Ајде еден necromancy да удрам....
Темава сум ја отворил 2013год. кога и го продадов имотот....
4 години подоцна дојде време да го земам тој кредит од 6000€ за да доплатам стан во градба кој е во финална фаза и инвестирот напина да си ги доземе парите.
Имено бев во НЛБ денес.
Разговаравме за Виолетов Потрошувачки кредит со износ од 370.000ден. и рок на отплата 96месеци односно 8 години колку што е и максимумот. Порано беше 10 години сега намалиле....
Е месечна рата испаѓа 5200ден. Месечните примања ми се кнап... Повеќе не можам да подигнам. со тоа што ќе идам на Договор на Нотар со солемнизација... Не можам да бркам луѓе за жиранти.
Прашањата ми се малку глупи пошто првпат се задолжувам и незнам на кој принцип оди сето тоа:
Како се движат каматите, дали ќе останам на тие 5200 месечно или ќе иде нагоре? 7.9% ќе биде фиксно за сите години или не? Пошто ме пишманат викаат голема била каматата другите банки давале 6% Е арно 6 ама тоа е фиксна за првата година а после е нели како иде тоа со пресметка по CBT%... НЛБ некако сватив ко да нуди фиксен % или се лажам?!?
За 3 месеци треба да продадам поситен имот и да добијам 2000€. Тој износ ќе го уплаќам во кредитот да го намалам. Што ќе се деси со каматата нешто ќе се пребие и дали воопшто можам да им уплатам толкав износ како повраток?
Ќе пингувам
@Branchez и
@pLaToOn како вака ептен компетентни во темава.
Благодарам.