Хиперживот

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Македонската телевизија ќе снима серија од 120 епизоди

Македонската радио-телевизија најавува снимање на серијата „Хиперживот“. Проектот ќе содржи 120 епизоди, а на програмата ќе се најде од септември. Станува збор за драмска серија во која ќе играат познати актери, но оставен е простор за влез на нови ликови, како популарни ѕвезди од естрадата, личности од политиката и од јавниот живот. Во серијата ќе се обработуваат комични, романтични и секојдневни ситуации, а ќе ја обележат ликови што ги играат уметници со дозиран психолошки набој.

- Кастингот за дел од ликовите ќе се одвива пред камерите на МТВ, како посебен прилог пред вториот ТВ-дневник и уште двапати во денот. Со ова, на гледачите им се дава можност да учествуваат во кастингот со писмени обраќања, а и со директни јавувања, што ќе претставува загревање на публиката за следење на серијата „Хиперживот“ - велат од МТВ.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3D3F62EE39D52C42A91878E0A8C67B28

* * * * *

Ова е конечно добра вест за заживување на нашата продукција, Сител и Идеа Плус веќе снимија своја серија по Европски стандарди која ќе се емитува исто така од есен, па конечно по долго време, во ист период ќе следиме две наши нови серии. :)
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
КОНЕЧНО хехехе. Добро е ова го подржувам. Само се надевам ќе направат нешто интересно. Во МТВ се професионалци и се надевам дека ќе излезе нешто добро :D
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
ЕЕе ова е добро. Се надевам дека ќе биде интересно со оглед на тоа што го пратам нашиот тетар и имаме предобри глумци! :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom