен народ !
Такви појави имало скоро во секоја земја зафатена со војната . Ако веке инсистирате на читање на историјата пролистајте ги посериозно историите по Европа ке видите дека СИТЕ болувале од тој синдром , дури и најголемите победници .
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
2.783
Греота е само Македонците да се класифицираат како изгубен народ !.
A па ја незнам како би се нарекол поинаку еден народ кој немал своја држава, уредување, сопствена власт.
Извадете пописни листи во кој Кралство СХС декларира Македонци како население, Нема. Ја не порекнувам 2 миљона народ. Секако дека сме се бореле за Независност. Черноземски што бил Бугарин или Македонец? Не е битно, Битно застапувал интереси за Независна и суверена Македонија. Не протекторат под Србија.
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Сите кој стасале ја вртеле те вака те така само искористи за свои цели и после што ќе ти е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.469
Поени од реакции
7.436
Де бре Декстер работава ја правиш ко во 4то одделение да се учат 6 лекции за документов. Олади малку
И јас прв пат слушам и гледам за ваква идеја. Македонија инаку била во поволна позиција поради склоноста на Бугарите према нашиот народ. Дома имам една автобиографска книга за човек кој ги преживеал двете Светски Војни на ова тло и пишува:
Кога влегле Германците во неговото село Сите машки го собрале на сред село да им извршат попис. Еден Старешина стоел и ги двоел
Едни на една страна, Други на Друга страна, Прашањето било "Што си ти по националност?" Ликов во романов иде пред Германецов и вика јас сум Македонец, на што овај се насмевнува и му вика Аааа Македон-Болгар gut gut gehen seitlich, иде овај зад него и се представува како Југословен пошто јбг СХС, Јужна Србија и асимилација на Македонскиот народ си го прави своето.... Овај го носат на другата страна.
Сите што се претставиле како Македонци ги класифицирале како Бугари и ги однесле кој за испомош на Бугарската војска а некој и за да се борат заедно со Бугарите. Сите што се декларирале како Југословени поминале по затвори логори и тешка физичка работа бидејќи биле сметани како непријатели на Германија...
Е тоа била Македонците за време на Втора Светска Војна. - Изгубен Народ.
Патриотите можат и фрактури на градниот кош да си направат али тоа е реалноста
Не се потребни 6 лекции во 4-то одделение за човек да знае дека Македонија била окупирана од страна на Фашистичка Бугарија и Фашистичка Албанија за време на Втората Светска Војна, со помош и амин од страна на Фашистичка Италија и Нацистичка Германија.

Доволно е човек да земе во предвид 1 (ЕДЕН) факт, а тоа е фактот дека во 1941 година, по нацистичката инвазија, Југославија била поделена помеѓу силите на Оската, а Македонија конкретно била поделена помеѓу Фашистичка Албанија од запад и Фашистичка Бугарија од исток, кратко и јасно.

На Хрватите им било дозволено создавање на квислиншка независна држава Хрватска во 1941 година, а на Македонците не им било дозволено, пократко и појасно, здравје.

Па дури и во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина имало мали квислиншки влади кои на хартија биле автономни, додека во реалност во целост зависеле од милостијата и немилостијата на нацистите. Такви квислиншки влади и држави имало и на териториите на Советскиот Сојуз, а нацистите им дозволиле да постојат исклучиво бидејќи им требале локални сојузници за да се борат против партизаните. Но во Македонија немало таква квислиншка влада.

Откако цели 3 (ТРИ) години ја држеле Македонија под окупација, им текнуало на нацистите да дадат амин за создавање на независна македонска држава ?

Па малку предоцна им текнало, па од тука следува заклучокот дека не - Хитлер не се залагал за независна Македонија.

Еве за љубителите на Хитлер и на нацистите, кога повеќе сакаат да веруваат во лагите на диктатор, отколку да земат книга по историја и да ги прочитаат фактите.

 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Безброј пати е кажано да се обидете барем малку да ги истражите веќе отворените теми на подфорумов за Историја за да не се повторуваме.

Дополнително, обидете се дискусиите да ги водите во рамките на темите.

"Темава" оди под клуч.

Кој има нешто квалитетно да сподели околу ова тоа може да го направи тука:

Третиот Рајх и Македонија

Кој го интересира може да погледне и тука:

Германски леток до Македонците - 8.IV.1941

.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom