Предупредување: ова важи за сите хипхоп/рап создавачи.
Дис или не дис, мислам дека е време нашите „рапери“ да создадат нешто што ќе биде музикално и ќе има интелигентна идеја. Досадни се веќе со тоа нивното замарање меѓусебно. Те дис ваму, те дис онаму.
Аман веќе. Дај слушнете нешто ново, прочитајте поезија, слушнете песни од добри метал бендови (како пример, секако. Немаат само метал бендови добри текстови, нормално) кои склопиле генијални текстови (еве, Dream Theater или Anathema ми доаѓаат веднаш при ум) и музични подлоги. Слушнете drum and bass, breakbeat, dub, dubstep, downtempo, trance, techno, класика и сите други жанрови (па дури и Glitch, IDM, Noise итн.), инспирирајте се, направете некоја посложена инструменталка од 15 секунди ритам и 2-3 ноти. И ќе правиме муабет за уметност.
Се` дотогаш, ќе ги сметам (а и сета интелигентна музичка критичка јавност) за беспотребно напнати и напорни некреативци и имитатори. За некреативци објаснив, а за имитатори, мислам на имитирањето на американскиот хипхоп кој, иако е потекло и почеток на хипхопот, веќе не е свежа идеја ниту нешто интересно што треба да се копира ad infinitum. Дајте напрајте нешто ново. Џабе се фурате на „рапот е најдобар“ и „оваа музика е паметна и не ја разбираш ти“ стихови, кога не е така. Тапа е рапот, каков што е моментално. Многу тапа. Да повторам, ова важи за сите, а не само за Легијата, секако.