Мартикс од Кочани зема награда и тоа најзаслужено, штета за тие што пропуштија сосема непланиран а сепак одличен фристајл бетл. Слободно можам да тврдам дека Мартикс е меѓу најдобри бетл фаци во Македонија. Не само што има одлично флоу на фристајл па и има се што е потребно за бетл, приметува работи кои се релевантни за противникот и ги спојува во римите, користи set up-punchline шема за да се избегне безвезно дрндање и повторување на рими, и нешто плус што го приметив, дечкото не искористи ниту еден филер, алал да му е стварно, ѕвер, да има организирано бетл лига кај нас мислам дека има голема шанса да се пробие до врвот. Да не остане без збор, другиот дечко, мислам дека беше Адријан, проба најдобро што можеше ама против некој толку подобар неможеш којзнае колку да направиш