Хип хоп културата во Македонија

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
што велите за дечкиве ..?
можам само да кажам дека спремаат нов албум ..се на се лудило ќе е ..имам слушнато нешто, секако ..приватно :)
ах че те отепам :P
епа ајде чим решил мики да постира да ви објаснам како стојат работите. Tha Titanium е прилепска рап екипа составена од Петар Кузмановски ака El Borracho ака Јас :) (MC) и Христијан Ристески ака RickBeatz ( Продуцент ). Оваа екипа е составена во 2007 година. Досега имаат издадено еден труд а тоа е албумот "Вандализам" на 1 Ноември 2008 г. Имаат повеќе настапи во и надвор од Прилеп од кои најзначајни се да се спомнат настапот во МКЦ Скопје за натпреварот за најдобра хип-хоп екипа на која го освоија првото место( тоа е ова на видеово на кое жири комисија беа Тони Зен и Токсикологија), настапот во Скопскиот саем и настапот во домот на културата "Марко Цепенков" во Прилеп. Последните активности на екипата се за новото професионално студио во Прилеп, каде покрај најновиот албум на Titanium наречен "Проект 22", ќе се снимаат албуми и на други прилепски и скопски екипи. За брзо треба да се изработи и нашиот прв спот и ако сака некој да слушни нешто поново ( бидејќи ова на видеово е 1 година старо ) слободно нека пиши на профил или на пп.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Дали има некој состав,семинарска,есеј или што било во врска со почетоците на хип-хоп културата во македонија или воопшто за почетоците на рапот?
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Дали има некој состав,семинарска,есеј или што било во врска со почетоците на хип-хоп културата во македонија или воопшто за почетоците на рапот?
Побарај го KRS-One низ интерметцов, ќе ти објасни све шо како :)
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Почетоците на рапот а ..дур да напишам ..ама ќе се потрудам
епа вака ..
Хип - Хопот ги има своите почетоци од 70тите години на 20ти век. Бил од многумина оспоруван...во почетокот хип - хопот претставувал само една локална скулптура која што со текот на времето прераснува во светско движење (и самите сме сведоци :) )
Нејзините корени лежат во афроамериканските и во латино заедниците во Њујорк, односно во неговите квартови Бронкс и Квинсбриџ.
Африканските традиции имаат огромно влијание за оформувањето на овој културен правец. Покрај нив големо влијание за создавањето на хип хопот имаат и фанкот, соулот и блузот, денсхолот како и даб стилот на музика, кој потекнува од Јамајка. Во тој стил, како поджанр се наоѓа и реге музиката, којашто исто така ќе влијае на дооформувањето на хип хопот.
Забавите што ги правел DJ Kool Herc во Бронкс помогнале во зачетокот на новата музика. Тој, потоа Grandmaster Flash, Afrika Bambaataa и другите DJ-и придонесле музиката што ја пуштале да се оздвои во посебен жанр. Е сеа овие, забележувајќи дека публикава најмногу реагира на ритамот го изолираат само него од целава песна.
е со времето хип хопот прераснува во посебна култура која во себе содржи 4 основни елементи: MC, Dj, Графити и b-boy, а и битбоксот се сретнува во овие елементи ..
Е сеа KRS - ONE наведува 9 елементи, што значи дека покрај овие 5 важни се и уште : уличната мода, уличниот јазик, уличното знаење и уличниот бизнис ..
тоа е ..
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Хип-хопот влечи корени од самото постоење на африканските племиња, до носењето во Америка како робови и до 11 Август 1973 кога започнува првата хип-хоп забава со Kool DJ Herc.... рап музиката влечи корени од примитивните африкански култни песни кога еден тропал на затегната кожа, друг рецитирал стихови на кои сите се восхитувале, а додека трети, играле култен танц околу огнот. За време кога биле носени како робови во Америка, тие се собирале во круг, сите држеле ритам со удирање на рацете и неизменично пееле стихови за тешкиот живот. Кога ќе ги искомбинираш овие две работи, рецитирање стихови со кои нудиш чуство на восхит кај другите и пеење социјални стихови, ја добиваш вистинската слика на рап музиката. Се разбира, рап музиката е само елемент на хип-хоп културата, но тој елемент е најважен за денешната слава на оваа култура. Со текот на годините музиката и културата примаат инфлуенци од сите страни, така да, денес е многу поразлично од она што некогаш била. Најнормално дека промените се потребни за се што постои, но мислам дека овие промени ја изместија насоката кон првичната цел на хип-хоп културата. За тоа сме сведоци сите... поимот хип-хоп денес е синоним за мафија, криминал, наркоманија. За музиката да не правиме муабет. Кога и да се спомни рап сите мрштат фаци како демек тоа не е музика.... и да ви кажам до некаде се согласувам со нив. Почнувајќи од Јован Јованов, завршувајќи со бедните нафурани осмооделенци гангстери. Да не го тупам. Finally, мислам дека тоа погоре што го пишав за хип-хопот и рап музиката ќе ти биде од корист
http://forum.kajgana.member.php?35776-Finally
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Е сеа рапот си се дели на 2 најважни периоди ..
едниот е old school(1970 - 1986), а другиот е таканаречен „златни години“ ( 1986 - 1993)
доколку па годините по 1993 се сметаат за години на модерниот рап звук, а по 1999 настапува ерата на комерцијалниот рап :)
Е сеа кога зборуваме за почетоците на хип хопот, па се до 80тите години ..поточно 1986, тука се Grandmaster Flash & the Fourious Five, afrika Bambaataa, Run DMC, Kurtis Blow и други. Ова е периодот кога хип - хопот сеуште ја бара формата на изразување, внесува новитети и така ја создава основата на овој жанр.
Е сеа следуваат „златните години“ од 1986 до 1993, кога во таа временска рамка се појавуваат и функционираат неколку групи, коишто денес претставуваат класика во рапот. Run DMC продолжуваат со работата, се појавуваат Public Enemy, Juicy Crew и Boggie Down Production, NWA, LL Cool J, како и зачетникот на гангстерскиот рап Kool G Rap.
Периодот од 1993 година па се до денешни дни може да се означи како модерен рап, иако веќе во 1999 се зборува и за комерцијален рап . Сепак, да зборнам малце за рапов од раните 90ти, продолжувајќи и во новиот милениум. Тука се вбројуваат : Nas, Wu - Tang Clan, 2 Pac, Notorious B.I.G итн. Е сеа во овој период хип хопот достигнува наголем успех ,извржува најголемо влијание ..но за несреќа губи и некои од своите најважни претставници а тоа е 2 Pac, Notorious B.I.G, Bug Pun ..загинуваат во престрелки или умираат поради некојси други причини.
И со текот на времето, во новиот милениум најголем успех имаат Еминем, 50 Cent ...па останува да видиме што ќе се случува со културава ...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не се мачејте.
Му пратив доволно за Макрап и светскирап историјат по ПП уште истиот ден на членот.

:)

П.С.

Повеќе има влијание од регетон одколку од Африканските песни и танцување при ритуалите.
Да не забораваме и на џезот, фанкот и соул музиката (која е највлијателна).
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Дечки фала ви на сите за помошта.:smir:
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
епа незнаевме дека си пратил :) сепак, мислам дека помошта беше добредојдена :)
нема проблем Фајнали ..за тоа е и форумот :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Хип Хоп културата во Македонија ???? Молам?



Јас колку што знам 1 Април помина. Некој касни со шегата?
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
134
Поени од реакции
1
Вашето мислење,оценка ?
Инаку дечките се од Куманово,Тајз настапуваше на фешта заедно со Скипи,DJ Spejko е диџеј во кумановски клуб Линка има настапувано и по скопје..Според мене ова е една од подобрите хип-хоп траки во нашава Македонија..
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Jas se izvinuvam ako spamiram .. + se izvinuvam za premnogu grubata pesna ... sepak nova mi e pesnickata i bi sakal da ja cuete. Nekonvencionalen rap ..

 

Kajgana Shop

На врв Bottom