Хип хоп културата во Македонија

Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.177
Поени од реакции
7.679

се сеќавате кога ви реков дека Пецо Исток е еден од најсвежи артисти моментално?

Goldie класик, кој го слушал него и paid in full, CSS веќе знае за неговиот квалитет.
Го има вокалот и возењето, меѓутоа темите но ме густа.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478

се сеќавате кога ви реков дека Пецо Исток е еден од најсвежи артисти моментално?

Goldie класик, кој го слушал него и paid in full, CSS веќе знае за неговиот квалитет.
Голди не може лоша песна да извади, иако од таа екипа, а можда и општо од српска рап сцена ми е омилен Повло.

Иначе Пецо Исток прв пат го слушам, текст одличен, ама има нешто во гласот што ни ми се свиѓа, како млитаво некако.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.750
Kонечно после подолго време хип хоп настан во Струмица, официално 7 Октомври е прогласен за празник на хипхопот во Струмица бидејќи сосема случајно овој датум е испреплетен во многу значајни настани за оваа субкултура во градот под царевите кули.

Причината за манифестацијата беше новиот албум на Кискинов, она што не очекував искрено е дека салата во Културниот дом ќе биде исполнета, она што најмногу искрено ме израдува е дека имаше премногу млади, добро е да се види дека и идните генрации на струмички деца растат со правата музика а не со шундот кој секојдневно им се пласира преку социјалните медиуми.

Како што личи прв започна Кискинов со вовед за настанот, постари песни за старт а како продолжуваше си идеа и поновите песни, човекот апсолутно си заслужи да ја исполни салата , не само поради неговиот настап кој беше перфектен каде се виде колку труд има вложено во него и поради се што направи за Струмица, како артист, како човек кој даде можност на многу млади да прават и да се заразат со рапот, оставајќи силна, голема и неизбришлива трага во макрапот, неговиот допринес за хипхоп културата во Македонија е неоспорлив, ама мене уште повеќе ми е за неговиот допринос за оживувањето на струмичкиот дух, чувство кое само тие што сме родени и израснати во градот го имаме во себе и многу добро знаат на што мислам, а дефинитивно даде се од себе посебно со неговата одјава и последна песна која имаше силна емотивна тежина за за која не се збори тука.
Струмица го испочитува своето дете, тоа одсекогаш било големината на Струмица како град, да си ги цени и сака децата на градот !

Покрај Кискинов настап имаа и повеќе гости со кои Кискинов соработувал низ својата кариера.

Први беа уште едни деца на градот Тоти и Јордан, за нив лично субјективно ми беше најмило што ги видов на бина, конечно се надевам дека после овој настап после силно зборење и убедување ќе вратат на создавање на нова музика, настапот после големава пауза им беше топ, младата публика и најмногу откачи на нивниот настап, срце ми се исполни ко видов другарите се враќат на местото каде припаѓаат, па наредниот пат нивен концерт да биде причината да се наполни културниот дом.

После нив следеа Пикси и Нешо Авторизација, Пикси имаше доста добри коментари на бина :D:D, ја испука Овчеполста у куќата која му е и всушност соработка со Кискинот, ликот си има некоја енергија штета не прави повеќе песни мада и со оваа е доволен, следуваше натулиризиранио струмичанец Нешо кој направи доста добра интеракција со публиката кога ја пукаше Балканизам.


Наредни беа Куп де грас, да бидам искрен нив прв пат ги слушав на концертов, имаа настап со две песни, беа доста солидни, ми беа право освежување дека прв пат ги чув, за мене се ко нова група па кога ќе врти макрап во иднина.

Свој настап имаше и струмичкото студио за хипхоп танци One way dance studio, кои имаа свој настап а и се приклучуваа и во настапот кај Кискинот посебно у песната Мали ствари, убаво да се види колку млади се дел од таа гранка на хипхоп културата, браво за нив.


Џака Накот со двете песни кои ги има со Кискино беше следен, нема потреба некоја да пишувам повеќе, посебно што во тие песни Кискинот искина , Џака си е легенда на макрапот за која нема потреба да се објаснува и пишува на долго.

Супер настап со две песни имаше и Аце КН од Зад Аголот кој беше пратен од страна на Паки, вторава песна дека му беше нова ептен ми влезе во уво а сега приметив дека е веќе споделена тука на темава, дефинитивно само пофалби за Аце мене лично ми остави силен впечаток.


Не треба да се изостави Попај кој беше диџеј цела вечер.


За крај Дивизја како група, тука беше и најемотивно дека сепак нивните песни се оние со кои израснавме и кои се баш за нас кои бевме во публика, не беа во полн состав и се чувствуваше таа празнина, како и да е дефинитивно тука публиката најмногу се пронаоѓаше што е и логично, посебно Стеротип каде беше најсилни вибрации и за крајот иако се двоумеа за песната Мојот град , која на начинот на кој ја презентираа даде уште поголема тежина и ја доволи сликата во која е денес градот но и државата во целина.



Како и да е вакви настани се ненасушна потреба не само на Струмица како град, тука на Македонија во целина, ептен беше убаво да бидеш во културниот дом, да се биде на рап после толку време, да се избега од сивилото и депресијата која го имат надвладеано општеството, па наскоро и другиве субкултури но и општо културата во земјата да почне да има се повеќе вакви настани каде луѓето ќе се собираат на едно место за вистинските нешта кои го прават животот поубав.

310970744_10161987961868957_6309992348135439169_n.jpg
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Памтам на последниот концерт на САФ кој беше на саем, пред 6 години чинам, ако не сум грешка 2016. за некој нивен јубилеј , да не пребарувам сеа, и атмосфера топ, Пикисипи растураше, публиката во транс, Пики запали џоинт и сите уште толку се откачија и почнаа да летаат џоинти во публика од сите страни, и Страјк беше гостин, и неговиот настап беше на некаде пола концерт, и кога излезе - стварно не ми текнува со која песна, тоа беше делириум што се деси во истата секунда, луѓето буквално побудалеа, еуфорија и ежење на најјако и овации, а типот убиваше на микрофон како некој нигер од гето, стварно да видиш во ист момент што е талент, и не, не сакам да споредувам со никого, САФ се институција не само наша, туку балканска, верувајте, нема повеќе од 5 вкупно албуми на Балканот со таков квалитет и продукција како Сафизам, ако воопшто се и толку. Муабетот ми беше дека кога излезе Страјк, дечкото звучеше некст левел за едни САФ, може ќе ме хејтате ама тоа е мое мислење.

 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.177
Поени од реакции
7.679
Памтам на последниот концерт на САФ кој беше на саем, пред 6 години чинам, ако не сум грешка 2016. за некој нивен јубилеј , да не пребарувам сеа, и атмосфера топ, Пикисипи растураше, публиката во транс, Пики запали џоинт и сите уште толку се откачија и почнаа да летаат џоинти во публика од сите страни, и Страјк беше гостин, и неговиот настап беше на некаде пола концерт, и кога излезе - стварно не ми текнува со која песна, тоа беше делириум што се деси во истата секунда, луѓето буквално побудалеа, еуфорија и ежење на најјако и овации, а типот убиваше на микрофон како некој нигер од гето, стварно да видиш во ист момент што е талент, и не, не сакам да споредувам со никого, САФ се институција на наша, туку балканска, верувајте, нема повеќе од 5 вкупно албуми на Балканот со таков квалитет и продукција како Сафизам, ако воопшто се и толку. Муабетот ми беше дека кога излезе Страјк, дечкото звучеше некст левел за едни САФ, може ќе ме хејтате ама тоа е мое мислење.

Па и е, реално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom